1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оскари 2020

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Sejfullai, 13 јануари 2020.

?

Кој филм сметате дека треба да освои Оскар за Best Picture?

  1. Ford V Ferrari

    5 глас(а)
    4,8%
  2. The Irishman

    6 глас(а)
    5,8%
  3. Jojo Rabbit

    1 глас(а)
    1,0%
  4. Joker

    59 глас(а)
    56,7%
  5. Little Women

    2 глас(а)
    1,9%
  6. Marriage Story

    6 глас(а)
    5,8%
  7. 1917

    8 глас(а)
    7,7%
  8. Once upon a time in Hollywood

    10 глас(а)
    9,6%
  9. Parasite

    7 глас(а)
    6,7%
  1. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    За главна машка улога се надевам ќе му се оддаде признание на трудот на Феникс. за главна женска улога Скарлет беше извонредна во Marriage Story, a за споредна улога има силна конкуренција но мислам Марго Роби е најзаслужна иако и Лаура Дерн е прекрасна во изведбата како адвокатка.
     
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    У затвор е човекот. Како ќе ја земе наградата не знам. :rofl:
     
  3. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Реков дека прво ќе го гледам Once Upon a Time In Hollywood, но сепак прво дадов шанса на Scarlett Johansson во Marriage Story и Jojo Rabits.

    Marriage Story ми се допадна, но малку ми беше напорен за гледање. Дали поради главоболката што ја имав додека го гледав, дали поради тоа што мислам дека сум премлад за таква содржина, не знам, но сепак далеку од лош филм. Прилично објективно прикажана ситуацијата, баш би сакал да прочитам и туѓи мислења за приказната. Можеби треба да е следен за дискусија во ФФФ. Глумата на Скарлет одлична, само малку преубава ми беше за улогата. Очекував поголема трансформација од стандардниот изглед што го има, но како и да е. Адам не се сеќавам да сум го гледал во друг филм, ама тука беше одличен.

    Jojo Rabbit, not my cup of tea. Не е од оние стандардни веќе видени комедии, но сепак не знам колку заслужува да се најде во Best Picture категоријата.
     
    Последна измена: 26 јануари 2020
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Засега изгледани ми се Медена земја, Joker, The Irishman, Marriage Story, The Two Popes.

    Леле колку ми се допадна The Two Popes!
    Не знам, прекрасен филм и ФЕНОМЕНАЛНА глума и на Хопкинс, а особено на Џонатан Прајс. Два пати го гледав. Преубав филм, а некако ептен се сомневав дека ќе ми се допадне. Да го гледате обавезно, го има и на Нетфликс.

    Сакам да ги гледам: 1917, Jojo Rabbit, Once upon a time in Hollywood, Parasite, Little women. А и Елса, Frozen II не ми е гледан, а видов номиниран беше со онаа песната.
    Се надевам дека ќе успеам да најдам снимка од сите. Холивуд некако најмногу ме мрзи да го гледам затоа што е предолг, ама сепак нема да го оставам така, шанси нема да го изоставам Тарантино.

    За best picture сè уште немам фаворити затоа што не ми се изгледани сите номинирани филмови, но за главна машка улога уфффф, многу тесна битка ќе биде помеѓу Хоакин и Џонатан, многу.
    И Адам Драјвер ми беше солиден во Marriage story, но некако не го гледам на иста бранова должина како овие двајца што ги спомнав.

    Мислам дека Скарлет ќе си земе Оскар за најдобра женска улога, не знам, некако така ми се чини.
    За другиве немам некоја претпоставка. Ептен каснам со филмовиве, ич немам време ама ќе гледам да ги завршам сите што ми фатија око за да си најдам конечен фаворит и да навивам по сите прописи.
    Шанси нема да гледам Оскари до крај, ама секако ќе следам, па до кога останам будна, до тогаш.
     
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Bombshell
    Одлична и доста убедлива глума на сите три актерки Никол Кидман, Шарлис Терон и Маргот, подобра екипа скоро и невозможно да најдеа.
    Приказната сама посебе не ми остави некое воодушевување
     
  6. TheGoldenPeach

    TheGoldenPeach Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    3.676
    Пол:
    Женски
    Се ближи датумов па да ја размрдаме малку темава. :) Годинава ќе биде јако и густо, повеќето ги одгледав и со секој нов бев се позадоволна, кој од кој подобар. Ќe почнам со најсвежо одгледаниот.

