Mad Max постои колку Лео да има конкуренцијаНа живац ми иде насловотСе знае сега дека главни победници ќе бидат на вечерта...Ама надежта последа умира барем за најдобар актер
Ауу ништо од споредна машка улога.:/@, ова е невидено.. Искрено, Том мислам дека требаше да го земе оскарот..ама ај, како тргнале овие со доделувањава.. Имам уште надеж за Лео
Ии сега можам мирно и спокојно да заминам на училиште.Лео освои Оскар,конечно!Вредеше дремењето пред тв 6 часа. На вас останатите лека ви ноќ, спијте и за мене.
Доста неизвесни оскари, иако Лудиот Макс триумфираше во техничките категории сепак не успеа да добие ниту еден позначаен оскар во останатите престижни категории. Леонардо конечно го освои долгоочекуваниот оскар, тоа е доказ, потврда, валоризација за се што има постигнато, дадено во неговата досегашна плодна, успешна актерска кариера, можеби не е најдобар но сепак му парира подеднакво добро на сите негови конкуренти во категоријата најдобар актер Бри Ларсон како што и претходно напишав сигурен бев дека го добива оскарот за најдобра актерка, маестрален перформанс, неверојатен талент, одлична изведба, сосема заслужена награда. Алиша Викандер заслужено го доби оскарот за нејзиниот извонреден перформанс во филмот на Том Хупер Данска Девојка, оваа година е доста плодна за неа имаше исто така одличен перформанс и во филмот Ex Machina (2015) Големо но пријатно изненадување беше доделувањето на оскарот за споредна машка улога, неочекувано но оскарот навистина замина во вистинските раце, сметам дека Марк Рејленс заслужено го освои оскарот за својот маестрален перформанс во филмот на одличниот, феноменалниот Стивен Спилгерг Инариту малку неочекувано, по втор пат редоследно го добива оскарот за најдобра режија, после минатогодишниот оскар за Човек Птица ова му е втора статуетка со која ги потврдува своите извонрендни квалитети кои ги поседува. Најповеќе се радувам за оскарот на маестро Мориконе, кој после толку напорна работа, го доби тоа што го заслужи, овој неверојатен композитор на музика е еден од најдобрите во својата област и конечно се валоризира, се потврди неговата работа, неговиот труд, неговата љубов кон музиката, талентот кој го поседува. Најповеќе ме допре, ми остави впечаток - настапот, изведбата на песната на Лејди Гага, многу моќен, силен, длабоко емотивен перформанс, песна - изведба која остава длабок траг и никого не остава рамнодушен, требаше да го добие оскарот за најдобра песна. Спотлајт потпоно заслужено го освои оскарот за најдобар филм, тоа е филм кој испраќа многу силна и моќна порака.
Браво за Лео, се радував многу и говорот му беше супер. Лудиот Макс зеде бајаги оскари,ама не беа од тие поважните,повеќе од технички аспект. Женска споредна исто тотално заслужена од Алиса,феноменална актерка.Машка споредна малку ме изненади,ама во ред беше. Најмногу се израдував за Spotlight,фаворит и навистина моќен филм,фала богу еднаш ми ги погодија сите награди
Мене ме интересира следното ... дали Лео го користеше говорот спремен од неколку години наназад или овај нов му е? Како и да е, јас не го гледав цело, имам навика кога загледам нешто навечер да заспијам по максимум 15-20 минути. Ама сериозно, конечно и Лео доби оскар, доста е за мајтапите
Модата ич не сте ја прокоментирале . Мене не ме импресионираа и како што очекував Кејт Бланшет брилјираше, секоја година жената држи до себе во изгледот за една ваква манифестација, елегантна, без замерка. Шарлиз Терон одлична исто така. Другите слабо. Рејчел МекАдамс ептен негативно ме изненади со нејзиниот шлиц и без врска модел на фустан. Со наградите сум задоволна горе долу, заслужени оскари. Леонардо имал многу подобри изданија, според мене ја погрешија годината за да му доделат оскар...Во Големиот Гетсби мене ми е ненадминлив, на пример. Ама како и да е, нека му е честито, навистина е глумец со плодна кариера. И то, чинам се кажав што мислев.
Единствено што не се согласувам е со најдобра оригинална песна. Мислам дека The Weekend го заслужуваше тој Оскар. Песната на Сем беше добра, но реално, не подобра од Skyfall-от на Адел, а многу ми е мило покрај очигледно за Лео (што патем жално е што после толку време, кога Оскар требаше да му доделат за Титаник), туку мило ми е и за најдобра споредна актерка што доби Алиша Викандер, беше одлична во брилијантната Danish girl. Во однос на модата, утки беа (дефинитивно беше) Винслет, Кери Вашингтон, Хана Бегшо, Емили Блант, Шарлот Рамплинг, Хајди Клум, a и Џенифер Лоренс не беше нешто посебна.