На РТС1 има, ама сега гледам дека нема веќе на нет да ја гледаш програмата. Кај нас нема ли да емитуваат? Иначе, ако не, Free Trial на YouTubeTV и одма кенсл после оскарите. Ах, сега пробав, ни тоа не е available кај нас.
Пробувам на Hulu да направам акаунт, ама ми дава We can't verify your email now. Од кај нас пренос нема. За што купував snacks јас. А океј најдов на HRT 1 има пренос.
Ве прочитав овде, поима немав дека се Оскарите вечерва, не дека ќе гледам ама барав филм за гледање па ве ѕирнав. Лошо потрошени 40 минути на Women talking, исклучив на пола. Сериозно? СЕРИОЗНО? Секој јутуб документарец на разноразни комуни од овој тип е пореален и подобар. Па и транс лице вметнале за квота, свашта. Неписмени жени, какви што би требало да бидат во вакви примери, зборуваат ко да се учени од Аристотел лично, плус со разум ко да успат редовно следат онлајн селф хелп коучинг. Разбирам, филм е, али претерале. Толку вештачки, со секој изгледан филм ми е се повеќе јасно зошто скоро и да не гледам веќе. Уште на Китот ќе му дадам шанса.
Во исчекување на 95 доделување на најпрестижните награди на планетарно ниво - оскарите да дадам краток осврт, мислење за номинираните во различни категории, за очекувањата, впечатоците од филмските остварувања по различни категории. Како и секоја година највеќе внимание привлекува категоријата најдобар филм, во оваа категорија се номинирани 10 филмови кои оставиле траен белег во изминатата 2022 година и според членовите на академијата за филмски уметности треба да влезат по потесен избор во оваа престижна категорија за оскар. Мора да се потенцира - нагласи промената на политиката на самата академија во поглед на можноста и прифаќањето на филмови од англиско неговорно подрачје да можат да се натпреваруваат во категоријата најдобар филм, нешто што беше незамисливо до пред неколку години, со победата на Паразит, потоа номинацијата на Вози ја мојата кола на јапонскиот режисер Рисуке Хамагучи кој беше минатата година еден од фаворитите за оскар во повеќе категории се до годинешниот фаворит Everything Еverywhere Аll Аt Оnce филм кој се закити со 11 номинации за оскар убедливо најповеќе од сите филмови. Започнува нова ера во освојувањето на Холивуд од страна на странски филмови, нешто на што можеа да се надеваат и беше резервирана за нив категоријата најдобар филм од англиско неговорно подрачје, таа практика денес е скоро целосно напуштена. Холивуд постепено се отвора, станува пристапен и достапен за голем број филмови од разни краеви на светот, добива на инклузивност и интегративен пристап во вистинска смисла за светската филмска елита. Последниве неколку години во овој дел преовладуваат филмови од азиската кинематографија но во иднина во ова елитно филмско друштво можат да се најдат и голем број други филмски остварувања од разни делови на земјината топка. Во категоријата најдобар филм фаворит е филмот Се секогаш се одеднаш со 11 номинации за оскар, несекојдневен и интересен концепт на филм, со одлична актерска екипа, режија, специјални ефекти, дали ќе триумфира на оскарите ќе видиме, постои факторот на изненадување кој повеќекратно е присутен во последниве години и можно е да се повтори и на ова 95 издание на оскарите, најзериозен конкурент на фаворитот е ирскиот филм Духовите од Островот. Фабелменови е исто така во најсериозните кандидати во оваа престижна категорија - уште едно одлично филмско остварување од легендарниот Спилберг - полуавтобиографски филм, филм со кој Спилберг ја потврди репутацијата на одличен раскажувач, сценарист, режисер, изборот на актери е вистински погодок почнувајќи од Мишел Вилијамс, Габриел Ле Бел, Џад Хирсч, Сет Роген. Иако филмот на моменти има бавно темпо, одлично е склопена приказната, ова е филм за правите, вистински сладокусци кои знаат да уживаат во филмот како уметничко дело, слични филмови се Cinema Paradiso (неприкосновен) на маестралниот Џузепе Торнаторе, Хуго на Мартин Скорсезе, три врвни имиња - великани во филмската индустрија, заедничкото, допирните точки на овие филмови на тројцата великани е љубовта кон киното, филмот како уметничко дело. На запад ништо ново е германски филм кој преставува вистинско изненадување во оваа категорија, не се очекуваше да добие номинација во оваа категорија, тој фактор на изненадување на кој претходно укажав може да важи баш за овој филм, има шанси но ќе видиме како ќе помине на оскаровската вечер. Дефинитивно еден од најдобрите германски филмови.