    Jojo Rabbit

    Ова е филмот од кој најмалку очекував, а најмногу добив според левелот на очекување. Во еден здив го одгледав.

    Сатирична драма со комични елементи во времето на втората светска војна и фанатизмот кон Хитлер кој се наметнувал уште од најмали години.

    Џоџо е мало Нази кое го има Хитлер како имагинарно пријателче, но дури и тоа нема да ја испари добрината во неговото мало, а сепак големо срце.

    Филм полн со емоции, радости и тага, победата на добрината над омразата и одлично поентирање на суштината изразена преку комедија. Тежината на приказната е доловена и секако токму тој сатирично-комичен пристап придонесува да биде полесно сварена, а сепак пораката е и те како пренесена.

    Другар мој ми рече "Не е мој тип на филм", но напротив, и покрај необичниот приказ на нештата, мислам дека е топол филм кој никого не би оставил рамнодушен. Ептен ептен препорачувам, откако го одгледав од глава не ми излегува.

    Once upon a time in Hollywood

    Е ова е токму обратното од ситуацијата погоре. Филм од кој очекував премногу, а не ми даде ништо. Визуелно можеби квалитетен за око, ама приказна без поента терајќи ме на спиење, но тенкс. Го исклучив на пола филм што ретко се случува кај мене, ама шо да праам ко не можев да се поврзам со филмот, со сила не бидува. Знам дека Тарантино е специфичен, дури и екстремно крвавите сцени одлично сум му ги варела, но ова маткање напразно не го издржав.

    Ford v Ferrari

    Ау пау каков филм. Адреналин пукање на сите страни. Каква глума, каква музика... Вистинскава приказна не носи во светот на автомобилизмот, конкурентноста помеѓу гигантските фирми Форд и Ферари, почетоците на Шелби и борбата на легендарните трки Ле Ман. Сето претопено во една прекрасна драма со акцент на пријателството помеѓу дизајнерот Шелби и возачот Кен (Мет Дејмон и Кристијан Бејл кои имаат неверојатна хемија како дополнителен шмек во филмот) и нивната улога во изработка на револуционерна кола за Форд и учество во споменатата трка погоре. Сето тоа зачинето со нивните приватни животни судбини.

    На срце ме тачна филмчево, толку е добро изработено, слаба сум на вистински приказни, во топ 3 ми е годинава.

    Little Women

    Овој е од оние филмчиња кои ги гледаш во мир и спокој, со чајче в рака и уживаш во семејните сплетки со сите нивни желби, љубови, успеси, падови, богатства и сиромаштија. Едноставно филм со душа. Се пронајдуваш во нечиј лик, сочувствуваш со втор, третиот не го поддржуваш но го разбираш, четвртиот потајно го бодриш, петтиот го мразиш, на шестиот му се восхитуваш. Полн со поуки, убава содржина, многу природно доловен, чиниш таму си. Топла семејна драма која ни понудува многу. Глумата на Шрси исто прекрасна, сосема заслужена номинација.

    1917

    Филмов изобилува со прекрасна фотографија, кадрите беа фантастично доловени со одличното движење на камерата, значи технички совршен. Тоа беше првото нешто што ми остави силен впечаток. Приказната е не толку содржајна, но сепак доволно за да се поврзаме со ликовите и да го почувствуваме тоа што во моментот го доживуваат, вистинскиот терор на првата светска војна. Трогателна приказна базирана на вистински настани, флуидно движејќи ја напред, без застој, секој момент доловен, секој здив почувствуван, секоја нова транзиција на сцените ни носи нешто ново, доволно непредвидливо за да се одгледа филмот во грч. Браво.

    Marriage Story

    Овој ми е прв одгледан, па малку со изладени импресии го пишувам, но секако впечатокот што ми го остави е и повеќе од импресивен. Еден реален приказ на брачен пар кој поминува низ фаза на развод и како всушност изгледа целиот тој процес со чувства излиени на површина од страна на двајцата партнери, истовремено трудејќи се се да помине во најдобар ред за доброто на детето. Интересното во филмов е што толку добро е напишан и изрежиран што во ниеден момент не е издемонизиран ниеден од ликовите, токму за да не можеш да заземеш страна во случајов, ниту пак да осудиш некого од нив, а тоа во филм ретко се случува или постигнува.

