На 123movies. Инаку, го гледав и Sentimental Value. Добар филм. Приказна за комплициран однос меѓу ќерки и татко. Ми држеше внимание. Стелан одлично изглуми, ама глумиците кои му играа ќерки не се покажаа баш најдобро.
Зошто? Баш природно изгледаа девојките/жените... Ауч, никаква снимка. Ја не можам да гледам филм така, скроз го минимализира ефектот. Ќе причекам уште некој ден за добра снимка.
Ако имаш добар антивирус, за Marty Supreme можеш да проверуваш кога ќе го стават и на filmoviplex и onlinesaprevodom и да пробуваш на разни сервери. Само на првиов вебсајт има повеќе реклами, па ќе треба повеќе пати да кликаш на иксот. За актеркиве во Sentimental Value, па некако мрзеливо глумеа. Како да не им се работело.
Не, тоа е поентата на филмот, да изгледа како да е снимено секојдневието на семејството. Како и да е: нема потреба да проверувам, некаде на почеток на февруари ќе има добра снимка од Марти. Фала за препораките, во секој случај.
Train Dreams ми се допадна како приказна, ама па претажен филм е. Спојлер Роберт се измачи. Таман си ја најде среќата, му се лизна од раце.
Hamnet исто е тажна приказна. Спојлер Држи внимание. Може да се сочувствува со ликовите за загубата иако не ми допадна баш однесувањето на Агнес. Пол супер се снајде во улогата на Вилијам, но Џеси потфрли со својот мрзелив изговор. Сепак филмов вреди за Оскар. Weapons личи како дело на дрогирана будала. Можеше да биде одличен хорор да беше бар малку опишано потеклото на Гледис, не да чекаме да видиме дали ќе има приквел филм. И крајот на филмов не беше добар. Некој друг можеше да ја среди Гледис. Нема да се разочарам ако не добие Оскар.
Дап. Изгледав 9/10 Best Picture Nominees. Слаба година. Поучни и имaат значење, ама некои теми се повторуваат и се пресликуваaт од други филмови. Овој пат ќе се согласам со мнозинството, Sinners треба да го добие Оскаров. Ми се допаднаа и Bugonia, кој го оценив субјективно највисоко, и бразилскиот O agente secreto. Но ништо чудно да го наградат One Battle After Another во главната категорија, филмот го опишува американското општество моментално. Не требаше да коментирам пред да го гледам Sentimental Value.
Мене многу ми се допадна "Нирнберг". Одлично е опишан ликот на Геринг и доловени се неговите мотиви. Не е ли номиниран филмот во некоја од категориите? Барaм, барам, го нема во листите.
Досега ги гледав Frankenstein, Sentimental Value и Marty Supreme. Франкенштајн од сите овие најмногу ми се допадна. Од Sentimental value очекував повеќе бидејќи the Worst person in the world ми беше ептен кул филм, ама овогодинашниот не ме воодушеви нешто, сепак не е лош. Марти го гледав вчера, убава естетика има филмот, убави сцени посебно онаа каде што танцуваат покрај автомобилот. И музиката е многу убаво вклопена. Скептична бев за овој филм, не ме привлекуваше ни малку да го гледам. Ама не беше лош.
Позитивно се изненадив од Bugonia, ми се допадна на некој чуден начин каков што е и самиот филм. Не би ме чудело Ема да го земе Оскарот, стварно беше предобра, сцената со електричната струја ми остави најголем впечаток од што изгледаше толку реалистично. Штета што и Plemons не е номиниран, стварно му лежат вакви улоги на freak. 8/10 Уште Sinners ми остана од оние што сакам да ги изгледам. Другите не ми се интересни.
Ги изгледав сите кандидати за Оскар. Имам само да кажам дека не паметам послаба филмска година. Многу, многу слабо. Frankenstein лично ми е фаворит, по него Sinners, па Hamnet. Honorable mention за Sentimental Value. Ми беше многу емотивен и многу природен. Веројатно тука влијание има и актерската екипа - Renate Reinsve ми е преубава актерка, огромна харизма има, плус Elle Fanning ми е секогаш симпатична и лесно вклоплива во различни улоги. Ама не мислам дека улогава на Ел беше нешто за Оскар, па што знам. Ми се скрши филмот за Оскариве годинава, ќе гледам чисто онака. Ако издржам, би сакала да видам како песната од Demon Hunters и самиот цртан си ги собираат Оскарите во соодветните категории. Ако не земе Оскар песнава, болна ќе легнам.
