Фустанот на Ј Lo е убав, т.е. таа е убава во него, ама не ми се допаѓа како е нашминкана. Таа розе сенка околу очите воопшто не ми се допадна. Дакота ми е ептен фаца гревче, нема никаков сексапил. И гледам многу со минималистичка сандала со едно ремче, од кога ја фураше таа сандала @Moira во Модни критики, ехее. Јас ептен блиц гледам, ама од тоа што го видов не ми се допадна некој фустан т.е. стајлинг посебно.
Добра изведба на песничето. Бојхуд вака споен да си мисли човек којзнае колку интересен е, а не само уште едно америчко сра*е.
Имитацијата е најдобар,си има и приказна и феноменална гкума,одлично склопен. Стварно многу сакам да земе Оскар,многу многу. ..
Леле Кери Вашингтон исто се движи ко во Скандал. Шегиве не се баш на ниво, публикава колку ради реда се смее. Малку изнасилено годинава. Очекував подобра работа од Нил Патрик.
Леле женана од докуто за ветерани како маскота со шалчено. И јас сеуште во исчекуавње Нил Патрик да светне На Ваола Дејвис убаво и стои фустанов....ми се допаѓа
Палтроу е скоро секогаш елегантна, и годинава многу нежна, ама секога,секогаш толку одбивна и одвратна, не знам како може некој да ми биде толку одвратен. Се согласувам дека малку хуморот не му е тоа тоа на Нил, ама има време до 6 има да се опушти ептен Само да не пуштаат балади ќе ме утепаат ќе заспијам
Јас се мислам да се пакувам накај 4ри. Некако ми се досадни, ми се приспа. Into the wood ми е најпромашен мјузикл. Многу некако тапа филмови годинава.
Се соблече Нил бе, по гшти. Лудак Ќе ме утепаат небитниве категории... Кај е бе Анѓа луѓе, не се оскари без неа и мажето и, срамота. Многу ми се допаѓаат коментирите на хрватов, се гледа дека стварно прати оскари со години и гледал номинирани. Скоро со се се согласувам што кажа.
Не знам што толку направи Патриша Аркет. Не ни заплака ко што треба, истата отсутна фаца е секогаш. Нема никаква разлика од Медиум глумата, кажав мислам и за филмот кога пишував. Не сакам она да земе во никој случај. Нормално.
Уште се загрева Нил,рано е Како му рече на Мајлс:Not my tempo Инаку овој Into the woods е прав промашај. А Оскарот на Патриша за мене незаслужен,ужасно антипатична глумица.
Очекувано, 2 погодени. Мене ми е допадна она, што знам океј ја изнесе улогата. Па и немаше некоја конкуренција, Мерил Стрип беше многу бледа во оваа улога, и филмот е тешка катастрофа. Јас имам проблем со Брдмен поише дури и од Бојхуд. Ужасно несфатлив филм ми е, претенциозен до плафон. Бољи Whiplash да земе оскар или Тероијата да земат оскар за најдобар филм, каде каде поинтересни филмови ми се.
Мене Патриша во Медиум на пример ми е добра, ама тука нема ништо различно, нема никаква глума за да го заслужи оскарот. Освен фактот дека 12 години ја играла улогава. Дури не се ни приметува ништо, освен стајлингот, нема никаква разлика.
Филмов влегува во историјата, прв таков потег на снимање на филм долж 12 години. Тоа е тоа се кажува, а има нешто ново, невидено до сега они го прогласуваат за брилијантно. Али различно мислење за Аркет еве, не е она најголемиот промашај вечерва, мислам дека ќе има бетер. Осеќам тоа ќе биде со главен актер и филм.