    Parasite

    Уште едно позитивно изненадување, ма да не ни очекував нешто помалку од корејциве. Толку уникатен, непредвидлив, забавен, напнат, со доза на бизарност знам (но тоа им е заштитен знак во филмовите нели), едноставно одличен пет. Уживав гледајќи го, очекувајќи ја непредвидливоста до која знаат да не однесат и ги исполнија моите норми на задоволителност, ма и повеќе од тоа. Без холивудски шминки, филмов е забавно уживање со мали примеси на хорор колку за кревање на напнатоста и повеќе од што веќе е. Многу се ненормални, но им се исплатува.

    Накратко, содржината ја испреплетуваат две семејства од сосема различни општествени класи, едните одлично ситуирани, другиве во обид да најдат работа колку за преживување. Одеднаш, на овие вториве, им се гледа спас на крајот од тунелот со една луда идеја која не би да ви ја откривам. Што понатаму, сами ќе откриете возејки се по лудиот корејски ролеркостер.

    The Irishman

    За гледање ми остана уште тој, така да дополнително ќе пишам коментар.

    Joker

    И и и најдоброто за крај. Џокер не е шлагот, џокер не е јаготката на шлагот, Џокер е онаа битерсуит симфонија во која ние сме робовите на општеството и парите, а потоа умираме. Џокер е нешто кое и лани да ти е одгледан уште те држи под импресија. Џокер е моментот кога си велиш среќен сум што не сум џокер во време на суровоста на системот. И не, ова не е далеку од реалноста. Ова не е филм кој само сака да го прикаже системот во лошо светло, а истовремено оправда терорите како производ на психичките болести, ова е филм кој свесно предупредува дека секој еден може да крахира како последица од таков општествен притисок и ненавремено третирање на проблемот. Дека на најранливите категории навистина им е најпотребна помош и дека со ненаситноста и суровоста во комбинација со неисцрпно болната желба за моќ од страна на оние кои раководат со системот, не осврнувајќи се кон проблемите на обичниот народ, ќе произлезат уште многу многу џокери.

    Филмов ме здрма психички, а глумата уште повеќе. Не можев да си поверувам дека сочувствувам со најголемиот негативец на сите времиња. Таман мислев дека Рами тешко некој ќе го надмине годинава, останав вчудоневидена од Јоакин и не постои шанса која би му го одзела оскарот за најдобра улога, која во случајов не е најдобра, туку брилијантна.

    Џокер е мојот фаворит годинава, иако и многу други ми оставија фантастичен впечаток. Годинава конкуренцијава е beyond fantastic, па кој и да победи мислам нема да бидам незадоволна.

    Во поглед на номинациите за улоги, како што реков Јоакин дефинитивно зема за машка, а во женската категорија навивам за прекрасната Скарлетка, единствено според типувањата низ нетов шо читам, може Рене Зелвегер да ја добие за Џуди кој воедно не ми е одгледан така да не можам ништо да коментирам.

    И секако, со среќа на нашата Медена Земја, се прерадував за номинациите. Јас бев од оние кои последни ја напуштаа кино салата сета улипана од судбината на прекрасната Атиџе. Мислам дека би требало да добиеме за најдобар документарец, ако не го изгласат оној Американска Фабрика пристрасните американци, баш некни ја слушав Миланка кај шо кажува дека тој најверојатно е и нашата најголема конкуренција, но да се надеваме. Во другата категорија исто силно навивам, ама Паразит мислам дека е ненадминлив таму.

    Како и да е, ќе биде една многу квалитетна оскаровска година. :clap:
     
    На Mrs. Lovett, Ketchup и elimkd им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Кога се? На 9-ти?
    Лелејј, тик-так време тече сад. Таман секој ден по 1 филм и ќе ги завршам. :D
     
    На TheGoldenPeach му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Мене уште Little Women и 1917 ми останаа. The Irishman не планирам да го гледам.

