Оскари 2022

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Ketchup, 8 февруари 2022.

?

Best Picture:

Анкетата е затворена на 28 март 2022.
  1. Belfast

    1 глас(а)
    3,6%
  2. Coda

    0 глас(а)
    0,0%
  3. Don't Look Up

    12 глас(а)
    42,9%
  4. Drive My Car

    2 глас(а)
    7,1%
  5. Dune

    6 глас(а)
    21,4%
  6. King Richard

    0 глас(а)
    0,0%
  7. Licorice Pizza

    1 глас(а)
    3,6%
  8. Nightmare Alley

    0 глас(а)
    0,0%
  9. The Power of the Dog

    6 глас(а)
    21,4%
  10. West Side Story

    0 глас(а)
    0,0%
  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.162
    Допаѓања:
    27.282
    Мене ми е смешно што овие личности се репер на кои би требало да угледуваат мали деца. Први се да се сликаат во некое Афричко село како демек донираат, помагаат, шират мир во светот. Зборат низ различни емсии за ментални болести. Ама, први се да изиграваат кловнови и да се шамараат по сцена.
    :|
     
    На Idedemja, Glowy и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    па за филмомани како мене, да. Без никаква ПОСЕБНА порака. Нема ништо ПОСЕБНО во сите начини на кои некој би се помачил да го интерпретира. Едноставен, прост ко грав филм со скапи актери.
     
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.791
    Допаѓања:
    40.682
    Пол:
    Женски
    Тоа да, не е тежок за разбирање, ама добра е целата инспирација од сегашниве настани.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Најкатастрофалните оскари годинава. Некоја година наназад не гледам веќе ама што е ова брукање со Вил Смит?
    И модата не ми се допаѓа воопшто. Ко што разгледав едвај неколку комбинации ми се допаднаа.
    За номинираните филмови да не зборам, ниеден не е толку познат како порано кога имаше оскари и сите знаевме за кои филмови станува збор. Освен don't look up кој малку повеќе популарност доби, а мене не ми ни беше нешто посебно, но добро тоа е ствар вкус, за другите не сум видела нешто многу да се збори. Штета, интересен настан беше порано.
     
    На christinnn и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  5. Loving boy

    Loving boy Активен член

    Се зачлени на:
    20 март 2022
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    117
    Се уште мислам дека исцениран беше шамарот, не знам како можеше туку така да помине.
     
    Последна измена: 28 март 2022
  6. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    13.828
    Пол:
    Машки
    Сега изгледав уште едно видео кај шо Will му се дере на Chris од публиката и не ми изгледа воопшто исценирано. Си има проблеми Will дефинитивно.. Kanye in the making. :doh:
     
    На Idedemja, oblace1, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    62.199
    Пол:
    Женски
    Се собрале демек пресмешен циркузант на кој не му е прв пат глупости да тресе и да ја претера и сељак што ми личи на чичко на певаљка во биртија коа ќе се тепа.

    Прво и основно не се шалиш за нечија болест. Крај. Заебавај се со што сакаш, со болест не. Има црвени линии што не треба да се поминат.

    Второ, ако некој е загревен сељак што хехенца си праи за алопеција, не идеш и не се тепаш како некој токмак што нема 2 грама памет у главата, туку решаваш све на културен начин. Зел се тепа бе, грев гревосан, тешка сељачина.

    До кое дереџе паднале Оскариве, а беа синоним за гламур, елита и престиж на времето. А не хехенца и тепачки.
     
    На pokahontas83, sweet-cherry, Idedemja и 9 други им се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    Конечко ги изгледав оскарите и не мислам дека му опаѓа рејтингот затоа што оскарите се најпрестижни награди а филмската уметност секогаш ќе се слави.

    Не можете едноставно со коментар дека биле катастрофа оскарите и филмовите а се изјаснувате дека ниту оскарите ниту филмовите сте ги гледале.

