Прв ден, го поминав доста лесно... Ама сега почнува некоја криза за јадење и главоболка.. Се надевам ќе издржам ако не ќе се фрлам на јадење
Аууууу па и за мене не било слободен бреиииии ајвар не видело детето  Толку од утре забрана за слободните ајмо из почетка со јогуртот, и да не се урочам ама ептен строго! ајде добра ноќ дечки
Трај трај! Си велам ај да си опростам оти нели прв круг било, абе мозокот ми вели -Какво проштевање?!? Прв од утре оној стариот не се смета, абе ова не ти е диета, па тоа било стварно човек без осет !
Богами, и јас не требаше да имам слободен ден. Подобро ќе беше петиот ден да е ко било кој од претходните. У право си беше Оленка. Joгурт ќе се срка денес. Тамам.
Ола лејдиис како го поминавте денот? Вчерашниот го поминав добро, вечерта ме фатија некои кризи и апнав 4-5лешничина и доволно ми беше. Денес сум на компири и сум таман... Па како се годи а држиш диета мора да излези некој да те кани, или се оженил, или на мекици за бебе... Тукуу како го поминувате денот со јогурт?
Вода, кафе и јаболко и денот може да почне. Јогурт и овошје ќе го оставам и овој ден. Компирите ги одлагам за утре оти, така некако се осеќам..ко вчерашното трезнење да не ми беше доволно. Со лесно денот момиња.
Добро утро, и јас сум на јаболко денеска. Од сабалје да се освестам со кафе, па денот поже да започне. П.С Гладна сум
Денес туна салата си направив со марула и кисели краставички. Баш добро ми дојде, се осеќам сито. Ме мачи многу вагата мене, не се помрднува од 69 бројката. Стварно не знам што се случува. Не знам кој ме праша погоре колку килограми сум симнала, имав 76 кила кога ја почнав а ја држам од 27 септември,му доаѓа три недели така некако. Задоволна сум не викам не, сите ме приметуваат веќе. Лицето ми е ослабнато, не сум веќе крофна во образите, бутовите исто,највеќе кај стомакот се приметувам и спојлерите. Утре сум на јогурт.... Ми се смачи веќе! Петок со душа те чекам!!!!