    Годинава ко што гледам само за Renée Zellweger во категоријага за најдобра актерка ќе си навивам. Judy е прекрасен филм, глумата на Ренеи одлична. Иако не е во Best Picture, вреди да се погледне.
     
    На TheGoldenPeach му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    И двата се одлични, The Irishman ќе го гледам викендов кога ќе имам повеќе време. Некако многу долг ми се гледа и само го одложувам и него. Трае цела вечност (3 ипол саати) и не знам колку вреди да му посветам толку многу време. :sweat:

    1917 многу ми се допадна. Обожавам филмови кои обработуваат вакви воени теми, особено пак теми од WWI. Многу ретко се наоѓа добар филм, книга за ПСВ, сите некако се повеќе ориентирани кон Хитлер и ВСВ, а мене баш поинтересен ми е периодот околу Првата Светска војна.
    Многу добар филм, одличните кадри ме оставија без коментар, уметнички фино скоцкани детали, а толку природни. Одамна вака не ме бендисал филм. Браво за екипата.
    Номиниран за 10 оскари, баш да видиме колку ќе земе.

    И убаво кажав, годинава ќе биде многу тесна битка околу best picture, навистина предобри филмови. Лани немав толку многу фаворити.
     
    На Ketchup и TheGoldenPeach им се допаѓа ова.
  10. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Ако си љубител на Godfather тематика веруј дека нема да ги приметиш тие 3 ипол саати,ако не си поарно не го гледај :D
    За 1917 се сложувам од точка до точка(fingers)
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Значи да го гледам. Епа наздравје бричење тогаш. :D
    Ако можам во еден ден да ги пикнам и Холивуд и Ајриш, ќе биде одлично. Ај белким ќе имам толку време, па ќе пишам дали ми се допаднале.
    Уште Jojo Rabbit ми остана, заедно со овие два.

    И мислам дека Џокер има навистина сериозна конкуренција. Феникс можеби ќе го земе оскарот за главна машка улога, ама се сомневам дека филмот ќе земе оскар за best picture па останува да видиме.
    Иста приказна ќе биде како лани за Бохемиан рапсоди, јас така типувам. Да си пуштам едно ливче, можеби ќе ми се трефне нешто. :worried:
     
    На John Snow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Медена земја
    Случајно го видов целиот филм прикачен на YouTube иако бев цело време скептик и свесно ги одбегнував сите објави некако тумач ми беше се околу филмот, објави и новости на сите медиуми, впрочем како и за се кај нас што се крева преголема галама и на крај паѓа во вода.... тука сум се прелажала.... гледајќи го документарецот душата цело време ми беше стегната, а очите полни солзи, моќен документарец со моќна порака, дефинитивно најдоброто остварување од нашиве простори, не случајно номинација за два оскари, нека им е со среќа
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Спремни ли сте за вечер? :o:
    Прв пат да успеам да ги изгледам сите филмови! Се чувствувам изненадено од организацијата моја како никогаш досега. Фаворит не успеав да издвојам, многу се. :D
    Предобри филмови, сите до еден. Дури и Џоџо Рабит ми беше многу убав, а не сакам таков тип на „комедии“.
    Ќе биде интересно, иако не верувам да издржам до крај, не планирам да бидам гроги цел ден. :D

    Од колку почнува Ред карпет?
     
    На Heavencanwait, Mrs. Lovett, TheGoldenPeach и 2 други им се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Во колку саат и на кој канал?
    Се надевам дека вечер ќе се развие интересна дискусија
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Во 00 и 30...на Телма
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Од 1 е веројатно црвениот тепих. Не знам дали прочита, Били ќе настапува. Годинава слабо стоиме со original soundtrack на филмовите, ама океј е ко за промена.
    Little Women каде го гледаше?

    Ако треба еден да одберам, веројатно ќе е Ford v. Ferrari. :lol:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Прочитав, fangirl no.1 сум станата. :D
    Ќе се обидам да ја дочекам, ептен сакам да го гледам настапот.

    Little women го симнав од thepiratebay. Супер беше снимката, а има веќе и HD снимка мислам. Многу убав филм, ептен. :)
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  18. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Џокер све ќе собере :D
     
  19. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Били Џинс?
     
  20. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.133
    Били Ајлиш.
     
    На Компир Манџа и Ketchup им се допаѓа ова.