Еве ви брза диета од која сум презадоволна. 1ден 1л Јогурт можете чај, кафе, сокови 2ден 1кг варени компири можете чај, кафе, сокови 3ден 1кг јаболки може чај, кафе, сокови 4ден варено месо 400гр и салата 5ден јадете колку сакате и што сакате Потоа повторете ја постапката од 4 дена уште еднаш и веднаш ќе имате резултати.
А може и ќе има резултати кога петтиот ден ќе внесеш бомба од калории во организмот. Крај краева, и да ослабеш три кила, кога ќе завршиш ќе се изнагнетеш и шест ќе качиш.
Сите вакви диети не се здрави. Диета е правилен и здрав начин на исхрана кој треба да се практикува постојано, а не гладување.
Диетава.....епа мене искрено кажано вака ми е нормалната исхрана...и си стојам во истата килажа...освен месо што не јадам
Ова не е во ред,на организмот му треба правилна исхрана постојано и не треба да се изгладнуваме.Тука ја правеме најголемата грешка и наместо да ослабиме ние ќе качиме некое кило плус.Мислам дека треба правилно да се распоредат оброците,да јадеме умерено и секако малку физичка активност нема лошо да дојде,ќе има далеку подобри резултати.
Извинете не ви напишав дека диетата може да се држи еднаш во два месеца, доколку сакате да изгледате пред некој роденден, нова година или некоја свечаност може да ја направите бидејќи има резултати но по диетета треба да внимавате да не ги вратите килограмите кои ги изгубивте.
Kako што рече Candy, јас така се хранам од минатиот декември па пака ништо...ова што го наталожив околу стомакот од бременоста никако да отиде а 5 кг се во прашање!
Де4ки 8 кила за 8 дена никако ја знам овааа диета ми ја кажа една другарка ама воопшто не ми се допаѓа. Бидејќи најмногу што е дозволено и што е здраво да ослабиш во еден месец се 4-5кила и ништо повеќе, не си играјте со здравјето ве молам оти тие диети што се со изгладнување и со јадење само на еден вид храна не се здрави. Најдобро е да пробате со здрав режим на ихрана да го намалите внесувамњето на масти и се разбира зголемена физи4ка активност, и не заборавајте пијте многу многу вода тоа е многу важно и нормално трпение за се треба време не може тоа преку ноќ!
Не е здрава диетава, ама морам да признаам дека два пати до сега ја искористив. Нагло се поправив 3 кг пред битен настан и ми требаше да ме собере во стариот фустан Значи дефинитивно се слабее.
Лоша е диетава..како за 8 дена 8 кила ..???нее е нормално бре што ви е?? Или како што вика лудото ослаби и отиди у гроб!!!
Првиот ден 1л јогурт?! Па некој толку пие за еден оброк! Осеќам дека со диетава некој трајно ќе си го оштети желудникот, а и ќе ја ослабе крвта.
Јас мислам дека не.А и никој да не се обидува со оваа диета бидејки не е добра,ке имате здраствени проблеми
јас ја држев до вчера и ја издржав, иако понекогаш имав кризи и имаше видливи резултати... ама сега треба да внимавам да не си ги вратам килограмите... ако уште и физичка активност применував ќе папсав, ќе се онесвестев, покрај сите обврски и активности што ги имам... а олеснителна околност ми беше што може и сокови, па си правев сок со булет експресот што го имам од топ шоп, или си цедев портокал или лимон... не знам колку кила симнав, ама и мајка ми доста забележува, ми рече дека цело лице ми е намалено и облеката поширока... вчера ми беше последниот ден, а денес си јадев нормално, ама и малце зедов чоколадо, што ми е грешка... морам да внимавам да не си ги вратам килограмите, за жртвата од овие 8 дена да ми се исплати... инаку петтиот ден кога се јаде се што сакаме и колку сакаме, си јадев, ме фати и пролив, и мислам дека испразнив повеќе од себе отколку што сум изела... а нешто јадам, и одма во вц ... имав едно негативно искуство исто, што на утро на третиот ден во вториот циклус на еднаш ме фати несвестица некоја, изгледа дехидрирав, па изедов нешто повеќе од 1 кг јаболка (сепак јаболката содржат пектим што ги топи мастите и мислам дека е во ред, иако се работи за едно јаболко повеќе) .... и што е важно, многу вода да се пие ако некој планира да ја држи оваа диета, оти има да дехидрира... јас многу пиев и сокови природни домашни без засладувачи и на тој начин се заситував...
не се мерев да видам колку кг точно, ама резултатите се видливи... двојната брадичка на лицето ми е намалена, салото на грбот, стомакот, облеката ми е поширока исто така... ама не се осудувам да се мерам никогаш