Ох, штета, барем еден заслужувавме. И јас разочарана годинава од церемонијата, покатастрофа оскари не памтам. Два три пати ако се насмеав, креативност под нулата.
Баш ми е жал. Мислев дека една категорија ќе ја добиеме, ама тоа е тоа, да сме живи и здрави, за едно 20 години пак вака сите заедно. Не се сеќавам да била волку активна темата изминативе години. Седете уште саат и пол.
Ах не знам. Ако го слушнам алармот ќе частам. А тоа што сакам Били да ја гледам е друг проблем. Ѕвезда на вечерта ќе им биде изгледа, а јас сум пред капитулација.
Абе тој заслужено си ги реди наградите, преуникатен филм, туку документарец шо не зедовме си пукнав, да се плукнам у пристрасноста на американците.
Мене ми беше феноменален и од почеток знаев дека немаме шанси во борба со него. Ама кога му дадоа во друга категорија се понадевав дека во оваа нас ќе ни дадат, али ништо. Позитивен бев за најдобар документарец, али и тоа ништо...
Де бе па ти, види ја се внесе. Кучешка тенија, глисти да фатат. Ама добар им е филмот на жутите, знам дека отеков ама тоа е, преголем фаворит беше. И навистина вреди да се потрошат 2 саати за него. Одлична приказна. Нашиов беше најуникатен сепак. И многу ми е криво што вака пројде.
И јас типував за другава категорија бар да се закитиме со некоја награда. Ништо повеќе среќа идуќи пут. Јас ве напуштам одвај и до сега додржав. Пријатна ноќ/рано утро
Пцуењето е пола здравје. Ајде развесели се, еве ја Бри. Друлинг, друлинг. Леле ајде ма Били, ќе те дочекам ли.
Мене очиве по Бри Ларсон ми отекоа, совршена. Не да се изнапцував. Толку потајно во себе се надевав на оскарот за документарец, дури камера си наместив да ми ја сними реакцијата. Видеото завршува со да ви биип матер.