Ем се најадов убаво за ручек околу 2 месо јадев со зеленчук динстано и сега...Глад! Па ако измеѓу вметнам уште нешто... мене тоа ми е проблемот јас си знам! Затоа подобро да си чекам вечера покрај 7-8. Со вода белки ќе помине ај
земи 1л вода изцеди еден лимон и пиј многу го убива гладот и заситува никако немој скроб да внесеш јади патлиџан краставичка зелка морков
Дечки помона кризата со некој лешник и индиско оревче. Пченка не сакам не иде скроб во месниот ден а јас сум на месо денес, сакав краставица ама во 6 требаше да излавам и набрзинка нешто јаткасто, па жива среќа излавањето ме спаси! Сега сум дома ќе спремам вечера за останатите а мене не ми се јаде воопшто. Може ако осетам глад ќе апнам краставица ако не ништо само вода. Сепак фала за советите супер сте ако не е темава немаше да истерам до овде. Утре савајле на вага и ќе ви кажам резултат после завршени 3 циклуси поздрав девојки убава вечер *
Уште еден нов ден во 8 за 8. Кафе и лимон по сабајле. Подоцна јаболки и некоја јатка орев. Вечер ќе ги облечам фармерките во кои,пред некоја недела се осеќав ко натапкан колбас... баш да видиме. Лесно се осеќам. Ми се пријадува чат пат, ама не ме фаќа некоја стрв за теглите или другите глупости.. повеќе за, манџиче да сркнам Се мислев, место месото, утре..леќа, без запршка.
Завршен трет џиклус со -3,5. Јас задоволна!! Одиме понатаму! Денеска ќе се апнува јогурт па може и малку ленено сме да се вметне а исто така и краставичка за таратор, тоа планирам други грешки не. Поздрав девојки Вие како се чувствувате денес? Има некоја со вага дома па да каже резултат?
Абе ја само ве пратам и никако да се кандисам да почнам...така пратејќи и јадејќи благотии се поправив уште 2кг..
Ауууу кризно кризно одам да си легнувам, ем глава ме боле пиинав апче, ем еден глад ме маче...... за да не отварам па кујната поарно на спање..ајде дами чао и успешна диета
Кој ден по ред му се фаќа.. требаше и јас да си водам белешки и план да правам,ко изгубен Германец сум. Фармерките Леќа за денес кој ќе ја вари, побогу. Варено јајце ќе е со краставичка. До сега само кафе и лимон.
Еее бравос за фармерките, јас сеуште не можам да си го остварам тој сон! Изгледа ќе треба уште некоја недела за да можам да ги закопчам како секој нормален човек. А тебе веќе во телото ти се приметува дека имаш некој кг - ?