Се‘ разбирам, само не победата на Бред Пит. Што по ѓаволите му е толку добра во "Once Upon a Time in... Hollywood"?! Не велам дека му е лоша, но дефинитивно ништо посебна. Ниту пак карактерот му е нешто за паметење...
Лоши креации годинава. Најубаво ми беше облечена Рене Зелвегер. Криво ми е што нашите не добија Оскар. Наголемо ќе се зборуваше овде. Добро е што имавме номинации дури во 2 категории.
Многу сум задоволна од нашите и како се облекле и се, иако не добија оскар, овој филм стана многу популарен и се гледа на високо ниво. Да седеш у присуство со Бред Пит, Ал Пачино, овој од Џокер е успех со такви големи луѓе. И баш ми е мило што жена како Атиџе се истакна а не некоја нафурана инфлуенсерка
Паразит е едно ремек дело, црна комедија со забавно-трагичен приказ на класните разлики, одлична комбинација на разни жанрови и филм со перфектна кинематографија. Заслужени оскари.