Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оскари 2023

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Mishela, 24 јануари 2023.

?

Оскарот за Best Picture би требало да оди кај:

Анкетата е затворена на 14 март 2023.
  1. All Quiet on the Western Front

    3 глас(а)
    7,5%
  2. Avatar: The Way of Water

    15 глас(а)
    37,5%
  3. The Banshees of Inisherin

    2 глас(а)
    5,0%
  4. Elvis

    6 глас(а)
    15,0%
  5. Everything Everywhere All at Once

    6 глас(а)
    15,0%
  6. The Fabelmans

    1 глас(а)
    2,5%
  7. Tár

    1 глас(а)
    2,5%
  8. Top Gun: Maverick

    4 глас(а)
    10,0%
  9. Triangle of Sadness

    1 глас(а)
    2,5%
  10. Women Talking

    1 глас(а)
    2,5%
  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    Ако се фер сите награди ќе идат кај "Everything All At Once". Секојдневна добропозната приказна прикажана на екстремно уникатен луд начин: малце заебаниот однос помеѓу родител и дете, конкретно мајка и ќерка. The good old средновековна криза, што би било кога би направил друг избор како млад.
     
  2. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    12.409
    Пол:
    Машки
    Мислам дека од денес почнува да се емитува во кината низ Америка, така да наскоро и на торент.. :D
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.968
    Допаѓања:
    81.300
    Пол:
    Женски
    На TV time ми покажа дека на 21 декември му била премиерата и затоа се зачудив како може сè уште да го нема. Кино не ми бега ако треба уште месец дена да чекам торент. :D
     
  4. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    По почетокот на The Banshees of Inisherin мислев дека ќе оди во сосема различен правец. Немам ниту еден друг филм гледано со Колин, меѓутоа во филмов мислам дека е полн погодок и мене скроз ме освои.
    И јас пуштив солза за магаренцето. :D

    Од Стивен Спилберг исто така немам многу филмови гледано, за да кажам дали The Fabelmans е од подобрите, или од полошите во неговата филмографија, меѓутоа филмот сѐ на сѐ е ептен фин. Исто така во доста моменти ме фати на емоција. Можеби беше малку подолг од што треба, меѓутоа ми се допадна.
     
    На RainBow, sweet-cherry, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    I guess, прашање на вкус е. Мене ми се допадна бајаги Бабилон. Всушност, како може да не е номиниран во ниту една категорија?!
    Улогата на Margot Robbie поготово... :clap::dance:
    Игра сензуално во неколку наврати, плаче, вришти, емотивна е, нервозна, сексуална, луда, секоја чест за улогава!
    Цело време додека го гледав филмов ми поминуваше мислата дека вајбот и музиката премногу ме потсеќа на "La la land", па откако го изгледав, ѕирнав режисер... и да ти бил Damien Chazelle.
    Малце ме иритираше тоа, иако го сакам Ла Ла Ленд. Затоа пак, музиката у филмов е одлична! Ме потсеќа на Sons of Kemet, а можда има и нешто нивно во некоја сцена, треба да ѕирнам.

    Во секој случај, филмот иако е 3 саати, супер е, многу енергичен, со интересни ликови и бајаги акција. И хумор (сцената кога снимаат сцена за филм и сцената со змијата). (y)
     
    На boomsleng и Mishela им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.968
    Допаѓања:
    81.300
    Пол:
    Женски
    Фала што ми даде мотивација, @MissChievous. ^_^
    Како што видов, номиниран е само во две категории - costume design и music (original score).
    Во превод - за тотално небитни работи. :D

    Всушност, костимографијата и не е така небитен дел, ама мислам ми ја сфативте поентата. Иако сè уште не ми е гледан, некако очекував Марго Роби да ја видам номинирана за оскар, не знам зошто ама ете. Ќе го гледам и ќе пишам впечатоци, викендов ни Топ ган не успеав да го погледнам, ништо. :doh:
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    Музиката е на Justin Hurwitz, истиот од "La La Land" кој зема оскар во 2017 за музиката на овој филм. Веројатно ќе земе и сега бидејќи е ремек дело. :inlove:

     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    29.347
    Пол:
    Женски
    Го изгледав Pinocchio на Guillermo del Toro, типично во негов стил, само мислам дека за ептен мали деца не би го препорачувала, онаа Дизни верзија е сепак мојата омилена. Солиден е, ама не е мојот фаворит за анимиран.

