Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оскари 2022

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Ketchup, 8 февруари 2022.

?

Best Picture:

Анкетата е затворена на 28 март 2022.
  1. Belfast

    1 глас(а)
    3,6%
  2. Coda

    0 глас(а)
    0,0%
  3. Don't Look Up

    12 глас(а)
    42,9%
  4. Drive My Car

    2 глас(а)
    7,1%
  5. Dune

    6 глас(а)
    21,4%
  6. King Richard

    0 глас(а)
    0,0%
  7. Licorice Pizza

    1 глас(а)
    3,6%
  8. Nightmare Alley

    0 глас(а)
    0,0%
  9. The Power of the Dog

    6 глас(а)
    21,4%
  10. West Side Story

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    6.614
    Пол:
    Женски
    Како поминува денов се повеќе мислам дека случката беше испланирана, иако утрово не мислев баш така. На сите им фалеше публицитет, што на Вил, што на Академијава, па и Крис се прослави пошироко.
    Буквално интернетот гори и сите на овој начин разбраа дека имаше оскари, главна тема ќе се уште неколку дена и најглавното барем дел од луѓето да ја научат лекцијата дека ниту треба да се исмева некоја болест и дека со насилство не се решаваат проблеми.
     
    На Waverly Raven и Billy Idol им се допаѓа ова.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Режирано, а може Вили гледа многу вести за војна и влегол во мачо заштитнички фазон.

    I'm being called on in my life to love people and to protect people and to be a river to my people.

    ОК.
     
  3. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Генерално, секој гледач ќе се смее на свашта се дур не дојде време за заебанции кои пипкаат на некое сензитивно место кај него, потоа одма комичарот е за никаде и не чини.
    Мене овие конкретниве не ми се одвратни, но има досадни комичари и шеги кои не ги поднасам ама ич!
    Субјективно е, али не оправдува бокс или канцелинг...
     
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Друго што останав запрепастена за Елен/Елиот Пејџ, немав појма дека го сменила полот 8-|:x
    А баш беше убава и природна
    1B73FC0D-7027-4B96-A4BC-B0A934529ED6.jpeg
    C961AA6A-FD9F-4094-82B4-2375068AD49E.jpeg
     
    На Kasiopaja221, boomsleng и Indiegurl им се допаѓа ова.
  5. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    15.617
    Пол:
    Машки
    Ги стопи ли? :wasntme:

    Шон Пен ќе ги стопи своите статуетки доколку Зеленски не зборува на церемонијата на доделување
    6644.jpg

     
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Филмот е со јака порака, направен поради глобалното затоплување и воопшто негрижата на луѓето кон Земјата, како и за политичарите кои го вртат вниманието на народот настрана од вистината и од проблемите. Замајувањето на народот со небитни работи на социјални мрежи, и упорно негирање на проблемите. Филмот е класична сатира… не е за сечиј вкус, точно, ама дека има порака и тоа јака тоа е факт.

    @Bratot а Шон Пен кај беше да збора претходно на оскарите за Авганистан, Ирак и да не ги редам останатите земји што ги напаѓаше Америка. Ако му беше толку жал за војни, де.
     
    На elimkd и Angie1432 им се допаѓа ова.
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.263
    Допаѓања:
    12.237
    Пол:
    Машки
    Да, навистина Оскарите се trending заради случкава, ама јас прочитав и официјална објава од полицијата од Лос Анџелес(LAPD) во однос на случкава, а воедно и Академијата наводно отворила и официјална истрага. :?:
     
    На Cosmic Girl и Ketchup им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Јеј Енканто.И толку :D Ништо друго немам гледано од победниците, а и не планирам да гледам :D


    За тепањето... Јас сум многу тапа кога е стенд-ап комедија во прашање, не ми е воопшто смешна и особено ми е катастрофа моментот со roasting. Ај ќе те вреѓам, ама на шала :drunk: Во исто време знам дека на многу луѓе тоа им е забавно, така да, секој со своето. Веќе подолго време се провлекуваат дискусиите околу тоа кои теми се ок за шегување а каде се поставува граница која не треба да се премине (силување? расизам? домашно насилство? лгбт?). Цензура на слободен говор или почитување на сензитивните теми. Со тоа кажано, најверојатно јас сум станала дебелокожец и циник ама уште не знам што толку лошо кажа Крис Рок. Џи Ај Џејн со Деми Мур беше ок филм, за силна жена, фраерка. И Фјуриоса беше исто со бричена глава.

