Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ослаби 8кг за 8 дена

Дискусија во 'Диети' започната од love23, 13 декември 2010.

  1. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека секоја диета што завршува со Јојо ефект, завршува заради нас самите. Не може сега да се држиме строго со 700-800 калории дневно, а по завршување со диетата на еден оброк (со хамбургер или 150 гр чоколадо) да ги јадеме тие. Баш вчера пребарував, калорискиот внес на диетава на дневно ниво е тука некаде, околу 750 калории без ралика на кој ден.
    Ја избрав диетава за да се мотивирам, со факултетот се забаталив целосно, бутав во уста што ќе ми беше на дофат. Ми се допаѓа, зашто барав диета со која за брзо време ќе изгубам неколку килограми и по неа ќе се вратам на режимот на исхрана кој го заборавив заради студиите, а и да сакам по диетава да вежбам чат пат. Не можам радикално да се кажам „од утре на здрав режим“, него сакав правила што друг ми ги наметнува па после јас да се присоберам. Немам многу за губење, имам 56, цел ми е 49, ама не се ориентирам строго по килограмите него по огледалото. Ако сум задоволна како изгледам со 53, ќе запрам таму.
    Ве советувам истото да го направите и вие, за да нема јојо ефект. :)

    Иначе супер ми помина денов, сабајле сок од калинка и кафиња, а наместо јогурт (пошто ме мрзеше да излезам од дома :wasntme: ) изедов едно канче кисело млеко. Ако ми се пријаде после ќе сркнам супа и доволно е. Вие, како поминавте? :D
     
    Последна измена: 12 октомври 2016
    На anakonda88, Apina и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    искрено не ги вратив мн долго после првото држење на диетава,не внимавав што конзумирам единствено лепче мн намалив а кога ми се јаде благо имам обичај секогаш да каснам некој ред чок за готвење или крем банана..Еве сега скоро 15 на дена не ја држам диетава но не претерувам со јадеее секако и се осекам мн добро и физички и здравствено.Затоа ја подржувам оваа диета ем има ефект,ем сте сити,ем здравствено имунитетот е супер.Поздав и подршка за сите кои се упорни
     
    На Apina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.429
    Допаѓања:
    171.872
    како сме екипо?како се држите како за прв ден
    јас сум за сега со 600мл јогурт и 2 кафинја горки турски
     
    На Apina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Фино мина денов. :) Подуено се осеќам:D
    Слабо јогурт пиев, повеќе вода и чај испив денес.. и млеко не ми се пие и изгледа нема,мада планирав. Дуња и јаболка јадев пред некој саат...мада според УН диетата нели, наутро само треба, до 12 саат,:) ама..јас сакам и јадам доста овошје па, не се придржувам до тоа.:)
    Утре водлестото пире, мљац.:D
     
    На Apina и rose60 им се допаѓа ова.
  5. Apina

    Apina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    276
    Пол:
    Женски
    Точно е дека после секоја диета задолжително е одржувањето, јас како што бев на УН јули и август морав цел септември да внимавам на исхраната така што се навикнав да живеам без леб и воопшто да не го употребувам а и протеини скроб да не мешам, да ги намалам порциите итн..значи после завршувањето на оваа нрма да ми биде проблем одржувањето :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    јас мила воопшто не се заморувам што ке измешам ,само намалувам и толку...ако гледам што треба да јадам а што не тогаш ми се јаде се:)вака опушти се и не мисли многу така е полесно
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Apina

    Apina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    276
    Пол:
    Женски
    И мојот прв ден успешно поминат, 600-700гр јогурт, 3л вода 2 кафиња и 4 кругови од краставичката на син ми. Се спремам за утрешниот воедно и мој омилен ден бидејќи обожавам компиииир ;)
     
    На zhap4e и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.429
    Допаѓања:
    171.872
    утре на мени 1кг варен компир кај мене поделено во два оброци
    салата од варен компир со изцеден лимон ептен убаво
    да ве утешам држена ми е диетата после првиот ден со јогурт полесна бев за два килограми сега за инат не се мерам додека не ги изтерам два пати по четири дена
     
    На sanjaeva, zhap4e, Apina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Apina