    Го изгледав и The sea beast и искрено не очекував толку дека ќе ми се бендиса цртанот. Ептен слатка приказна, со likeable карактери, i can see зошто има номинација за Оскар.

    И вчера вечерта го пуштив The banshees of Inisherin. Прво морам да кажам дека филмов не е за секого. Многу спор почеток има, околу 20 минути in се мислев да го изгасам. Ама го продолжив, и искрено ме расплака што воопшто не очекував од филмот. Colin Farrell глуми маестрално.
     
    На boomsleng и Ketchup им се допаѓа ова.
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    9.251
    Пол:
    Женски
    Од номинираните за Best Picture го немам гледано уште Women Talking. Мислам дека оскарот ќе заврши кај The Banshees of Inisherin, или кај Everything Everywhere All at Once, некој од тие два.
     
    На boomsleng и Ketchup им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.086
    Допаѓања:
    66.937
    Пол:
    Женски
    Има излезено торент за The Whale, конечно.
    Го изгледав Аватар, се мислам и посебна тема да отворам.
    Предобрар, пре, сега сум за Аватар да земе оскар за најдобар филм. :D
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    Ги изгледав и "The Whale" и "Women Taking". Тешки филмови за гледање, со многу важни пораки.

    Во Китот има бајаги теми за разглабување, помешани се религија, хомосексуалност, родителски односи, партнерски односи, односи со храната... еден куп психологија. Улогата на Фрејзер е врв, дефинитивно не смеат да наградат друг годинава. Ми се допадна и улогата на ќерка му (девојчето од Stranger Things).

    Жените зборуваат ме скина. Како жена, како мајка, како ќерка. Ако овој филм не земе за филм на годината, боље нека нема више оскари, нека угасат засекогаш. Искрено, зошто покрај филмов воопшто се праи муабет за досадниот филм со Колин Фарел?
     
    На boomsleng и Dancewere им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.968
    Допаѓања:
    81.300
    Пол:
    Женски
    Women Talking ме осакати, начисто ме уништи. The Whale го исплакав, сè уште ме држи тоа горко чувство, не ме остави рамнодушна. Аронофски знае да забега, ама овој пат не можам да најдам замерка. Многу ме погоди филмот, некако ликовите направија до толку да сочувствувам со сите нив, направи да се запрашам за толку многу нешта, да ме боли ко мене да ми се случувале работиве, ко заедно да минувавме низ сè што се случувало. За дел од постапките не се ни согласував со нив, но тоа и воопшто не беше битно - не беше поентата да се согласиме, да одобриме, негираме или нешто слично, едноставно само ја ислушуваш сечија страна и те боли за сите. До толку сраснаа ликовите за мене, како минува време сè повеќе ми се допаѓа филмов.
    Те читав во темата со рецензии @MissChievous и потполно делам мислење со тебе, исти впечатоци за двата филма имав.

    Се надевам ќе оди оскарот кај Брендан, би било тотално заслужено. Само сè некако си мислам дека ќе има пресврт и Остин Батлер ќе го добие, но ај да видиме. (tumbleweed)

    Се спремам Babylon да го гледам и тоа трае со недели веќе. Се надевам викендов навистина ќе успеам да го чкртнам и него од листата. Ептен се развлеков, сè ми останува на намерата "сакам" и толку. Битно да се има желба, па сега...:D
     
    На boomsleng, sweet-cherry, Dancewere и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    16.731
    Пол:
    Женски
    И јас навивам за Брендан да победи, Остин доби бафта, ред е Брендан да добие Оскар, многу подлабока улога и подобар филм.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.086
    Допаѓања:
    66.937
    Пол:
    Женски
    Women talking значи треба да се изгледа. Ќе го гледам баш вечер.

    The Whale мене не ми беше некое откритие, не како што очекував. Ми фалеше нешто.
    Брендан беше одличен, навистина го заслужува оскарот. Елвис не сум го гледала, не знам колку била захтевна таа улога, ама оваа на Брендан беше страшна, секоја чест.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.968
    Допаѓања:
    81.300
    Пол:
    Женски
    Сличен концепт како Китот има и овој со жениве, сконцентриран во една соба (штала) и сè се случува тука. Само што има наратор. Сум спомнувала низ темите, ич не сакам филмови со наратор, ми одзема од убавината сама да доживеам нешто, ама овде беше полн погодок и воопшто не ми сметаше.
    Кај Елвис премногу ме нервираше ова со нараторот на пример.
    А и некако целиот концепт на филмот беше што знам...мех. Го доживеав ко адаптација некоја за да им го доближи ликот и делото на Елвис на young adult публиката.
    Нешто ми недостигаше за да кажам дека е одличен. Супер почна и одеднаш ко да го претрчаа целиот негов живот и дојде филмов до некаков крај. А не е краток да речеш, баш напротив. Остин Батлер ептен го зачини филмов со шармот и харизмата. И мислам дека луѓево баш поради него го обожаваат филмот па лобито за него е силно. А онака, филмот како филм и не ми остави впечаток, има далеку подобри biopics. Овој за Фреди Меркјури од пред некоја година - едноставно ненадминлив, во секоја смисла.
     
