Искрено, не ми е криво за Parasite. Не е баш мој тип на филм, но дека е одличен, не можам да негирам. Единствено што не очекував пред да почне шоуто дека ќе ги земе сите побитни награди бидејќи повеќе фама се креваше околу 1917 и Joker. Глумицата што ја глуми мајката изгледаше одлично, мислам дека она ќе ми е мене во Топ 5, а Fashion Police, утре подетално. Општ впечаток, не ми е за ништо криво, освен за Honeyland. Прекрасен филм, пак ќе кажам дека заслужуваше бар еден оскар и дека не може да се спореди со Parasite на ниту еден начин за да се најдат во иста категорија. И на хрвативе ептен им беше криво за Honeyland, кој следеше на HRT знае дека од уста не нѐ извадија. И да, се надевам следната година дека ќе стават водител, бидејќи вака никој не може доволно да се загрее во тие три минути што ги има за да направи шоу.
Малку бев скептик дали ќе победи Parasite (беше мојот фаворит ), ама ме изненaдија овојпат со правичноста на доделените оскари. А не бев толку оптимист за „Медена земја“ како повеќемината што типуваа, со оглед на големата конкуреција реално, мали шанси имаше.
Синоќа го ислушав говорот на Феникс и се комирав, мислам со последни сили го слушав. Прекрасен говор, убедливо заслужен Оскар за одличната глума. Рене Зелвегер исто беше одлична во улогата, само со говорот како да го отупе. Она засекогаш ќе си остане Бриџит Џоунс за мене и не можам да преболам што не зела Оскар за таа култна улога. Најискрен и некако најмногу впечаток ми остави композиторката од Исланд, што зеде Оскар за музиката на Џокер. Многу беше срце и пак си ја пуштив да ја преслушам. За Паразит не можам да кажам дека не очекував, ги бива Корејците - кој следи нивни филмови знае дека се беспрекорни во приказната и ликовите. Малку ми е криво за 1917, ама па 3 Оскари не се воопшто малку. Паразит навистина вреди да се гледа, оваа година беше полна со убави филмови и не можам да издвојам еден фаворит без да ги спомнам другите. Значи, резиме: - 1917: 3 Оскари - Parasite: 4 - Joker: 2 - Once Upon a Time in Hollywood: 2 - Ford v Ferrari: 2 - Bombshell: 1 - Little Women: 1 - Jojo Rabbit: 1 - Marriage Story: 1 + документарецот на америте и Toy Story 4 за најдобри во соодветните категории, Елтон Џон со песната за Рокетмен. Додавајте ако нешто фали, ама мислам дека ги опфатив сите. Многу ми е криво за Медена Земја, заслужуваше Оскар за најдобар документарец, нашите беа прекрасни и колку се радуваа за победникот, души беа. Мене фацата да ми ја видевте во тој момент, сакав да се качам на сцената и да ги запалам сите на неа. Шоуто беше дно дна, догодина не би било лошо да поработат на тоа. Водител не знам дали фали, добро е вака, ама нешто недостасува и тоа нешто многу ја тепа целата атмосфера. Полош хумор не знам дали некогаш имало, се некои извештачени фори и обиди кои мене на пример ич не ми беа смешни. И настапите не беа нешто којзнае што, ама тоа веројатно дека немаше во игра некои песни кои би му се залепиле на човек за уво (како лани Лејди Гага и Бредли на пример). Гостите (Еминем и Били) беа супер секако. За крај, уште една слика од Натали Портман, со поддршка за другарките. И Бри Ларсон, мојата симпатија. Ич не сакам светки, ама толку убаво ѝ стои ова, што сфатив дека поубав фустан немаше. И овие двајца, бонбони. И така дечки, ај сега ставајте слики што/кого/како прошле на Fashion Police. Морам да редактирам за да го додадам ова, леле. Гифовите се закон. https://www.eonline.com/news/112132...GHmcQowZkPUwo4S4sASc5cRvDcwpO8OAQ9kbqbaso7pZ4
^ Циркузанти. Понекогаш мислам дека се натпреваруваат кој по ексцентричен ќе испадне на црвениот синтелон
Многу досадни оскари се на се. Се очекуваше дека Паразит ке земе за интернационален филм. Очекував Ханиленд да земе за документарец, релано највепчатлив беше од сите номинирани, но амерички филм во продукција на продуцентска куќа на Обамас и ете ти победа. Фустаните катастрофа, ниту еден не остави впечаток. Лоши фустани оваа година. Единствено жената на Антонио Бандерас и Шарлиз Тереон ми се допаднаа. За Хоакин Феникс се најмногу радувам, најзаслужено. Не еден, десет оскари треба да му дадат. Човекот е легендарен . Бред Пит и Леонардо Дикапро многу јаки и убави. Во овие години ми се бомб. Како помлади воопшто не ми се допаѓаа .