    Како и да е, насилството никогаш не е ниту одговор, ниту решение. И не само што не ја заштити, ниту одбрани честа на сопругата ( :^)), туку со ова само се осигура дека до крај на живот и двајцата ќе ги следи овој инцидент, ниедно интервју нема да помине без прашање за Оскарите 2022. А штом на Џејда толку и била сензитивна темата на алопецијата и немањето коса, сега после оваа глупост вниманието на светот е насочено кон нејзината слаба точка чисто благодарение на однесувањето на маж и. Мене искрено жал ми падна за жената.
     
    На Indiegurl, Cosmic Girl и Ketchup им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    На nextredstyle и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    Вкус не се купува, очигледно.
    Ама во случај на оскариве, каде што зад секој актер стојат цели тимови професионалци, би требало изгледа многу луѓе да се погодат со ист вкус, или би рекла без вкус.:D

    Мислам дека заради тоа што сите се трудат да бидат што е можно поразлични од другите и со тоа запаметени, прават кардинални грешки заради кои нивните модели (глумиците) личат на модни жртви а не на модни икони.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.019
    Пол:
    Женски
    Жити модата.Ко избегани од лудница. :D


    Не верувам дека инцидентот е наместен.Изразот на лицето на Џејда не вели такво нешто.
    Како и да е...
    И Крис и Вил претераа.
    Колку што не е во ред да се шегуваш со нечија болест, толку не е во ред и да удриш некого.Вил прво се насмеа, па одбра насилство.
    Едниот можеше да одбере подобра шега, а другиот можеше со зборови да му каже дека таквата шега не е во ред и да побараше да ѝ се извини на Џејда.
     
    На Cosmic Girl, Feminka22 и elimkd им се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    Оваа случкава со Вил Смит мислам дека не е наместена, барем според она што говори телото и ликот на учесниците, без разлика што се првокласни глумци. Ја гледав снимката и забележав искрени емоции и кај двајцата. Непријатната тишина од неколку секунди што настана после инцидентот во преполната сала беше доказ плус дека не е наместено.
    Ич не сакам вакви драми ама нешто ми штрчеше во работава и ми се враќаше прашањето од каде излезе шлаканицата? Сите фактори ми се мотаа во глава од болна жена што имал потреба да ја заштити до гласините за нивниот отворен брак, до бизарниот говор што после го даде на сцена кога го прими оскарот. И се ми се чини дека и тоа како е поврзано со нивната врска.
    Судејќи по неговото однесување и она што го изнакажа во говорот, мислам дека Вил Смит се осеќа инфериорен во врската со Џејда, во која покрај него си имала врска и со друг/и. Реално таа во него не нашла се што и треба од еден маж штом си побарала некој друг (за секс, муабет, забава, и што и да е што и фалело). За таа инфериорност (чуство на помала вредност) како маж и чуството дека тој не и е доволен на неговата партнерка, тој мора да компензира за да си го сочува егото ама мора и реално да работи зашто сака да ја задржи до себе и да избегне идни афери. Затоа се труди да биде вистински маж за неа (и со тоа да се осигура таа да биде задоволна од него и да остане со него) ама на начин кој тој претпоставува дека еден вистински маж треба да изгледа и да се однесува. Има некој свој стереотип за вистински маж кој тој се труди да го претставува. Веројатно некој кој ја штити жената, некој кој е силен, јак и борец - сето ова и го изнакажа во говорот...за жал ништо од ова не демонстрираше, напротив спротивното излезе:

