Very good a? За мене само тоа и манекенка ќе сe напраам. Аmа не само на милката и на сите др видови чоколадо
Ме примате во групава? Од утре почнувам и јас. Како ќе издржам ќе видиме. Епа ајде со среќа нека ни е
Е ај сега де, 4л вода добро е ама 4 пржени компорчиња во месниот ден кај се видело!?!? Мала или голема грешка според вас?
Денеска, салата некаква ќе правам и тоа ќе јадам. Идеја немам баш што се ќе има,се уште. Што најдам во фрижидер,плус павлака Нас ни е петок. Телово е ок,мислам по крајот ќе продолжам со режимот. Не се осеќам тромо ко што се осеќав и плус апетитот ми е поднамален. Мислам навиката лепче со мачканица што скоро си ја створив и ме уништува..ќе си ја искоренам и, повторно ќе биде, овошје доручек,манџа ручек, салатка некоја или нешто лесно вечера.
Добар ден и од мене... Времето е тмурно ама јас сум на ниво... Денес е прв ден се надевам без проблем ќе го издржам.. поззз џенцки
Денеска конечно компири ќе јадам. Се мерев и имам 69 кила Вчера само на една чаша јогурт бев, знам дека не треба така ама па немав потреба од повеќе. Инаку секоја вечер пешачам најмалку 30 минути и баш ми е убаво после тоа Еве ја мојата запишана и организирана диета. Не ми се верува искрено дека издржав
Е ај и од мене извештај, јас сеа за ручек си лапнав парче пица и секако две шишиња вода(од по 1.5л) ме дружат од сабајле до сега. Кафенцето бидна со малце шеќер а чајот без. За вечера некоја салата ќе е и лажиче ајвар не ќе можам да му одолеам едвај чекам попладнево да стигне конечно и јас мааалку полесно се осеќам. Одиме понатаму !!
Значи само кај мене е обратно. Само јас не се чувствувам полесно изгледа.. а толку многу пазам.. Жално
Ама маааалку реков тоа се некои 500гр еееее ти па!! Гледај, секоја диета треба да ја држиш барем 10тина дена па да видиш минимален резултат. Трпение-спасение како велат старите, не се откажувај толку лесно, ќе видиш дека ке има резултат, никое чудо не бидува за 3 дена!! Само напред
Тебе многу ти се брза изгледа : D И јас мислев да го прескокнам ама неможев денес пристигна ајварот и морав да го пробам. A инаку и мене ми се брза Ај следниот слободен можеби ке го скокнам па дур тогаш ке се испомешаме сите
Ако се опуштам еден ден, ќе ми требаат месеци да се натерам пак строго на диета. Не се држам којзнае колку строго, секако направив некои мали престапи, па затоа си го скратувам слободниот ден Пошто немам многу за губење, свесна сум дека подолго време би требало за да ги изгубам, па решив 3-4 циклуса да правам без слободни денови.
Мене денес ми беше слободниот ден и дефинитивно не е за мене слободен ден... Од утре ќе ми биде 2 part али ја за прв ќе го сметам и од утре без слободни денови
Хахахах И пола кг е напредок а кај мене нема ниту пола грамче! А на се пазам.. упорна сум тоа многу, него.. ја имам држено диетава поодамна и исто немаше резултат никаков,затоа така се изразив