Денов го почнав со ѓумбир, го воведов во исхрана пак пред околу 10 дена, кафето го пијам сега, а јаболката ќе си почекаат. Обожавам секакво овошје, дури и јаболката, така што нема да ми биде проблем денов, одвај чекам да изрендам јаболка со мелени оревчиња, цимет и ванила. Совет: за да ве заситуваат јаболката, не јадете едно по едно, јадете повеќе наеднаш, пример 2, па по некој саат исто 2-3 одеднаш. Напоредно со јаболката, каснувајте нешто јаткасто (кикирики, бадеми, ореви, лешници) ама многу малку, да се помалку од 10. Исто додека јадете, пијте вода (може и чај), освен шо грицкате и јатки. Се надевам дека ќе помогне ова, со заеднички сили напред! Вчера останав на 300 гр компири за ручек, а вечерта направив грешка, каснав малку свинско месо. Во пмс сум, оправдани ми се мали грешки? Патем, дополнително сум и надуена, така што визуелно не гледам некоја промена, освен шо стомачево си го осеќам помало, а на вага, иако си ветив дека ќе се мерам на 4 дена, денес застанав и сум 55!
Гледам задоволни сте со диетава ама мене малку ригорозна ми стои. Може да ми дадете едно ваше предлог мени барем за 2-3 дена? пр. 1 ден појадок 1/2л. јогурт , 1 турско кафе, ручек 1 канче к. млеко 1 несе кафе , вечера таратор 1 чај нане ???? Благодарам однапред
Еве да се пријавам и јас и денес ке ве дружам ден за јаболка до сега едно турско кафе и чаша вода сега на ред е да се јаде јаболки за мене е денес најтежок ден ама мислам дека ке го поминам мерење ке има после првите 4дена па после ке одиме натаку јас имам за симнување некои 5 кг @Espadri прв ден ти е јогурт еве нека е и кисело млеко кравјо направи си сама есап кога колку ке изедеш испиеш Јас лично се водам по тоа да јадам од дозволеното ако е количински повеке Пр денот со компирите или со јогуртот ако не те заситува 1 л јогурт испија 1,5 или 2 л или ако не си сита со 1 кг компир изеди 2кг Стомакот ми спласна и се осекам полесно ке се мерам денот после месото
Па до сега добро ми иде морам да се пофалам, 3 јаболчиња едно кафе 5,6 лепничиња и 3кг вода, Докај 10 може уште едно јаболко и тоа ќе за денес Па јас до сега неам доживеано ваков ден без глад, нешто чудно ми се случува незнам што ама најверојатно е тоа што имам прекрасно друштво ко вас
Две чаши компот, 1 свежо.. се мислам дали да печам или не, некако уморно се осеќам,преуморно, а и не многу гладно. Супер што аптетитот ми е спласнат.
Вие сте добри Мене препрепрепремногу ми се јаде, денес ми беше денот со компирите, јадев само на ручек..од тогаш наваму не .. Утре ми е ден "јаболчест" Па ќе видиме како ќе го истерам. Јас немам вага дома, така да нема мерење за мене И не се осеќам полабаво, баш напротив
ваква сум сакајте верувајте сакате не јаболка се нешто што најмногу мразам гладна кучка сум јадам јаболки а во исто време ми се
Е апни си уште од компирчето де секако дозволено е 1кг! Не дозволувај да осетиш глад! А инаку не си единствена и јас не се осеќам полабаво туку како подувана сум! Мислам се подеврла станувам
Јас рано станав оти денес може да се јаде месо ли, шо знам..тоа ќе е ваљда прво шо направив беше, тркалце колбас да изџвакам бавно, бавно. Може сега да се умре За разлика од останатите денови,гладна се разбудив,. Ќе си направам од бљантавиот компот со јаболки сега и тоа ќе сркам до кај ручек. За ручек..ќе видиме што. Дали ќе е месесто нешто или јајца со салата/пиперки. навивам за второто. Ако е првото,количински помалку ќе јадам. Повеќе салата.
Станав во 8 денес.. Ајде добро утро женски! Денес ми е ден јаболчест. Осеќам ќе биде тешко.. Појадував 2 мали зелени јаболки. Ама мн мн мн ми се јаде хахах
Е јас во 9.30 хаха после толку време и јас да се наспијам! Од сабајле две јатки оревче само и околу 5-6 чаши вода а еве сега се греам пред тв со шоља зелен чај со вкус на портокал и ѓумбир И ги слушам копанчињата од кујната како пиштат во експтесот кај и да е за саат два ќе се руча..и тоа МЕСО! Ајде имајте убав викенд женски и само упорност така ќе успееме! "Не дозволувајте мало невнимание да ви го сруши трудот"
А јас со температура .. Сега пиев апче Не ќе издржам вака јас денес Па баш јаболчестиов ден ..најтежок Многу ми е лошо..
Штом не си спремна за диетата, плус и настината, не си го измачувај организмот. Другата варијанта ти е да јадеш плус нешто,но количински помалку и да не е нешто мрсно и многу калорично. Јади повторно варен компир плус јаболките. Направи си домашна супа со зеленчуци, вегета
После вчерашниот ден што ми беше слободен ( Петок ) и си ја пуштив душата денес сум на јогурт. Одлично се чувствувам, спремна сум за следната рунда. Веќе добивам комплименти од други дека сум ослабена.