Можеш сокови да пиеш колку сакаш не само во денот со овошје, на организмот му требаат течности за да не дехидрира затоа, а ако некој смета дека не треба ни сокови јас би му препорачала ништо да не јаде ни да пие! Јас пред да останам бремена ја држев и има многу ефект и само треба потоа да се внимава да не се вратат килограмите. Дефинитивно од мое искуство има многу ефек диетава.
Овошни сокови неможам да поднесам, затоа прашав дали може било каков сок,пример кокакола лајт... Фала ви на двете што одвоивте време да и помогнете на девојка што од сабајле си ја лупа главата од зид за храна....
4 ти ден- 3 кг помалце навистина не очекував одма резултати иначе, мене нутриционист ми има препорачано за ун диетата да не го јадам лебот и благото, затоа што поената на диетата е да не се мешаат,јаглехидратите со скроб,протеин и шекери, за да неможат да се врзат и претворат во масти, така да во "мојата УН диета" од навек сто си ја имам и сто си ја дрзам од време на време, лебот и благото одамна се исфрлени така да се надевам и ке се обидувам да издржам да не си ги вратам кг
Денес ми е 4 ден како ја држам диетава и кога застанав сабајлево на вагата неможев на моиве очи да верувам 5 кила помалку или 71 сум сега,а започнав со 76 кила, но овие 4 дена плус и трчав по 1 сааат затоа има таков ефет и неможете да замислите како убаво се чувствувам
Секој за себе си прави и секој си бира што сака во животот инаку нема да треба упат за на клиника зошто диетата нема да ја држам цел месец само 8 дена па потоа ќе внимавам да не ги вратам килограмите инаку јадам по 15 зрна аронија секој ден за крвта да не ми ослабе и пијам витамини тоа е тоа Ивнче
Tака можи ако се внесуваат дополнителни витамини, иначе ова не би донело добро. Eднаш ослабев ненамерно малце отпојќе и мојата докторка крена узбуна, затоа ми изгледаше страшно. Aма сепак треба да се продолжи со сличен режим на исхрана, иначе за 2 дена ќе се вратат тие 8кила.
иванче нема да се вратат ако внимаваш од исуство ти кажувам зошто ја имам држано пред да останам бремена и не сум ги враќала килограмите
Уште едно прашање и не ве замарам више Четвртиот ден е месо, а јас сум вегетаријанец. За замена што можам да јадам???
Не мора месо да се јаде може макарони варени без ништо или соја ако јадеш и јас наместо месо јадам туна салата
Соја или печурки. Тие се единствен добар заменик на месото Честито Love23. Многу ми е мило што си срекна. Само напред.
Ги следам внимателно постовиве со некакви си диети, де препорачани од таканаречени доктори, де од некои селебрити, мислам стварно луѓе што ви е? Дали вие сте свесни каков шок му задавате на организмот со цел ден пиење само вода или пак строга диета 6 дена и седмиот јади што сакаш и како сакаш. Па не знам што да е ќе пукне на таков небалансиран режим а камо ли пак стомакот/желудникот. 8кг за 8дена, ајде да се кладиме дека кога ќе престанете со диетава ќе биде 10кг за 8дена (ама добиени, не одземени). Ама џабе кажувам, кој не си искусил на своја кожа не знае, ама сепак ќе до споделам моето искуство со вас, се надевам дека барем некој ќе го следи мојот пример. И јас постојано се борев со килограмите, држев какви ли не диети, самосмислени или прочитани некаде. Критичен момент беше пред точно една година, кога организмот веќе не можеше да ги поднесе бомбите кои му ги задавам (ајде неколку дена диета, па излезена со другарки на пица или сендвичи, па пак гладување. Фејс ит - секој мами на диета). Железото во крвта ми се сведе на минимум и ми требаа 4 месеци да го доведам во нормалните граници (со тоа што почна јазикот да ми отекува кога сака). После железото ми се јави проблем со шеќерот во крвта, повторно под нормалните граници. Значи покрај тоа што ќе си симнете некое килце, и ќе го качите побрзо отколку што сте го симнале, ќе си нанесете и безброј здравствени проблеми. Второ искуство со една моја пријателка. Држеше диета препорачана од лекар, според која не јадеше ништо хранливо и после 3недели заврши на инфузија. Не смеела физичка активност да има. Ма немој, ајде да не јадеме ништо и да не се движиме и здраво ќе ослабеме. Она што сакам да ви го кажам е дека на организмот му требаат секојдневно витамини, минерали и што ли уште не за да може да го издржи физичкиот и