Онака кога ги гледам до пола сликите од Ема Стоун, скроз е прекрасна, ова мислам дека ѝ е најдобар лук досега во поглед на шминка и фризура, е сега завршетокот на фустанот можел да биде подобар... Исто и на Били Ајлиш ми се допаѓа шминката и фризурата, ама аутфитот... Иако почитувам поинаков тејк на некој бренд и прилагодување врз основа на нечиј индивидуален стил, Шанел ми е премногу ограничен за тоа. Мислам дека нема баш простор за креативни експерименти кога станува збор за брендот, секој поинаков тејк делува ептен лошо. Исто ко Ким кога носеше Шанел палто, со хеланки, буквално само не изгледа океј. Засега најдобра ми е Зендаја, она и Ла Роуч никогаш немаат утка.
Препресреќна сум за Давин. Сосем заслужен оскар, одлична беше во улогата на Мери. А Џими Кимел со хехе хуморот, леле не можам да го поднесам.
За Emma Stone се разочарав, ко чаршав за на маса ми е фустанот, плус па пеплум Били ми личи ко да прави revival на Шер од Clueless. Марго многу обично ми изгледа некако, очекував повеќе. Инаку мој омилен look за вечерва е убедливо Anya, и Зендаја ми е одлична. До сега ги погодив цртанот и женска споредна улога Сосема заслужено за Давин!