    Водителското трио беше стварно одлично, дамите беа интересни и харизматични
    8B0A448F-BCC4-4C4A-9CCE-20AC3270BF1E.jpeg

    Најдобра машка споредна улога во рацете на човекот со оштетен слух Трој Котсур за Кода, имаше баш инспиративен и емотивен говор
    408E704C-CD5C-48C2-BA41-E3EF7370E7F1.jpeg

    Најдобра костумографија за Круела во вистински раце
    40BB2A7F-11F4-4911-A825-E39BD81FBF06.jpeg

    Стилски најмногу ми остави впечаток Timothée Chalamet, како и Џејсон Момоа и Џош
    F982433B-03D1-4CA2-8B84-A16DD8C889AA.jpeg

    C86D8DED-2C6A-42E4-AEC6-5F76FA31C873.jpeg

    Им оддадоа почит и стоечки овации за Маестралниот и неповторлив Кум
    08C79BC9-11D7-4DF7-875D-70F8BB33A535.jpeg

    Се закити со заслужен оскар и Били Ајлиш и нејзиниот брат FCB48967-0DE2-4421-9566-C3E155AF376F.jpeg

    настанот никако не мислам дека беше исцениран со Вил Смит, испадна страшно ѓубре

    За најдобар актер типував за Хавиер, исто така сакав и Џуди Денч или Пенелопа да се закитат со оскар како и Пол Томас Андерсон….
     
    На boomsleng, f.girl, Kasiopaja221 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Созревање е кога ќе сфатиш дека американци се најголеми хипокрити во цел свет.
    Тифани Хадиш го оправдува Вил Смит, исто така Тифани изгради кариера врз булинг на луѓе. Според неа, на VMA Ники Минаж требаше да ја затепа кога она направи џоук за тоа што кариерата Фифт Хармони одеше надоле?
    Џејда не ја прифатила шалата, сосема океј. Не можеш на некој да му ги контролираш чувствата. Ама со тоа што ја оправдуваат постапката на Вил Смит, буквално поддржуваат toxic masculinity.
    За крај.
    Screenshot_20220328_202253.jpg
    Одвратно.
     
    На f.girl, oblace1, Bezimenka90 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
    Зендаја ми беше врв. Не можам да и се изнагледам. :inlove:
     
    На etoile, Ketchup, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    62.199
    Пол:
    Женски
    Па се. Не може едноставно некој да се тепа и да го правдаат луѓе, ако осудуваме ќотек треба да се осудува во било каква форма. Требаше да ја напушти салата, не може ти да идеш и да маваш луѓе па после Оскар да земаш. Нема оправдување, не Тифани, кој сака нека вика.

    Ама и овај другиов не е цвеќе. Не е убаво за тоа да се шалиш едноставно, не е. Здравјето е болна точка, невкусна беше шегата во секој случај. А не му е прв пат да руга жени, никако не можам да му најдам еден стенд ап кај што има и кажува како жените плачат и се туфкаат за све и свашта, одвратен му беше, викаше може да ја ебеш жена ти 1000 пати а она да ти плаче оти ја ебеш толку добро пошто се незадоволни цел живот. Ич го неќам, одвратен ми е и он.

    Али колку и да го неќам, секоја чест што остана смирен, не му врати и не се испотепаа. Вистински професионално се испонаша, тоа е за секоја почит.
     
    Последна измена: 28 март 2022
    На sweet-cherry, GirlRose, etoile и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.276
    Допаѓања:
    47.085
    Пол:
    Женски
    Овој син му беше? :puke::puke:
     
  13. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.288
    Пол:
    Женски
  14. goku

    goku Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
  15. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Одвратно. Јас не сум запознаен баш добро со Крис Рок, коментарите ми се базирани исклучително на вчерашното случување. И страшно ме нервираат јавниве личности што заземаат страни. Така се бранело жена по Чарли Пут, бре бре.

    Некој на твитер пишал дека догодина оскарите ќе се whiter than ever. :D
    Син му да.
     
