Е, во најмала рака пеш. Дојди, по кејот, крај Вардар... од кај ФОН до кај Гет кафе. Може и кафе да се испие таму. Потоа.. назад, истото. Само не по Кеј...досадно е ист пат да се оди.
О, богами, напорен ден те чека за два-три дена од сега, ќе дојдам. Ќе донесам јас мевцето.. кога ќе е денот за месо.
Трети ден јухууууу! Со оглед на тоа што ми е испитна сесија и денес треба да полагам два испита и да презентирам семинарска одлично се држам. Се гордеам со себеси!
Ок е, според мене. Не е точно по диетава, ама овошје е. Не е скара со компири и салата со мајонез. Терај. Дури и јогурт да пиеш и овошје.. сосема ок е,ако ме прашуваш мене. Исто ко што би било ок и денот кога ти е за компир да изедеш и некоја салата -марула, домат,пиперка, краставица...без мајонези,маснотии. Јас вчера дури вечерта јадев. Цел ден немав апетит...изедов три-четири тркалца од варениот компир со сол и толку беше. Си легнав. Денес па ми е слично расположението на желудников. У депресија ми е стомаков изгледа. Трет ден. Нема да сум на овошје.Компир ќе е повторно, варен. Тоа што ми остана од вчера. Лесно иде вака диета,кога и апетитот ќе се погоди да ти е намален. Само нека се оди во минус со пернициве,душециве по телото. (претерувам со описите,ама,за мотивација) Вечер ќе гледам видеа со пуфлите од Викторија сикрет. Да се нервирам шо не сум ко нив.
Не збори, тракторска гума ко да сум лапнала сум околу тенката ми половина Компир ќе варам вечер и салата ќе го сторам, да бидам спремна за утре, за да не им подлегнам на предизвиците таканаречени кафана. Во денот за месо туна ќе лапам. Леле како сум тргнала со описиве ќе ја завршам диетава за 1 ден.
Четвртиот ден се почнува. Арно е. По правило, варено месо и салата, амааа... пошто вчера терав компир, денеска јас јаболки ќе си рендам. Месото утре..или јајца со салата. Утре за утре, денес за денес. Денов нека мине де. Ок иде. 8 кила, тешко дека некој ослабел за 8 дена, патем. Или?
Морам комбинации да правам, не се издржува. Сега ќе јадам 2-3 праски а после 13 часот компир салата и толку ќе да е за денес. Сабајле ми е ок ама навечер, оф леле мајко. Си легнав во 9 синоќа да не мислам на јадење.Најверојатно ќе свртам на УН ова е пре напорно и 8 кгр за 8 дена, мало морген. Може некој ослабел ама ако имал 100 кгр.
Сепак бравос. Јас, со мојот метаболизам, треба да се отепам од вежбање и изгладнам за минус три-четири кг. Ама, не се брзам за никаде.. на натпреварот за мис универзум, секако не ме примаат, нити во Викторија Сикрет Пуфли.
Четврти ден, ќе јадам компири. Вчера частење со колегите имаше за положените испити па малку потфрлив.. Првиот ден само јогурт пиев, вториот ден место компир јас два интегрални мали ѓевречиња, третиот ден утка, сега четврти ден сварени и испасирани ми се кило компири, ќе си јадам цел ден пире Имам резултати и покрај некои мои измени со диетава, -2 кила
Денес е шести ден, по она како ја терав... вчера требаше да е ден за месо, ама, од „месо“ сë што изедов беше шунка. Друго... печени, полнети пиперки со урда и маслинки и пита со спанаќ Не можев да речам „не“ кога ја гледав како се дува пред мои очи. Телово изгледа поарно. Минусот колкав е немам поима, пошто, не се мерам.. најистенчени, за сега се нозите и задник и целина(полојна) тро. Ќе се продолжи... бавно бавно ќе убиеме потреба за грицки и глупости јадење. Можда. Денес демек... што сакам, ама... вчера беше шо сакам Петок е обично ден за грав, мене нек ми е за овошје и зеленчук и течности. Детокс, по вчерашната журка.