Мене многу ме интересира и на red carpet што ќе носи. Сега баш ќе побарам за да го симнам Little Women, на страните каде што гледам јас уште е кино снимка. Туку настрана фаворити, кои ви се прогнозите? За Best Picture мислам дека би требало 1917 да земе, со оглед на тоа што ги зема главните награди на изминатите награди. Но, од академијава знаат да се многу непредвидливи, па да добие некој што не е толкав фаворит, ко Parasite. Сабајлево рандом некаде прочитв дека тој ќе е победникот. За Joker, секако Joaquin ќе земе, но за Best Picture не верувам. За актерка мислам дека кај Renée ќе оди, но ништо чудно и Scarlett да добие.
Сакам Паразит да добие,но мислам ќе добие 1917. Џокер само за машка улога ќе добие,реално толку и заслужува,да не е Феникс ,филмот би бил просечен.
Џокер за музиката и Феникс за најдобар актер, Скарлет за главна женска улога, а best picture 1917 или Parasite. Јас не можам да се одлучам, ама обожавам воени теми па повеќе ми оди мислата накај 1917. Ремек-дело. Костимографија Little Women, интернационален филм Медена земја. Анимиран филм Фроузен можеби, или Клаус ако е номиниран, мојата претпоставка оди кај него, феноменален филм. Слабо стојам со овие годинава, поим немам кои се во игра.
Мислам дека Рене Зелвегер ќе добие за глумица. А Паразит за оригинално сценарио и интернационален филм. Режија Сем Мендез 1917. Адаптирано или Little woman или JoJo Rabbit. Костимографија-Little woman. Во моментов предвидувањата за документарен се дека највеќе шанси има American factory (Obama + Netflix)
Ги догледав: "Ford v Ferrari", филмчето има одлична кинематографија, обожавам ретро ствари. Има предобри кадри со возење, но толку. Треба да си преголем обожавател на автомобили и тркање за филмов да ти е нешто посебен. Барем јас така мислам. Глумата е одлична, приказната е добра, филмот е убав за гледање, но толку. Содржината не плени. "Pain and Glory" има убава биографска приказна која, но ништо посебно трогателна или драматична или комична или било што. Едноставно се прераскажува животот на еден режисер, паралелно прикажано дешавки од неговото детство и тоа што денес му се случува. Но она што морам да го пофалам е кинематографијата. Колку прекрасни бои има филмов! Детали во секој кадар! Облеката, шољите за чај, плочките во кујната, итн. Се‘ е перфектно искомбинирано. Бандерас е топ, но повторно не ми е омилен годинава. "The Two Popes" е најдобриот филм од минатата година. Не знам зошто не е номиниран за најдобар. За мене, чиста 10ка. Очекував дека ќе гледам досадна дискусија на две личности седнати на маса (постерот ми даде лажна претстава), а што всушност се изнагледав! Не знам колку е вистина целата приказна, но одамна не сум гледала толку специфични ликови кои интимно се соочуваат со специфична тема. Приказната по себе е доволна за да го направи филмов најдобар! Но, она што е врвот е режијата. Кадрите од близу на ликовите на двајцата додека разговараат, сите оние прекрасни сцени од ритуалот на одбирање нов папа, убавите цркви, архитектура, ентериер, облека, музика.... жално е што не е ни номиниран! Во секој случај, најмногу ви го препорачувам да си го изгледате! "Jojo Rabbit".... уфф. Требаше да биде комедија... со таква замисла го почнав. Колку жална, но истовремено силна приказна. Се разбира најубавото нешто е односот помеѓу Џоџо и Елса, две страни со две различни перпективи кои полека се претопуваат во една. Но она што посебно ми се допадна е ликот на Хитлер кој малиот го гледа. Преку него можеме да видиме колку му е испран мозокот, што всушност мисли и како го гледа светот. А полека и забележуваме како истите му се менуваат во спротивна насока. Само “1917„ не ми е гледан, но искрено мислам дека овој треба да добие за филм на годината. Преку навидум комична атмосфера успеваат да доловат толку тешка случка... Моите бетови се следни: филм на годината - "Jojo Rabbit"; машка главна улога - Joaquin Phoenix; женска главна улога - не знам, само "Marriage Story" ми е гледан и тука Scarlett Johansson не ми е ништо посебна; машка споредна улога - Anthony Hopkins; женска споредна улога - Laura Dern; кинематографија - "1917"; костум дизајн - "Jojo Rabbit"; (или "Little Women, не ми е гледан); режија - Sam Mendes; документарец - "Медена Земја"; интернационален филм - "Parasite"; шминка и коса - "Joker"; визуелни ефекти - "1917"; адаптирано сценарио - "Jojo Rabbit"; оригинално сценарио - "Parasite".