    На Ketchup, RainBow и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    9.251
    Пол:
    Женски
    Ги гледав сите номинирани од списокот, па да напишам нов осврт.

    All Quiet on the Western Front
    - уште една екранизација на антивоеното ремек-дело на Ерих Марија Ремарк, "На запад ништо ново". Во последно време размислувам за овој филм повеќе отколку кога го изгледав, што е знак дека старее добро и воедно ми е на врвот на листата германски филмови по долг период. Се што филмот пренесува е веќе познато за секој кој не е усијана глава, ги разбира овие теми и ја знае историјата, но она што дава дополнителна тежина е моменталната ситуација во светот со која забележав дека се повлечени неколку паралели, додека насловот, особено во англиска верзија е доволен да те полазат морници these days. Сосема заслужена номинација. Најверојатно му следува оскарот за најдобар интернационален филм (не ги гледав останатите, не знам), а овој главниот оскар, не верувам затоа што би му дошол некако политички, а и собра досега филмот други награди и признанија.

    Avatar: The Way of Water
    - Аватар 2 за чудо ми се допадна и ми се допадна повеќе од првиот дел иако тој беше тематски поразработен.
    Аватар како концепт за мене бил малку иритирачки, но овој пат последните (мислам дека беа) 45 мин. понудија многу возбуда и емоција, филмот се претвори во моќна приказна за родители и деца. Уште една заслужена номинација. Оскар за најдобар филм не му прогнозирам затоа што е некомплетиран, заврши како најава за продолжението кое едвај го чекам + не е слоевит како првиот.

    The Banshees of Inisherin - се уште мој фаворит иако направи да се чувствувам виновно додека го гледав (и јас така имам ghost-нато луѓе од слични причини) и иако очекував повеќе митологија, хорор, сепак овој филм е најоригинален, сите останати кандидати ме потсетуваат на некои други некогаш гледани. Покрај тоа, хуморот ме насмеа. Во претходен пост спомнав дека е ирски филм, да допрецизирам - ирско-британски е.

    Elvis - овој не требаше да биде во конкуренција. Елвис Присли заслужи подобро, зошто да не и некоја посериозна драма. Против актерот немам ништо, ама не покажа ни зрно од харизмата на Елвис. Ликот на менаџерот беше клучен, но Том Хенкс го направиле карикатура, како излезен од анимиран филм. Музиката - масакр на песните на Присли. Филмов го доживувам како за помали тинејџери и деца од 11-12 години. Имам читано и гледано многу за Елвис и не ми се допаѓа ова, направиле ревизионизам на неговиот живот за да се вклопи во денешните светогледи.

    Everything Everywhere All at Once - во овој филм има за секого по нешто, но најмногу ќе се поврзат родителите, како и можеби припадниците на ЛГБТ заедницата. Мене ми беше тажен. Што вреди и сознание дека си дел од нешто големо и мултиверзум со бесконечно многу можности ако на крај се соочуваш со една иста реалност која мораш да ја прифатиш како секојдневна борба. Џобу Тупаки имаше право, се е бесмислено. Инаку филмов е профи снимен и интересен со необично дејствие, ама ме потсеќаше на филмови од 90-те и рани 2000-ти со Џеки Чен и тепачки, а и на поновиве азиски.

    The Fabelmans - како режисерот со децении да собирал во себе додека да стане доволно обожуван за да може да се одмазди преку филмот. Мене ми падна жал за луѓето од неговото минато кога подобро размислив, решето ги направи. Можеби заслужиле, тоа никогаш нема да го дознаеме бидејќи се видовме низ неговата перспектива. Но, сфаќам зошто филмот е номиниран, премногу се отворил, посебно трогателната сцена при крај кога Семи живееше во стан со татко му мислам дека ептен открива. Ова е полуавтобиографски филм и многу работи остануваат под знак прашалник. Глумата беше одлична, бевме сведоци на неколку феноменални изведби. Режијата одлична. Приказната not my cup of tea.

