К(р)омпир ден. Чудно ама, ич не се осеќам гладно по вчера. ЈаболкА/дуња за доручек.. стандард, ручек пире. Јас нема да се мерам.Можда со метро треба да почнам.. и така да продолжам и по диетава. Ама,чувството е дека нешто се спласнува...раздвижува кај полоЈнава, бутинките и задникот под задникот. Менито Ема ти е Слично и моето ќе е.
Пошто не ми се верува да изедам цело кило, вечер сакам да печам компир, ко на Џејми компирите. Става маслиново, па си реков минусот од нецелосно изедениот килограм компир дали и можела да го додаам во маслиново масло? Еве ви линкче, ако сте загреани и вие. Ако сте искусни па и со комбинирање зачини по ваш вкус... Не постои повусно нешто!
Девојки имам едно прашање, значи во денот за месо смее да се јаде само еден вид на месо или може да се меша? Пр. за ручек туна а за вечера пилешко може?
Тамам е. Само помалку маслиново ќе ставиш од ова неговово. Кога печам компир пример, ставам малку зејтин и повеќе вода (четвртина филџан мал, груба проценка). Така ем се вари,ем се пече, ем мек, ем коричка има, ем минус маснотии...и ем заштедена струја оти не го варам претходно (демек). Диетава е некако еднотипна, ептем..нема многу објаснување за тоа ама, јас по би внимавала на количината,број калории и маснотии одошто дали е истото што и од ручекот.
Женски , мене денес ми е прв ден. Само нес се имам напиено.. после ќе пијам јогурт.. Ме боли мн.глава
Секако, многу помалку масло од ова неговово, напати знае да се заборави со истурања. Мајка ми така го спрема, мене ова ми е повкусно, заради тоа што се прави крцкава кора, а внатре е меко заради тоа што претходно е сварено. Поинакви се, поинаков вкус имаат, пробај да ги спремаш овака, ќе ја видиш разликата (и нема да зажалиш за времето што си го потрошила во чекање, и за струјата )
Не е убаво да ја почнеш диетава одеднаш,му правиш стрес на организмот.Убаво би било барем два три дена прњд да се почне да се намали количеството на внес на храна. Ако ја почнуваш денес прв ден пиј јогурт или сркај си кисело млекце,или направи си го таратур и ке те тера на пиење вода повеќе...може да се пие колку сакаш течност,внесувај повеќе може не се осеќаш гладно но пивнувај јогурт да те освежи. Јас имав проблем бидејки со водата сум скарана но труди се чаша по чаша.Во пишаната диета можеш литро а и повеке јогурт и минимум 8 чаши вода(200 мл) мн среќа
Fala ti na odgovorot Denes prv den mi e pa tesko e malku hehe .. ne sum naviknata Voda obozuvam ke pijam sekako ..
Денес втор ден -компир до сега само 500мл вода се варе компирот ке биде компир салата со цеден лимон и малце зејтин и кромидче Ајде девојки држете се не подлегнувајте има резултати дефинитивно да си знаете
Ајдее се спрема остатокот од килото компир за вечера ама сега планирам и јас салатичка со маалку кромид. За ручек беше пире. И едно еспресо до сега и две шолји чај. Па мислам дека ке ја биде работава во добар тек е и вториот ден
Изедив поголем дел од компирот и сега сум прејадена мислам ке пукнам во наредниве два три саати ке се наливам со вода добар е денот да денес е лесен ама утре со јаболките ке бидеме вакви
Мене ме уби јогуртов денес..Не можам веќе, од што толку сакам јогурт,денес мислам дека го "отпив" Едвај чекам утре , со компирите
Јас денес пробав нешто али неуспешно..ај од утре со среќа,инаку денес се зезнав на велико,од сабаље арно си почнав со 250 мл. баланс,ама после околу 2 изедов 7 days еден(од малите-обичните) и издржав до 6 и пол за тогаш да изедам цела чинија грав и еден колбас(среќа на лебот му оддолеав),па да...повеќе среќа следниот пат,и од утре посигурно
Утре т.е. денес ке биде ден за јаболки и вода ке касаме и лаеме како куче мене од овој ден ме страв најмногу да не потклекнам е ај гуд морнинг епл
Добро утро и од мене женски! Денес ми е ден со компирите, па мислам дека после вчерашниот ден со јогуртов ,денес ќе ми биде полесно Имајте убав ден диеталки,силни сме
Компотот сабајлево го исркав. Подоцна и свежо јаболче ќе се делка. Врти-сучи, нема што многу да му правиш. Јутар и со лесно да врви денот на јаболките. едит: што се тиќе тело и чувствување... спласнување продолжува. Течности и отровишта си одат.