    На boomsleng, KateKane, Waverly Raven и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    17.730
    Пол:
    Женски
    Да се кладиме дека ќе се joke approved. Ќе им проверуваат домашно, кој што напишал. :D
     
    На KateKane и Ketchup им се допаѓа ова.
  17. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    661
    Да направам кратка рекапитулација на оскарите

    Вообичаено оскарите поминаа во стандардна постава и атмосфера како што сме навикнале да гледаме низ годините, немаше ништо спектакуларно. Иако минатата година оскаровското шоу беше одржано во посебни, специјални услови поради корона кризата и пандемијата на планетарно ниво сепак и на тоа скромно издание на оскарите имаше забележителни моменти од страна на музичките ѕвезди со нивните настапи, изведби и перформанси.

    Нема многу да коментирам за модното дефиле и црвениот тепих иако тоа е доста медиумски експлоатирано, тоа секогаш привлекувало внимание кај пошироката јавност и е можност за промоција на модели и модни парчиња од светски познатите дизајнери и модни куќи.

    Оваа година на оскарите ми се допадна тој surprise моментум кој преовлада посебно во делот на доделување на наградите во најважните категории.

    94 оскаровско шоу започна со трите водителки Реџина Хол, Елми Шумер и Ванда Сајкс кои не беа доволно присутни во текот на целото шоу, имаше одредена промена оваа година во делот на доделување на наградите во техничките категории, истите беа претходно снимени, монтирани и вметнати во текот на директниот пренос, за тоа имаше реакција од здруженијата на нивните претставници до американската академија за филмски уметности но сепак академијата не отстапи и остана доследна до овој нов концепт на доделување на награди кој оваа година беше воведен како новитет.

    Во делот на номинираните и наградените апсолутен победник по бројот на освоени оскари е филмот на режисерот Денис Вилнев - Дина кој ги освои скоро сите оскари во техничките категории.

    Во категоријата споредна машка улога триумфираше Трој Костур за неговата маестрална улога во филмот Кода тоа беше на самиот почеток на оскаровската манифестација, уште тогаш се чуствуваше дека Кода може пријатно да изненади и во останатите категории.

    Оскарот за споредна женска улога го доби Аријана Де Боз за улогата во филмот Приказна од Западната Страна адаптација на истоимениот мјузикл од 1957 година, во режија на маестралниот Стивен Спилберг
    Фаворит во оваа категорија на почетокот беше Кирстен Данст но како се приближуваше датумот на оскарите се повеќе ја загрозуваше таа нејзина сигурна позиција Де Боз, искрено, мило ми е што Аријана Де Боз го освои оскарот - имаше доста убедлив и впечатлив перформанс. Мој фаворит за оскар во оваа категорија беше Џуди Денч.

    Пријатно позитивно изненадување беше освојувањето на оскарот за најдобра женска улога од страна на талентираната актерка Џесика Честејн - сосема заслужено. Трета нејзина номинација покрај филмовите The Help(2011), Zero Dark Thitry(2012), со улогата во филмот The Eyes of Tammy Faye(2021) успеа да го валоризира нејзиниот труд и талент. И останатите номинирани беа исклучително добри Оливија Колман важеше за фаворит на почетокот при објавувањето на номинациите но сепак кај неа отежнувачки момент беше освојувањето на оскарот 2019 година за филмот Омилена на Јоргос Лантимос, Оливија исто така минатата година имаше впечатлив перформанс со нејзината улога во филмот Татко за кој Ентони Хопкинс го доби својот втор оскар во неговата актерска кариера. Кидман и Пенелопа се исто така извонредни актерки. Кристен Стјуарт годинава позитивно изненади со моќниот перформанс- улога во филмот Спенсер, оваа улога на Кристен Стјуарт е најдоброто од неа во досегашната нејзина актерска кариера.