Се наближува моментот на почетокот на оскарите, во предвечерието на доделувањето на најпрестижната награда и настан на планетарно ниво да ги сумираме впечатоците, импресиите од номинираните и фавотитите за освојување на златната статуетка во најважните, најзначајните категории. Оваа година помина во знакот на два филмови кои натежнуваат да ја освојат најзначајната статуетка во категоријата најдобар филм и тоа Sinners на Рајан Куглер и One Battle Аfter Аnother на Пол Томас Андерсон, Кој и да биде победник ќе ми биде подеднакво мило и двата филма се одлични и останатите филмови се исклучително добри, нијансите одлучуваат кој ќе ја добие златната статуетка во оваа најважна категорија. Вредно е да бидат напоменати и останатите номинирани и тоа Франкејнштајн на Гилермо Дел Торо одличен филм - филм во стилот на Гилермо, негова специјалност се филмовите со креатури - суштества и во тој сегмент е супериорен, филм со естетика и уметничка вредност, Бугонија на Јоргос Лантимос исто така филм во стилот на Лантимос, во континуитет последниве неколку години се надоврзуваат сите негови остварувања кои ги освојуваат симпатиите на критичарите, гледачите и љубителите на филмската уметност почнувајќи со Омилената за која Оливија Колман го освои оскарот за најдобра актерка, потоа со Poor Things се до годинешниов филм Бугонија. Ф1 на Џозеф Косински со Бред Пит во главната улога, Хамнет на Клое Жао позната како режисерка на Nomadland филм за кој Френсис Мекдорманд го освои оскарот за најдобра актерка - четврт нејзин освоен оскар додека Клое Жао го освои оскарот за најдобра режија. Марти Суприм на Џош Савди, Тајниот Агент, Сентиментална Вредност на норвешниот режисер Јоаким Трир, и Train Dreams Во категоријата најдобра режија трката е неизвесна кој и да победи од двата фаворити а тоа се Пол Томас Андерсон еден од моите омилени режисери кој дефинитивно ја заслужува наградата оскар во оваа категорија без дилема и Рајан Куглер кој годинава блесна во полн сјај со неговиот филм Грешници кој ги освои сите од критичари до публика ќе ми биде подеднакво мило иако сум повеќе за Пол Томас Андерсон 51% наспроти Рајан Куглер за кој давам 49% шанси. Џош Савди, Јоаким Триер, и Клое Жао имаат помали шанси. Во категоријата најдобар актер трката е исто така неизвесна со блага предност на страната на Мајкал Б Џордан од Грешници, Лео ди Каприо, Вагнер Моура, Итан Хоук има шанса неочекувано да го освои оскарот во оваа категорија, тој спаѓа во категоријата на просечни актери кој оствари врвен актерски перформанс слично на Брендан Фрејзер кој го освои оскарот за филмот Кит на Дарен Аронофски и Килијан Марфи кој го освои оскарот за Опенхајмер на Кристофер Нолан. Тимоти Шаламе има помали шанси за оскар иако на почетокот важеше за фаворит во оваа категорија. Во категоријата најдобра актерка фаворит е Џеси Бакли за улогата во Хамнет, останатите номинирани Роуз Брн, Кејт Хадсон, Ренате Реисве и Ема Стоун имаат помали шанси. Во категоријата споредна машка улога неизвесноста е исто така голема, шанси имаат Стилан Сарсгард, Џејкоб Елорди, Делрој Линдо и Шон Пен, помали шанси има Бенисио Дел Торо. За споредна женска улога неочекувано но позитивно фаворит е Ејми Мандиган сопругата на Ед Харис која според @Аргентина * е најдобра во оваа категорија за која воопшто не се сомневам во нејзините проценки, треба да го освои оскарот, останати номинирани во оваа категорија се Тејана Тејлор, Ел Фенинг и Инга Ибсдотер Лилеас од филмот Сенитиментална Вредност на Јоаким Трир и Винуми Мусаку од Грешници на Рајан Куглер. Оскарот за оригинално сценарио најверојатно ќе го освои филмот Грешници Во категоријата адаптирано сценарио фаворит е Една Битка По Друга на Пол Томас Андерсон. За најдобар анимиран филм оскарот најверојатно ќе заврши во рацете на KPop Demon Hunters. Во категоријата продукциски дизајн фаворит е филмот Франкејнштајн на Гилермо Дел Торо За надобра кинематографија трката за оскарот ќе се води помеѓу филмовите Грешници, Една Битка По Друга и Франкејнштајн иако благ фаворит е Една Битка По Друга на Пол Томас Андерсон. За најдобра костимографија фаворит е Франкејнштајн Во категоријата најдобра шминка и фризура фаворит е Франкејнштајн За најдобар звук фаворит е филмот Ф1 За визуелни ефекти оскарот најверојатно ќе го добие филмот Аватар За Интернационален филм фаворит е филмот Сентиментална Вредност на норвешкиот режисер Јоаким Трир Насетувам - чисто интуитивно дека филмот Грешници ќе освои највеќе награди на ова доделување на оскарите Домаќин водител на годинешниве оскари е Конан О Брајан, Очекувам стандардна оскаровска вечер во која ќе уживаат сите љубители на филмската уметност.
Среќа што Оскариве престанав да ги гледам веќе со години. Си реков да дадам шанса, пуштам на МТВ, се погодува да го фатам делот за најдобра песна, ги даваат кои се номинациите, а како да знаев дека ќе биде уште една woke издание на Оскариве. Класика форсирање на пропаганда. Од сите песни, победува на Кпоп демонс И уште излегуваат да примат Оскар од Лијонел Ричи познатиот пејач, Корејкава ја зема наградата, завршува со краток говор, следува друг човек и наеднаш режијава на Оскариве му гаси микрофон и уште зумираат од далеку. Оваа нашава водителка што е на МТВ, вика дека ова не е добро што го прават од режија, не смееле така. Оскариве се безвредни веќе и немаат тежина. Толку беше, реков ќе дадам шанса и баш како да сака кармата да каже, fuck them!