@Olgitsa не си воопшто должна ни крива за дебатата(иаку немаше некоја дебата) едноставно не беше според мене точен коментарот дека афро-американците не се добри глумци, Дека го тераат тоа црнечко лоби го тераат, оправдано не би рекла баш. За оваа година ете ja Селма, подобра приказна за правата на црнците од Мартин Лутер Кинг нема. Башка лани зема оскар 12 години роб, иаку според мене е просечен филм но ајде каде каде беше подобар од Гравитација, така да помило ми е што он зема. Селма е одличен филм, штета што навистина не доби номинација за главна машка улога.Ама има доста конкуренција во таа категорија, какно и секогаш. Ма да малку сум разочарана оваа година, доста просечни и испод просечни филмови номинирани.. Лани имаше каде каде подобар избор. Уште не сум ги изгледала ни половина, ма да освен 2 или 3 другите воопшто не ми се допаѓаат ни од трејлерите.
Леле, ништо чудно. Гледам немаат обележано во програмата, имаат други работи на репертоар. И кај никоја друга телевизија не успеав да најдам, зар е можно ?!
Јас сепак мислам дека пренос нема да има, нека ме поправи некој ако не е точно. Ептен ми е жал што одамна се спремав да гледам. Незнам само live streaming од каде ќе има..
ТВ Сител ексклузивно ќе го пренесува 87-то доделување на филмските награди Оскар вo недела, 22-ри февруари 2015. Да не дојде до забуна...Овде убаво си пишува 22 Февруари
Јас не сум видела погоре што си пишала.Значи Оскарите ќе бидат на 22 февруари,не знам во колку часот по нивно време,а не денес. Според тоа,она на Сител ќе биде во живо. Лани пример беа мислам од 23 часот до 6 30 сабајле,цела вечер.
@Marossa Дали тоа значи дека ќе треба да ја трпиме Миланка цела вечер? Или некој друг ќе ги коментира годинава?
Да те прашам, пошто утнав за малце да не знаеш дали може негде да се гледаат Греми наградите целиот настан на интернет? Или па евентуално на телевизија да не ги даваат реприза некоја.. ? Онтопик. Ги немам гледано филмовиве што се номинирани... но се чудам, зар Интерстелар не спаѓа во Најдобар филм?????
@Name Еве овде ги имаш,мислам дека е целиот настан http://g2g.fm/forum/showthread.php?...y-Awards-1080p-HDTV-Download-Online-Streaming
Искрено не верувам дека кај нас ќе пуштат некоја снимка, барем јас немам начекано. Евентуално по торентите да побараш можеби има негде
Оскарите почнуваат во 5и30 според вест коуст тајм, т.е во 8и30 според ист кост т.е преведено кај нас во 1и30 ќе почне преносот. Карпетот, т.е модната писта е секогаш барем саат ипол до 2, значи од 11и30-12 кај нас ќе почнат да ги даваат. Пак на Шител, ама не се бунам барем некој ги пренесува. Додуша секако онлајн стрим не ни бега на сите нас, Миланкица пак ќе не удави.