Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оскари 2019

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Mishela, 24 јануари 2019.

?

Кој филм ја одбележи годината? Оскарот за Best Picture би требало да оди кај:

Анкетата е затворена на 26 февруари 2019.
  1. Black Panther

    6 глас(а)
    6,7%
  2. BlacKkKlansman

    0 глас(а)
    0,0%
  3. Bohemian Rhapsody

    52 глас(а)
    58,4%
  4. The Favourite

    1 глас(а)
    1,1%
  5. Green Book

    11 глас(а)
    12,4%
  6. Roma

    3 глас(а)
    3,4%
  7. A Star Is Born

    16 глас(а)
    18,0%
  8. Vice

    0 глас(а)
    0,0%
  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    29.326
    Пол:
    Женски
    Јас го изгледав A star is born, и еве најискрено не бев толкуууу воодушевена колку што очекував според сите коментари. На моменти ми беше малкуцка досаден, ама сепак можам да кажам дека е навистина солиден кандидат за Оскар, емотивен филм што ќе те допре, со убаво музиче. Бредли Купер и Лејди Гага ми немаа толку хемија, ама глумат неверојатно добро. Shallow фејв песна од цел филм :D

    На листа за гледање ми се и Green book, The favorite, Black panther и BlacKkKlansman ако успеам да им најдам добра снимка. Roma и Vice не планирам да ги гледам, едноставно не сакам слободното време да го трошам на гледање филм со сила. Можеби се навистина добри филмови, ама не ми беа допадливи од трејлерите.

    Од цртаните го изгледав Ralph breaks the internet, и добар е, не толку добар како првиот ама мислам дека има шанси за победа. Планирам да ги погледнам и Incredibles 2 и Mirai, а другите два не ме привлекуваат некако.
     
    На Rose96, boomsleng и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    3.142
    Фаворит ми е Green book. Сакам хумани филмови, овој најмногу ми се допадна ко целокупен пакет.

    Бохемиан вреди ради глумата на Малек и тоа што ја приближува музиката на Квин до поновите генерации, инаку ко филм, просек.
    A star is born не знае кај тера. Рома, малце подобро од претходниов, сепак не бев нешто заинтересирана дур го гледав. Фаворитот и Вајс ми беа најлоши.
    Црнциве не ми се гледани, не планирам искрено. Едниов сакаа во посебна категорија да го пикнат, откога не им успеа, во најдобар филм го лупнаа.

    Не ми текнува кога последно тепал добар филм на Оскариве. Затоа, типувам на Рома или на првенчето на Купер.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Заебете статуетки и кажете дали Бредли ќе ја остави Ирина за Гага, сега кога официјално изјавија дека ја раскинала свршувачката со Карино.:wasntme: :lol: Навивам заедно да се појават на црвениот тепих.
     
    На boomsleng, Oxymoron и Ketchup им се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.420
    Не знаев. Гага да не си прави колекција на веренички прстени? Таман ќе се вери, гледаш раскинале. Јас ептен бев за Тејлор и неа, ама ништо. :lol:
    Не сум прочитал за ситуацијава со Бредли, ама не би биле лош пар.
     
    На boomsleng, Oxymoron и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.
  5. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    Vice, A star is born и Black panther сосема незаслужено се номинирани за оскар. Убави филмови освен првиот, ама само толку убави, ништо посебни, нити па моќни за да заслужат Оскар. Како и многу други филмови кои излегуваат во текот на годината.Посебно Блек пантер...

    Бохемиан рапсоди одличен, Реми Малек брилијантен во улогата, навивам за нив, ептен ке ми е кеф да победат.

    Лејди Гага номинирана за најдобра женска улога? По кој критериум стварно не ми е јасно. Во категорија со толку добри актерки, номинирале пејачка со ок глума. Глумата и е добра, но ништо посебно за да е воопшто номинирана, не па да победи.

    Мислам дека за најдобар филм ке земат Roma, Green book ili Bohemian rapshody.
     
    На boomsleng и JuLleE им се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.420
    Дечки, а каде ќе го следите шоуто?
    Не сум видел дали на Сител дале реклама, ако не да барам стрим.
     
  7. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    v kladilnica
     
  8. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    26.927
    На Телма јас видов преска реклама :D
     
    На boomsleng, oblace1 и Ketchup им се допаѓа ова.
  9. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Направете си услуга и гледајте на HRT. :lol:
     