    Apina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    276
    Пол:
    Женски
    Абе јас од тоа внимавање во навика ми премина дури автоматски кога готвам и оброците на децата почнав да ги правам како што правев за мене цели 2 месеци се на здрав начин :) треба малку релакс на мозокот да му направам и да не се заморувам толку со кујната
     
  10. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    јас додека внимавав само си качував килца,сега имам навика си ставам во послужавниче нешто за јадење го каснувам тоа и никогаш не се вракам по репете и да ми се јаде уште ...премногу си се оптоваруваме затоа не ни успевада си ја Задржиме тежината
     
    На zhap4e и Apina им се допаѓа ова.
  11. Apina

    Apina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    276
    Пол:
    Женски
    И мене тоа ми го велат сите ама незнам веќе опседната сум со тоа диетиве уфф
     
  12. Apina

    Apina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    276
    Пол:
    Женски
    И јас така велам ама незнам дали ќе издржам брз другарката "вага" толку време а да не и се доверам :D
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Olitomboy12

    Olitomboy12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Ухх мене еве сегде ме има,да ве прашам само,диетава дали се препорачува(дали е дозволена) за 14 години? Тренирам секој ден неделно и моментално ми е потребно за 10 дена да намалам барем 4-5 килограми,барам нешто ептен строго и ова ми се допадна..:lol:
     
  14. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    и јас бев:)цел живот мисам сум горе -доле со тежината...едно дете па друго па се од почеток:) Да сме си здрави само и полека се ке биде само опушти се и конечно е ред на нас да си се стокмиме:)
     
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    1l jogurt
    1 caj
    3 kafinja
    Ne mi se jade, a samo na jadenje mislam.
     
    На rose60, Espadrila, jasbi и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Apina

    Apina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    276
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, ајде сега со надеж дека оваа диета е ефикасна, па за некој ден ке видиме
     
  17. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    само бегај подалеку од вагата:tmi:
     
    На Apina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Apina

    Apina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    276
    Пол:
    Женски
    Ај ќе пробам :( жално ама шо се мора мора се
     
  19. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.506
    Пол:
    Женски
    Јас сум голем гурман , но знам да не јадам со денови но од после почнува забавата за мене. :( Секако дека ми се вратија , ама не внимавав и никој не ми е крив.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    4.781
    Многу сум среќна што конечно можам со некого да зборувам за диетава. :D

    Јас ја држам од 27ми септември со прекршоци. Почнав построго од 5 октомври без ниту еден прекршок. Денес бев на јаболки и изедов само две, веќе немам ни апетит.
    Утре сум на месо и едвај чекам туна да јадам.
    Ја држам овојпат малку поинаку и ми успева.
    Денот со јогурт - јадам таратор со краставичка,јогурт и лукче :lol:
    Денот со компирите - јадам компир салата, пире или печени некогаш со салата.
    Денот со јаболките ми е како воден ден, едвај 1-2 јаболки јадам и немам воопшто апетит.
    Денот со месо - јадам туна со кисели краставички

    Експериментирам со еден ден во неделата а тоа е ПЕТОК!
    Секој петок можам што сакам да јадам и колку сакам.
    Ако од 7 дена во неделата, 6 дена јадам нездрава храна а само 1 ден јадам здрава храна...
    Ќе ослабам? НЕ!
    А додека пак, 6 дена во неделата јадам здрава храна или се ставам на диета а само еден ден јадам нездрава храна...Ќе се здебелам? НЕ!

    Верувајте има и така резултати да си видите, дури и полесно ќе ви биде.
    Петок ми дава сила да продолжам со диетава, тој ден ми е cheat day и буквално си јадам без никаква грижа на совест. Последниот петок бев на пица и црвено вино :D ама затоа останатите денови не правам прекршоци никакви. Си имам ден за такви уживања.

    Од 76 кила дојдов до 70 кила. Планирана и запишана ми е диетава да ја држам до 23 октомври.
    Имам цел уште 10 кила да симнам до мојот роденден и ќе полнам 23 години.
    Видете, се е до бројките :D
    Никогаш не сум била толку упорна и затоа знам дека ќе успеам овојпат.

    Поздрав девојки и со среќа. :hug::l:
     
    На Espadrila, ALISA0000, sanjaeva и 5 други им се допаѓа ова.