Секоја чест на изборот Се појави со неговата мајка Прекрасна е, изгледа безвременски, им парира на холивудскиве актерки на нејзина возраст
Знаете ли кога ќе се емитува реприза? Пребарував на интернет да не пишува некаде ама не можам да најдам
Вечер во 22.15 на Телма ќе има скратена верзија од оскаровските случувања, гледам околу 2часа ќе трае
За најдобро облечени би се сложил со Мишела. Како што кажав, многу ми се допадна и актерката од Parasite. Штета што нема целосна посебна слика од неа. Би сакал да ги прокоментирам и: Janelle Monáe Речиси секоја година носи не толку класични огромни фустани, кои почесто се утка, но годинава и не ми е така лоша. За време на говорот на Феникс, дадоа кадар кон публиката и само она се двоеше од сите. Zazie Beetz Истовремено classy и edgy. Фризурата многу добро искомбинирана во склоп со тоа што го носи. Без ресите во средина би ми била одлична. Charlize Theron Освен фустанот, сѐ е on point. Некако досадна креација. Giuliana Rancic Она ми е нешто слична ко Janelle, ниедна година нема да ја видите во нешто слично. Секогаш е експериментална, иако почесто е flop. Горниот дел на фустанот има потенцијал, но патентите и долниот дел прават да е малку too much. Фризурата и шминката ѝ се океј, само не ѝ треба толку спреј тен. Blac Chyna Кога ова би го облекла некоја друга, мислам дека би била една од подобрите комбинации таа вечер. Освен штиклите, ништо друго на неа не ми се поклопува со фустанот. Tamron Hall Ова ми се виде интересно. Penelope Cruz Фустанот на Пенелопи би бил предобар кога би ја немало прерамката околу врат и тој цвет. Цветот е исто така 00's детаљ кој не мислев дека пак ќе го видам некаде, ама ете... Генерално има доста симпатични креации годинава. Веројатно како што кажа некој поназад, нежната шминка речиси никому не прави да изгледа нападно, или премногу лошо. Од мажите навистина никој не ми остави впечаток. Јасно ми е дека на Оскари повеќето носат одела, но лани имаше некои интересни бои и аксесоари. Годинава сите беа младоженци.
Бри..се е ОК. Ама кога ќе видам ноџе во отворена сандала, па.сите прсти надвор, е неможам. Фустанот и е навистина складен, ама не ќе било лошо стопалата да ги ставела во нешто соодветно.
Според мене најдобро облечена. Единствено сандалите можела сребрени или со помалку ремени.. Ми фали шлиц на фустанов од Рене...
^ И мене Бри ми е една од најубавите синоќа, но сега ко и го видов до малото прсте Сега разгледував нешто од Vanity Fair забавата... Ким каде ваква распарталена Дали јас не ги разбирам креацииве или шо е работава, па толку без вкус како им се појавува не знам.
Мене двајцава ми се хајлајт на вечерта, посебно Taika Waititi и со говорот и општо со однесувањето, многу шармантно и precious човече Па и двајцава мали актери од филмот колку беа срцки и како му се израдува едново дете на Оскарот Јојо Rabbit ми беше фаворит и за најдобар филм од оние што ги изгледав, ме освои скроз филмов, прекрасна симболична приказна, еден сосема нетипичен поглед на Втората светска војна. Гледам слабо уопште сте го спомнале овде, па топло ви го препорачувам да го погледнете. Honeyland во категорија филм од неанглиско говорно подрачје не се ни надевав дека ќе победи покрај Parasite, огромен успех е самото тоа што како документарен филм ја доби и таа номинација. За другата за најдобар документарец се разочарав, посебно заради тоа кој филм уствари победи и евентуално политиката зад тоа, но сепак останува како големо достигнување и гордост за нас во областа на уметноста Parasite не очекував баш да добие и Best Picture, но сепак заслужено испишаа историја како прв странски филм што ја добива наградава. Одлична социјална драма, вреди за секоја минута. За Лора Дерн ми беше премило, роденденскиот Оскар го заслужи само за оваа сцена, царица, прејака улога Од red carpet-от guilty pleasure ми се Сандра О - ми блескаше иако не сум по толку впечатливи комбинации, Тимоти Шаламе исто мислам секако дека би ми бил прекјут и pure , и секако Били Ајлиш што луѓево како да не ѝ го знаат веќе уникатниот стил, leave her alone please
Ќе кажат мамин син бил ама не, ова е само пример за син кој си ја цени и почитува мајка си. Кога сме кај Ди Каприо... https://www.ubavinaizdravje.mk/zhiv...-pod-raka-so-majka-mu-si-gi-zamenile-ulogite/