    Tár - ми се допадна, поинаков пристап кон една проблематика. Кејт со својата глума и појава му даде естетика на филмот, го направи лесно гледлив, барем за мене.

    Top Gun: Maverick - визуелно филмот ми е најдобар, уште повеќе ми се допаднаа сите пораки во филмот и како се дополнуваат, пред се мотивацијата за повозрасните дека нивното време не е завршено и дека се уште во овој свет на напредни технологии, човечкиот допир, вештина и умешност се одлучувачки. Единствена замерка имам што некои моменти беа банални, како за поширок аудиториум. Без нив овој филм ќе имаше и поголеми шанси за оскарот. Акција, носталгија, Том Круз и композиторите :clap: :sun: :*: :bow:

    Triangle of Sadness - интелигентно склопена приказна во дадениов општествено-политички контекст, инаку типичен скандинавски филм, без разлика што е говорен на англиски јазик и дејствието сместено во луксузна јахта или во тропска дивина, дури и глумата на актерот во главната улога, иако Англичанец беше во скандинавски стил.
    Актерката која глумеше негова партнерка починала минатото лето на 32 години :|

    Women Talking - поради неколку манијаци, се распаднаа цели заедници. Најемотивниот од сите, но не би требало да го земе оскарот затоа што крајот е според ланскиот рецепт на CODA, разделба, заминување и почнување на нов живот. Одличен избор на музика (y)
     
    На awkey и boomsleng им се допаѓа ова.
  17. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Women Talking опфаќа тематика за која размислував пред некое време, откако слушнав приказна со слични случувања. Иако самиот филм не е базиран на конкретна вистинска приказна, застрашувачки е колку нецивилизирани општества постојат и воопшто немаме претстава за тоа каков живот живеат. Овој филм и The Banshees of Inisherin некако ми се најдлабоки содржински.

    Во меѓувреме го изгледав и Tár и мислам дека е доста јак филм. Кејт е феноменална ко и секогаш.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BrainDamage

    BrainDamage Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2019
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Дали Аватар е достапен за да може да се гледа негде на нет?
     
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    9.251
    Пол:
    Женски
    Го има, побарај на страните што се на англиски јазик.

    Јас подробно размислував за проблемот лани, кога јавноста дигна прашина на слична тема. Многу од моите заклучоци препознав во Women Talking.

    А злоупотреби како во филмот се вина на неколку извртени умови кои воспоставиле контрола врз останатите и од раѓање ги држат во незнаење. Да не биле тие, разумот би преовладувал и не би се живеело ниту на рудиментарен начин. Ама ова се може да се препознае и надвор од таквите религиозни следби. Целото општество страда поради всадени погрешни замисли кои на некои им одговара да си виреат. Инаку, саат време од почетокот на филмот како да гледав школска приредба, дури отпосле се поправи и веќе напишав, завршетокот ме потсети на CODA, колку и да се различни тематски.

    Јас сум за Баншите, најуникатен. На запад ништо ново може да помати сметки. Топ Ган: Маверик е стварно топ филмче со многу побогата содржина од она што накратко чкртнав, ама не мислам дека ќе земе. За Триаголникот баш @Ketchup мислам дека напиша оти го потсетува на Паразит и се согласувам. Тар ако освои, тоа може погрешно да се сфати. Од Everything, Everywhere не сум под импресии веќе. Ама да не се повторувам. На Спилберг гледајте ги Шиндлеровата листа, Амистад, Бојата на пурпурот, Дуел, ако сакате да погледнете натпросечно добри филмови. Фабелманови не ми е на тоа ниво.
     
    Последна измена: 1 март 2023
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    29.347
    Пол:
    Женски
    Да докоментирам на кратко тоа што догледав, не успеав сите ама тоа е.

    Turning Red е ептен слатко анимирано филмче, ама искрено не ми е фаворит со оглед на јаката конкуренција во цртаниве.

    Women talking ме утепа емотивно, филмиште. Ова е филм за Оскар. Глумата, музиката, напнатоста на сцените, одлично изведено.

    The whale ми беше лично тежок за гледање, што ми е типично за филмови од Аronofsky. Brendan Fraser глуми маестрално и ми е фаворит за оскар за главна машка улога, и го заслужува.

    TÁR, не знам дали дека сум во некој чуден муд деновиве, го прекинував и го гледав на неколку пати. Меѓутоа морам да ја пофалам Cate Blanchett ме воодушеви во филмот.