Сепак според мене неприкосновен во оваа категорија на германски филмови е маестралниот The lives of Others(2006) Елвис филм посветен за кралот на рокенролот Елвис Присли, и во овој филм Баз Лурман го задржува неговиот стил претходно прикажан во филмовите Мулен Руж, Големиот Гетсби, таа нота на спектакуларност провејува и овде, вистинска ѕвезда, носечки столб на кого треба да му се оддаде највисоко признание е Остин Батлер. Аватар патот на водата - продолжение на првиот дел на Аватар, претставува импресивно визуелно доживување со одлична емотивна приказна и режија на Џејмс Камерун. Топ Ган Маверик - еден од подобрите филмови снимени во 2022 година, заслужена номинација, вистински погодок и одлично продолжение на првиот дел на Топ Ган, сите љубители на овој серијал ќе бидат потполно задоволни од ова одлично филмско остварување. Лично кај мене ги надмина очекувањата. Останатите филмови Тар, Жените Зборуваат, и Триаголник на Тагата имаат помали шанси за добивање на златна статуетка. Да напишам неколку збора за еден филм кој сметам дека неправедно беше изоставен од номинациите се работи за филмот She Said, филм базиран на вистинска приказна во стилот на Spotlight ,филм со голема важност, значење и тежина, филм со висок импакт фактор, филм кој требаше да добие поголемо внимание и номинации во категориите најдобар филм, женска споредна и главна улога и најдобро сценарио. Најдобра режија - во оваа категорија битката ќе се води помеѓу Даниел Кван(Се секаде се одеднаш) кој важи за фаворит, Мартин Мекдона(Духовите од Исшерин) може да изненади со победа, вистинскиот победник во оваа категорија треба да биде Стивен Спилберг кој тоа целосно го заслужи со својата маестрална режија на филмот Фабелманови. Најдобра женска главна улога - Кејт Бланшет е фаворит во оваа категорија доколку го освои оскарот тоа ќе и биде трет по ред освоен оскар после освоените оскари во филмовите Авиатичарот на Мартин Скорсезе за споредна женска улога и Blue Jasmine на Вуди Ален каде освои оскар за главна женска улога со тоа ќе и се придружи на нејзинa колешка Мерил Стрип по бројот на освоени оскари. Мишел Јео е солидна актерка, ова и е прва номинација за оскар која може да биде преточена во оскар што ќе биде голем успех и постигнување за неа. Ана де Армас е изненадување во оваа категорија, никој не очекуваше да добие номинација иако за волја на вистината сосема коректно ја одигра улогата на Мерилин Монро, ова и е досега најдобра улога во нејзината кариера, го долови ликот на легендарната Монро физички одлично и психички коректно, иако ќе кажам дека Мишел Вилијамс го долови ликот на Мерилин Монро посебно нејзината емотивна страна (ранливоста - вулнерабилноста) далеку далеку подобро во филмот Мојата Недела со Мерилин. Ќе направам паралела помеѓу Ана Де Армас и Кристин Стјуарт каде двете коректно ги одигруваат ликовите на Мерилин Монро и принцезата Дајана од страна на Кристин во Спенсер и двете ги имаат најдобрите перформанси во својата досегашна кариера. Кога сме кај Мишел Вилиамс ова и е 5 номинација за оскар, оскар кој реално го заслужува оваа феноменална актерка една од најдобрите актерки на филмската сцена. Андреа Ројзборо има помали шанси за оскар во оваа категорија. Најдобра машка улога во оваа категорија трката ќе се води помеѓу Остин Батлер, Брендан Фрејзер и Колин Фарел. Може да се повтори историјата со неговиот колега Рами Малек кој беше исто така номиниран за улогата на легендарниот музичар Фреди Меркјури и го освои оскарот за таа улога. Остин Батлер има големи шанси за добивање на златната статуетка за одличната изведба на ликот на Елвис кој го долови до совршенство. Исто така големи шанси за оскар има и Брендан Фрејзер на кого ова му е прва номинација која може да ја круниса со оскар. Феноменална улога исто така од страна на Колин Фарел кој може пријатно да изненади во оваа категорија. Одлични улоги и на Бил Најли во( Living) и Пол Маскал во (Aftersun) Споредна женска улога Ангела Басет, Кери Кондон, Хонг Чау, Џејми Ли Кертис, Стефан Ксу, иако Ангела Басет од Црниот Пантер важи за благ фаворит, во ова категорија може пријатно да изненади Џејми Ли Кертис која доколку го добие својот прв оскар тоа ќе преставува неизмерна радост за неа, на доделувањето на Саг наградите кога го слушна нејзиното име од радост ја бакна нејзината колешка Мишел Јео. Споредна машка улога благ фаворит во оваа категорија е Ке Хеи Кван, но одлични во улогите се и Брендан Глисон кој заслужува оскар но и Џуд Хирч е феноменален со неговата улога во Фабелменови. Најдобар интернационален филм оскарот најверојатно го освојува германскиот филм На Запад Ништо Ново Најдобар анимиран филм фаворит е Пинокио на Гиљермо Дел Торо кој ќе го земе оскарот во оваа категорија Најдобра кинематографија оскарот во оваа категорија ќе го освои или James Friend за филмот на Запад Ништо Ново или Роџер Дикинс за Империја на Сонцето. Водител на оскарите ќе биде познатиот Џими Кимел се очекува организациски да помине се беспрекорно во најдобар ред, од безбедносен аспект се превземени сите превентивни мерки со цел да се избегнат инциденти после немилиот настан минатата година со Вил Смит и Крис Рок. Останува да се препуштиме на уживањето, гледањето и следењето на ова гламурозно шоу, најпрестижен настан во филмската индустрија на планетарно ниво.
нема да има на некоја мк тв? мислам дека некаде сретнав реклама/најава Се бара Миланка да се јави на главна каса
Bi sakala Ana de Armas da osvoi oskar za najdobra akterka i da se zatvorat ustite na hejterite, no ne veruvam deka toa kje se sluchi, tokmu poradi faktot deka ni fimot ni ulogata ne bea najdobro sfateni i prifateni od javnosta. Vo mashkite kategorii, favoriti mi se Kolin Farel i Brendan Glison vo najdobriot (spored mene) film izminatata godina.
Мене иако не ми се свиѓаше филмот, ептен ми е мило за неа. После толку години во индустријата, прва номинација, а и победа.