Годинава многу слаба ми е гледаноста, само 4/9 од номинираните за Best Picture, така да за тоа не типувам. Од актерите, сметам Феникс заслужува за Joker. Адам Драјвер не беше лош, но годинава е годината на Феникс. Рене ми беше феноменална во Judy и баш би сакала да освои; Скарлет мене лично не ме воодушеви во Marriage Story, Адам и Лора Дерн ми беа поубедливи во тој филм. Лора женска споредна, а кај мажите само Бред Пит го имам гледано, но како што гледам тој е и фаворит, па најверојатно ќе освои. Honeyland според мене шанса има само кај документарците, но и таму оној на Обама е фаворизиран, па да се надеваме на чудо. Кај интернационалните сметам дека Parasite ќе освои, мене многу ми се допадна. Мали му се шансите за Best Picture, но овде победата 99% е негова. Кај анимираните само Klaus го гледав и баш би сакала да освои, многу прекрасен филм.
Го гледав и Little Women. Многу убава приказна, со оглед на тоа што е напишана пред 150 години, а не е класична Пепелашка. Како што кажав, нема нешто поврзано Грета, а да не ми се допаѓа. Баш би сакал годинава да земе за Best Adapted Screenplay.
Уф со нетрпение ги очекувам вечерва, секоја година издржувам до утринските часови, така ќе биде и годинава. Тука некаде сме сите со претпоставките од се шо видовме на останатите награди, но од сите шо ве читнав, би сакала @MissChievous да е во право за се. После Џокер најомилен ми е Џоџо рабит, ко шо напишав некни најголем впечаток ми остави, а најмалку очекував од него. И најмногу се молам нашиот барем со едно оскарче да заврши, тешко ќе биде, но надежта е тука.
Очекував подобар фустан за Тамара. Можеби посмела циклама боја фустан,Тамара убаво носи јаки бои. Атиџе е добра. Но добро,Кокев одела на сигурно,ненаметливо.
Јас набрзинка да прокоментирам. Не успеав сите да ги изгледам од номинираниве, се осеќам неспремно Joker беше добар, ама искрено јас очекував некако повеќе ваљда ради тоа колку хајп имаше околу филмот. Глумата беше врвна, ќе земе за главна машка улога сигурно. Ми се допадна психолошкиот аспект на филмот многу како го долови A marriage story, спор ама не ми беше досаден. Длабока тема си обработува, одлично глумеа, би сакала Скарлет да го земе оскарот. Јојо rabbit не очекував дека толку ќе ми се допадне. Чудно интересен, тажен, тематиката допира. Ми летна филмот, не го осетив. Ама нема шанси за best picture реално. Parasite ми беше најпозитивното изненадување. Нетипична приказна, одлична глума, со добро темпо се одвиваат настаните. Со право е голем фаворит. Сакав и 1917 да го гледам ама не најдов добра снимка, исто и за little women. 1917 мислам дека има голем потенцијал за оскар за best picture, ама ќе видиме. Од цртаниве Клаус сакам да победи, толку слатко и емотивно цртанче нема шанси да не ве разнежни. И секако се надевам вечер за Ханиленд, барем за документарец оскарот да го земеме
Уау, Атиџе е препрекрасна, креацијата е створена за неа, косата топ, браво. Тамара на забавата ми беше поубава, очекував нешто потипско во нејзин стил. Како и да е стискаме палци на најјако. Инаку на Entertainment програмата веќе е почнат ред карпет кој сака да гледа.
А Телма некако од ПЦ може ли да се гледа? Ич не ми текнува лани како гледав, ни на E! моментално не ми го дава Red Carpet-от.
Баш сега на Е! у позадина у кадар нашите ги имаше , баш беа срцкасти сите како се движат полека возбудено , посебно Атиџе
Го даваат на Е!, ама многу реклами има. Нашиве само што стасаа сега. Инаку телма види на max tv online, или пиши на гугл ќе ти излезе некој линк