Eпа тој пролив ти што го имаш, ти е од шок на стомакот. нели не јадеш 4 дена, и после почнуваш со нормална храна. по мене знам, зашто и мене ми се случува кога сум на диета повеќе време
да, не јадев многу, сепак малку храна е тоа количински, посебно јогурт... ама пиев сокови што си ги правев со булет експрес соковникот со јаболка, портокали, лимон, а некогаш знаев да ставам и морков или цвекло и тие сокови се доста густи, што буквално една до две чаши сок ме заситуваа... ама сега е најтешкото да не се вратат изгубените килограми... така да треба сега да имам умерена балансирана и здрава исхрана, да јадам на секои 3 саати по малку да си го убрзам метаболизмот... уште утре ќе каснам ребро чоколадо, оти и ми е последниот испит утре напорен, а од задутре некоја диета која не е тешка и драстична и физичка активност... со оваа диета инаку притисокот ми беше редовно 118 со 70 а пулсот 70-80... сега за вечера што изедов едно пециво, супа еден тањир и салата се чувствувам прејадено... а до пред 10 дена то ко ништо го јадев
да да, те сфаќам, ама не е добро, цревата ќе си ги расипеш. сега само надевај се дека нема да ти се случи јо-јо ефект, зашто најчесто со ваквите диети, тоа се ќе се деси.подобро најди си друга диета. споро ама сигурно
да, тоа и ќе го направам... имав потреба нагло да симнам неколку кг, па после да држам не толку драстична диета.... да не беа соковите што ги пиев, ќе папсав ќе се онесвестев, оти сепак сум активна и со обврски, и покрај тоа што не вежбам и не трчам, оти и немам време, пак сум во движење наваму-натаму...
Па добро јас мислам дека диетата не е ништо толку страшно и дека се издржува, само ако може да ми кажете дали може да се пие кисела вода, поздрав
Немојте да сте се излажале и да ја пробате диетава. Ја имам држено многу пати. Се слабее едвај 2 кг неделно, значи ни приближно 8, најнеправилен начин на исхрана, а освен тоа ЈОЈО ЕФЕКТОТ не сакате ни да го замислите колкав е! :/
Дека има јојо ефект,факт е. Сум ја држела неколку пати. Али и дека се слабее квалитетно се слабее Не е здрава-ФАКТ. Но покрај толку алкохол,цигари, трчање на работа, стресови...баш ми е гајле диетата што не била здрава. Е сега кој не сака јојо ефект нека почне балансирано по малце да јаде но стриктно варено печено и да не јаде леб и тестенини. Така ке се добие на сила и ке може да почне да вежба. Ова го зборам за девојката што веке ја држела диетава. Е кога ке почнеш да вежбаш после прва втора недела ке можеш и останатото да си каснеш. Така нема да се поправиш.
Ме интересира дали некој знае дали во денот со јогурт е дозволено некаков зеленчук? Денес ја почнав диетава, и некако само со јогурт се осекам цел ден гладна и плус притискот ми е некако низок, па ме интересира дали е дозволено и некој зеленчук на пример краставица и слично...
Не смееш. Мораш само јогурт. Ако апла толку не можеш да издржиш само со литро, онда земи и кисело млеко Ајде стисни заби, ке успееш!
фала за одговорот и подржката , сега за сега издржувам, излегов да попешачам да не мислам на тоа, сеуште не го имам допиено литрото јогурт, пијам по малце зашто драстично ми го симнува притисокот, иначе диетава ја почнав на сред УН диетата, така да малце од малце сум навикната на режим, и планирам после ова да си продолжам со УН, за не ги вратам нагло кг
Јас диетава ја почнувам од утре и сакам да симнам некои си 7-8 кила што ми останаа од бременоста отидов со 87 кила на породување сега сум 76 кила, а висока сум 180 см и сакам да се вратам на старата килажа од 68-69 кила. Од утре ја почнувам со килажа од 76 кила па ќе ви пишам колку кила ослабев за 8 дена
баш и не би ти препорачала толку многу леб ко што има во ун срцка. така ке се поправиш. после ова чудо верувај ептен ке си склона на дебелеење. како сакаш, но мој предлог ти е, после ова никако леб и благо. ако не, јади што има во ун но избегавај ова што ти реков...барем на почетокот. и вежбај. за да не ти испадне залуден труд...
Мора да може , бидејќи минералната вода е содржи калории ,исто како и обичната. Не се преоптоварувај до толку
секако дека може дури во диетава пишуваше дека може и лаит кока-кола, бидејќи може притисокот да ти падне, значи може било каков сок , чај, кафе без млеко ( секој ден додека ја држиш диетата) и напочетокот напоменав диетава да ја држите еднаш или двапати месечно за хитни случаеви, а јас додека ја држам диетава обавезно пијам але витамине и витамин ц.
Денес ја почнав диетава, па ќе видиме за 8 дена дали ќе има резултат.... Иначе ме интересираше дали смее било какви сокови или само природни, пошо не сум фан на овошни сокови...
Тие што имаат вештачки шекер само. Значи леден чај, кока кола лајт, пепси макс, кисела вода исто така. Чај колку сакаш
Секако дека многу поздраво е природен сок да испиеш отколку вештачки погоре во постот напишав дека моаже и кока-кола бидејќи може притисокот да ти се спушти,а и така пишуваше во диетата, ти немораш кока-кола да пиеш или било кој вештачки сок пиј природни сокови, значи не е напоменато какви сокови смее, а кави не важно е да внесеш што повеќе течности во организмот и да се чистиш преку постојаното мокрење, а и да осетиш ситост.
Срц има една фрка тука околу овошните сокови. Значи овошје смее у денот кога е за овошје. Овошен сок Е овошје. Затоа и не би требало да пие овошни Али сепак ваш избор си е тоа нели.