    Слаба самоконтрола на емоции - ако на волку јавен, гледан настан не се воздржа да манифестира бес, тогаш каков ли е во други ситуации
    Дека не прифаќа одговорност зад своите постапки - ги нареди сите виши сили од господ до ѓаволи, од асоцијација со ликот од филмот, па до стрес како причини зад однесувањето во својот говор, но себе не се спомна воопшто.
    Тотално го заборави лицето што го нападна, што нему му направи, а можеше да го повреди сериозно и ненамерно- не му се извини, ама од друга страна беше сосем свесен дека можеби си го наруши својот углед во академијата пошто неа и се извини. Кога ќе згреши значи си го гледа својот гз и тој да се извлече...
    Сака да биде заштитник ама не знае како, на начин кој е во склад со општесвени норми и без агресија.
    Се на се крајно незрело. Многу деца го имаат за идол, многу лош пример им даде со испадот..
     
    На christinnn, Kasiopaja221, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.930
    Пол:
    Женски
    Тие креации горе се најлошите, реално повеќето беа преубави. Иако додуша на забавата после оскарите повеќе ми се свиѓаа.
     
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    Многу прашања им отворија на академијата. Може целава лоша работа ќе излезе и за поголемо добро на крајот.
    Дали е ок да се исмеваат присутните за забава? Нешто што со години е пракса на оскарите. Ок, интересно е на големите фаци да им „спуштиш„ малку ама до каде е границата? Кога некоја шега станува невкусна и претерана? Лично шегата на Крис не ми беше мене лично претерана, туку реакцијата на Вил, која делуваше дека беше причинета од еден куп негови проблеми кои му се одвивале длабоко во него, искрено. Но прашањето за потсмевањето како форма на забава останува.
    Исто и реакцијата на организаторот на инцидентот. Нема ли некакво обезбедување кое би излегло пред оние кои не треба да се на сцената и би ги спречило. Сепак имаат проби пред почетокот и добро си ги знаат сите своите места.
    И последно прашање е дали ќе му се прости агресијата на Вил само зашто е еден од академијата? Човекот удри друг, си зема оскар и никому ништо. Дали ќе заташкаат? Крис можеби не го тужи но академијата ќе мора да реагира. Инаку потврдува она што последниве години станува се појасно, дека филмската индустрија преќутува пред еден куп погрешни, насилни и криминални работи кои се одвиваат во неа.
     
    На christinnn, Idedemja, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.263
    Допаѓања:
    12.237
    Пол:
    Машки
    Не знам зошто комедијата и стенд-ап комичарите се земаat здраво за готово. Претпоставувам во однос на посензитивни теми индивидуално е како ќе го перцепираш нештото, но самите тие тоа сериозно не го мислат. Тоа е и суштината.

    Потполно се согласувам со толкувањето за реакцијата на Will. Постои видео каде Will во времето на Fresh Prince на едно интервју се шегува за ќелавоста на еден од членовите на бендот во емисијата каде шо гостува. Целата фамилија од прв до последен страшно ми се одбивни, не им е прв пат да изиграваат жртви до даска. Во последно сите вести поврзани со нив се предмет на некоја драма, скандал и сл. Машала и децата ептен добро ги воспитале, дури мислам дека не постојат поразгалени деца од нивните во Холивуд, тука се негде со децата на Kortney.
     
    На Cosmic Girl, Daniela93 и elimkd им се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    D2C39D72-5F6A-401F-87DC-F96F86D1CBDE.jpeg
     
    На Kasiopaja221 и etoile им се допаѓа ова.
  17. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    Еве ги, најубаво облечените :inlove:
    zen.jpg
     
    На Dancewere, elimkd и KateKane им се допаѓа ова.
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно
    И физички убави, млади, самоуверени, ем нема ништо вулгарно.
    Преубави
     
    На Matotheja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.118
    Пол:
    Женски
    :inlove:
    FB_IMG_1648736018659.jpg
     
    На christinnn, elimkd, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.091
    Допаѓања:
    26.926
    На elimkd, KateKane и Ugly Duckling им се допаѓа ова.