    На oblace1 и Ketchup им се допаѓа ова.
  10. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Знам дека ме нема на форумов, ама некако не можам а да не си пишам за Оскариве. Ко и секоја година гледам се да ми биди изгледано за да можам нокти да гризам вечер хаха. Искрено годинава имаше океј филмчиња. Се ме бендиса освен A Star is Born, кој ми е дефинитивно префорсиран филм годинава. Мислам, океј филмче е, музиката е добра ама валјда тоа и се очекува од Лејди Гага нели, ама да ја номинираш за Оскар за оној млак перформанс ми е глупост, али ај. Исто Vice ми беше онака, не многу лош филм, на моменти хаотичен иако морам да кажам дека глумата на Кристијан ми беше одлична, тука немам замерка.
    The Favourite и Green Book ме освоија. Секој на свој начин. Првиов ми беше толку забавен и интересен, од музика, сценографија, костимографија и глума, се ми е одлично. Оливија ме воодушеви, но не ме изненади. Интересно ми беше што секоја од актерките ја долови секоја емоција на предобар начин. Сакам вакви филмчиња, со средновековни сплетки и морам да кажам дека овој се издвојува од сите такви. За вториот филм шо да кажам, ептен топло филмче, ми се допадна, многу. Начинот на кој е раскажана приказната, a и самата приказна која е вистински настан ме плени. Глумата е одлична.
    Рапсодијата, три пати ми е гледан. Првио пат си се отепав плачење на кино. Значи каква емоција ми побуди, тоа страшно. Прво затоа шо ги обожавам Queen и нивната музика, второ затоа шо го обожавам ликот на Фреди. Во филмови се ми беше доловено одлично, со исклучок на некои временски неусогласувања, но морам да признаам ни тоа не ми сметаше, ни малку. Се на се одличен филм, глумата на Рами предобра, за музиката кажав, немам зборови.
    И за крај Roma. Добро филмче, го изгледав последно. Солидна приказна и глума. Кинематографијата ми беше мене предобра во филмов, затоа и си го сакам режисеров, добар е во тоа шо го прави.
    Black Panther не го коентирам, нема шо да бара тој тука. Сакам филмови со суперхрои, добар беше, ама не му е местото во Оскарите, искрено.
    На кратко и за наградиве да пишам ш мислам и како.

    Best Picture.
    Тука многу сакам The Favourite да го земи оскарот. Ме освои филмов и дефинитивно ми е еден од најдобрите што сум ги изгледала во последно време. Шанса му давам и на Green Book. Ама сепак мислам дека Roma го зема оскарот тука.

    Best Actor
    Tука би рекла Maлек е без конкуренција. Си заслужува оскар за перформансот, иако не го отпишувам ни Бејл јас.

    Best Actress
    Koлку и да сакам Оливија да земи оскар, сепак мислам дека Глен ќе си оди дома со статуетката. Одлична беше и таа додуша во The Wife и искрено таа го направи цел филм. А, и фактот дека ова и е седма номинација ме тера да мислам дека таа го зема.

    Best Supporting Actor
    Тука Mahershala Ali ми е без конкуренција.

    Best Supporting Actress
    Tука исто, колку и да сакам Ема или Рејчел да го земат Оскарот бидејќи и двете беа маестрални во улогите, сепак мислам дека тој оди кај Regina King.

    Toa e на "картко" :lol: моето мислење за Оскариве годинава. Баш ме интересира како ќе биде без официјален хоуст, се надевам нема да усерат. А и да, среќна сум шо нема да морам да ја слушам Миланката.
    Поздрав луѓенца :hai:
     
    На boomsleng, sweet-cherry, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. TheGoldenPeach

    TheGoldenPeach Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    3.778
    Пол:
    Женски
    @Vikica.cuci
    Отприлика исто типуваме за повеќето категории, освен шо во Best Picture, (ако веќе не земе Бохемиан), предност давам на Green Book одошто The favourite, ма да ме радува што има уште некој овде кој добил одличен впечаток од вториов. Иако се уште верувам дека Roma ќе земе овде, се надевам дека грешам.

    Не знам зошто годинава ги скокнав анимираниве и сеуште ниеден немам одгледано од таа категорија. Уште ме држи Coco од лани, убедена сум дека никој годинава нема да го надмине па не сакав да се разочарам. :D
     
    На boomsleng и Vikica.cuci им се допаѓа ова.
  12. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.420
    HRT има ли некаде онлајн да ја гледаш? На maxtv.mk има македонски канали и најпросто ми е таму да си пуштам, плус страната никогаш не ми правела проблем. Јас би барал скроз без никој да збори во позадина, но некогаш лајв стримовите знаат да сецкаат, да се губат итн...

    Јас и после другите изгледани филмови, сѐ уште сум за Bohemian Rhapsody. По него ми е Green Book. Толку. Само тие два ми беа целосни пакети, другиве или не ме импресионираа баш, или им фалеше нешто.
     
    На boomsleng и TheGoldenPeach им се допаѓа ова.
  13. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Е поима немам, побарај. Сигурно ќе се најде линк. Јас ја фаќам преку Телекабел.
     
    На boomsleng и Ketchup им се допаѓа ова.
  14. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Само на HRT ли ќе ги емитуваат оскариве или на некоја наша програма ќе има ?
     
  15. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.587
    Пол:
    Женски
    Би требало на сител
     
  16. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    На boomsleng, Oxymoron, Harper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    На Телма
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Не знам кој е, ама идол ми е.

    20190225_003954.jpg
     
    На boomsleng, lovestoneddd, Oxymoron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    Не знаеш кој е, а идол ти е? Зошто? Треба да има многу повеќе од сукња за да е некој нечиј идол.
     
    Последна измена: 25 февруари 2019
    На Bitter-Sweet и Selest им се допаѓа ова.
  20. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Figure of speech. Не кењајте одма. |(
     
    На boomsleng, sweet-cherry, Oxymoron и 4 други им се допаѓа ова.