    Оскарот за најдобра машка улога го освои Вил Смит кој важеше за фаворит во оваа категорија. Неговите конкуренти Хавиер Бардем и Бенедикт Комбербач беа подеднакво добри во улогите но сепак членовите на филмската академија му дадоа предност на Вил Смит

    Сосема очекувано и заслужено оскарот за најдобра режија замина во рацете на новозеландската режисерка Џејн Кемпион која важеше за фаворит во оваа категорија. Водителката Миланка Рашиќ во нејзиниот коментар истакна дека ова е борба на титаните мислејќи на нејзиниот конкурент Стивен Спилберг кога во далечната 1994 година и двајцата беа номинирани за најдобра режија но тогаш оскарот го освои Спилберг после 28 години повторно двајцата се натпреваруваат во истата категорија но овој пат Кемпион е таа која се закити со златна статуетка во оваа престижна оскаровска категорија.

    Во категоријата странски филм триумфираше јапонскиот Вози го мојот автомобил на Рисуке Хамагучи.

    Најдобар анимиран филм е Енканто - заслужено.

    Во категоријата оригинално сценарио очекував оскарот да го добие Пол Томас Андерсон за филмот Licorice Pizza тој тоа потполно го заслужи, но сепак оскарот го освои филмот Белфаст на Кенет Брана.

    И конечно оскарот во најважната категорија најдобар филм - таа чест да ја соопштат оваа вест како презентерки ја имаа Лејди Гага и Лајза Минели моментот на отворање на коверот и соопштување на добитникот од страна на Лајза беше мошне возбудлив, впечатлив, изненадувачи, неочекуван, кога го изговори имато Кода тоа беше позитивен шок за сите, тоа е тој момент на surprise, момент на steal the show, момент кој ретко се случува на оскарите и тоа му дава уште поголема тежина на годинешново 94 издание на најпрестижната манифестација во филмската индустрија на планетарно ниво.

    Уште еден настан на оскарите остави впечаток во негативен контекст а тоа е најозборуваната случка со инцидентот од страна на Вил Смит кога излезе на сцената и му удри шамар на презентерот во тој момент Крис Рок. Таа негова реакција беше резултат на шегата од страна на Крис на сметка на Џеда. Оваа постапка на Вил не е воопшто за оправдување и не требаше така да изреагира, никогаш повеќе да не се повтори во иднина од било кој друг, ваков акт на насилство пред јавност, пред милијарди гледачи испраќа лоша порака. Мислам дека Вил тоа го направи во момент на бес, лутина, му се споија жичките во тој момент, требаше да се воздржи, дали и претходно со Крис Рок имале некои нарушени односи, дали помеѓу нив во минатото постоел анимозитет неможеме да знаеме но секако оваа постапка на Смит негативно се одрази и ја засени неговата победа во категоријата најдобар актер, тој во својот емотивен говор кој го одржа на оскаровската сцена се извини.

    Се на се 94 издание на оскарите помина во вообичаено стандардно издание во делот на организација со оглед дека следеше се одржува после две години пандемија, но во делот на наградите и добитниците имаше многу позитивни, неочекувани моменти што му дава посебна тежина и значење.

    Да се надеваме и очекуваме наредното 95 оскаровско издание да биде многу подобро и поуспешно.
























     
    Последна измена: 28 март 2022
    На Аргентина *, elimkd, Dancewere и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    The power of the dog ми беше еден од подобрите. Nightmare allley и Don’t look up и така и така. Dune и Coda не ги догледав. Другите не знам дали воопшто ќе ги гледам.
    За случката со боксот.
    Некој да минува низ пекол, а некој да си прави смешки и да се спрда со тоа не е воопшто во ред.
    Од друга страна пак се не се решава со насилство. Фраерчина ќе беше да излезеше и да кажеше GI Jane i love you the way you are. Останатото ќе го направеше публиката со осуда кон Крис и симпатии со Џејда.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Интересен ми е моментот кога првично слушна се смееше му беше смешно или не, не знам, додека Џејда превртуваше со очите. Е сега не ми е јасно дали стана и му удри шлаканица бидејќи Џејда му кажа нешто или удри шлаканица лут на себе што се смееше, не разбирам како и да е се надевам овој нема да дрдори друг пат до толку.
     
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    62.199
    Пол:
    Женски
    Еве го, го најдов конечно


    И ова ич не ми е смешно


    Овде е. о д в р а т е н
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.