Емилија Кларк е преубава. А и на Миланка изгледа и течат лиги по Џејсон Момоа, со душа го чека, го уби од зборење. Јас ќе чекам да ги видам Лејди Гага и Бредли како ќе отпеат (навивам песната да земе Оскар), да видам уште некоја лепотица и ќе си легнам, имам многу обврски и ептен ми се спие. Дадоа кадар од Џејмс МекАвој, заплакнав очи и може мирно да спијам. Реми и Боемска Рапсодија нека растурат.
Wow. Годинава не беше нешто посебно интересно, дека без водител, не ни имаше хумор ко изминатите години. Мислам дека Black Panther зема премногу награди, ама битно во најважниве не замеша прсти. Премногу ми е мило за Рами и за Гага. Кога Гага го зема оскарот, рацеве ми трепереа од радост, а на говорот на Реми, малку ми фалеше на крај кога се обрати на Луси и ја дадоа неа пред плачење. И Оливија е срцка и сосема заслужено. Очекував Bohemian Rhapsody и главната награда да ја понесе, но и за Green Book не ми е криво. Епик ми беше моментот кога земаа оскарот оние со филмот за менструација. Fashion Police - утре.
Јас позадоволна од исходот на Оскарите никогаш не сум била. Речиси и да немаше изненадувања освен можеби малку последното кое е баш позитивно. Мило ми е што погрешив за Рома во главната категорија и уште помило за Green Book што си ја зеде наградата. Сосема заслужено. Во женската категорија типував на Глен, но и Оливија и те како го заслужуваше оскарот. За Shallow се прерадував, а Рами ми беше хајлајт на вечерта, душата ми се исполни. Сега можам мирно и задоволно да си легнам. П.С. Се согласувам со @Ketchup, ми фалеше и мене водител да ја оживее атмосферата со малку повеќе хумор.
Сосема заслужени Оскари. Оливија Колман и Реми Малек, во вистински раце отидоа оскарите и двајцата беа брилијантни во улогите. Навивав за нив и ептен се израдував кога победија. Многу ми е мило што Бохемиан рапсоди победи во секоја категорија во која беше номиниран филмот. Посакував и за најдобар филм да земе, но и Грин Бук заслужено си отиде со оскар. Лејди Гага прекрасна, заслужено си отиде со оскар за песна. Отварањето беше фантастично со Квин, спектакуларно. Се на се прекрасни оскари.
Од година до година, од оскар до оскар, мене жениве ми се бетер и побетер облечени....како на маскенбал да ке одат???
Едвај чекав да дојде време за оскарите, за Рами Малик да добие награда. Јас толку импресионирана од филм како Бохемиан рапсоди не сум била не паметам од кога. Филмот ми е врв, а Рами на највисоко ниво на улогата. Го обожавам најмногу . Од кога го изгледав филмот цел месец само Фреди Меркјури го слушав. Мило ми е за Лејди Гага се гледа оти оваа улогата во филмот премногу и значи. Иако е веќе изреализирана и популарна сепак се има дадено многу за филмот, и заслужено доби награда за песна а можеби требаше за најдобра женска улога да добие.
Пантерот заслужи повеќе награди од тоа што доби, но тоа е кога игра политиката насекаде и добиваат некои што воопшто не заслужиле. Иначе кој беше водителот на настанов? Бидејќи јас не го приметив... Рами Малек машната не знаеше да си ја намести, а каму ли награда да добие. Незаслужена. Имаше многу добро облечени, а исто толку и неубаво облечени. Ми се допадна стајлингот на Џејсон Момоа (или Мома, како што водителката на Телма си го вика), а најружен стајлинг беше Фарел Вилијамс, како и секогаш. Не знам него како го пуштаат така облечен да излезе од дома.
Не бев многу во тек годинава, само A Star Is Born и Bohemian Rhapsody ги гледав. Ептен ми е мило за оскарите на Bohemian Rhapsody, особено за Рами Малек, ми остави впечаток уште во Mr. Robot, огромен талент е. A Star Is Born баш и не ми ги исполни (големите) очекувања во поглед на приказната, ама саундтракот е толку емотивен и совршен (сосема заслужено за Shallow), а и хемијата меѓу Лејди Гага и Бредли Купер. Рaми и Луси ми беа преслатки, а и Гага со Бредли изгледаа прекрасно... ептен се срцки, на настапот очи не тргнаа еден од друг. И секако фустанот на Били Портер , ова meme ми е омилено за него :