психичкиот напор кој што му го задавате. Како јас го решив овој проблем? Многу лесно. Стани си сабајле, испиј огромна чаша вода и појади си нешто како мусли, или јогуртче (ми се случува и по пола кило да испијам ) млекце, црно лепче (јас одамна не јадам бел леб поради тоа што е штетен) интегрално кифличе и готово. Ручек? Секоја добро подготвена манџа е добредодена (само не три чинии да лапнете) И супа обавезно. Јас и за ручек не јадам леб, така се навикнав (сега кога ќе помислам дури чудно ми е. Со ниту една манџа не јадам леб ) И вечера краставиче со сиренце, варено јајценце ова она, не мора којзнае што. И моето правило кое е најкорисно ЈАДЕЊЕ ПОСЛЕ 18 НИКАКО. Како додаток на ова, трчам минимум 4пати неделно. Па добро девојќи, станете од креветот и истрчајте се малце. Ем ќе ослабете, ем ќе ја ифрлите негативната енерија, ем ќе ви годи. И секој што вика не можам, ова она, имам и за тоа лек. Постои една тајна. Не е ништо во диетите, туку СЕ Е ВО ГЛАВАТА/УМОТ. Ако ти си решиш здраво да се храниш - ќе се храниш. Ако ти си решиш да трчаш 4км секој ден - ќе трчаш. Телото се способно за работи кои не сме ги помислиле. На крај краишта, она што мене секогаш ме води кон трчањето е самата помисла дека овие 20години нема да ги имам секогаш. Ќе станам стара и тешко подвижна и ќе го барам назад времето кога сум била млада и сум можела да трчам, пешачам а ништо од тоа не сум правела. Затоа девојки, станете од креветот, јадете овошје и зеленчук колку ви душа сака, трчајте, возете велосипед ролери, уживајте, и запомнете дека СЕ Е ВО ГЛАВАТА
Да, се е во главата. Точно така. Најубаво е да се има здрав режим на исхрана и да се вежба. Точно така. Но ко што гледаш, и самата ти и твојата другарка, сте направиле пропуст. Така да, секој за себе нека си одлучува и нека си прати како му е најдобро. Јас сум против диетава, иако сум ја држела два пати. Но ке дадам подршка на СЕКОЈА девојка која ке се реши да направи било каков чекор за да ужива во себе, иако можеби тоа е штетно. И секојдневниот стрес на работа и домашни обврски е штетен па пак живееме. Така да...
Можеш да си направиш печурки на скара викаат дека печурките се добра замена за месо но и многу многу салата, бидејки печурките не се толку хранливи како месото, имаат многу помал % на протеини
Искрено мислам дека диетава не е толку многу нездрава и на принцип на гладување, освен првиот ден со 1 кг јогурт, така да мислам дека 1кг компири,или 1 кг јаболки во текот на денот е сосема доволно да се најаде еден човек. Значи јас на денот со компири не само што бев најадена туку и прејадена, а нема ништо нездраво во тоа да не внесеш месо или леб во текот на денот. Исто и со денот на месо, 400 гр месо со салата во текот на денот мислам дека е доволно и нормално за еден организам да ги внесе, и плус добиваш и витамини од салатата, овошниот ден е витамини и еден вид на прочистување на организмот, така да на секој добро би му дошло 1 или 2 дена во месецот да си направи таков ден на прочистување. Значи не збориме за диетава како постојан начин на исхрана, секако од било која диета, ако потоа не се ограничуваш од некои работи и не внимаваш секако ке си ги вратиш килограмите. Диетава е многу слична на УН диетата, само во нешто помали количини и мали промени, а УН диетата е прогласена за најздрава диета до сега, јас од свое искуство зборам, дека кога пред 6-7 год ја дрзев УН диетата ослабев 13кг за 2 месеци, кога отидов да си ја испитам крвта, докторката ми се чудеше што диета сум држела и како до сега не и се случило да види толку добри резултати. Кога и кажав како сум се хранела, ми кажа : ДЕВОЈЧЕ ОВОЈ РЕЖИМ НА ИСХРАНА Е ЗДРАВ НАЧИН НА ИСХРАНА, А НЕ ДИЕТА, секако тебе ти била диета бидејки си го сменила начинот на твојата нездрава исхрана. Затоа после оваа диета планирам да си продолжам со УН диетата и да не си ги вратам килограмите назад. Така да не мислам дека е толку нездрава диетава колку што делува, ниту е гладување, ниту некоја да речам "психичка тортура" на оние кои уживаат во јадењето како што сум јас. Сепак не треба да се држи подолг период од 8 дена и да стане постојан начин на исхрана, затоа што нормално на организмот му се потребни и други состојки од кои прима витамини и други потребни материи. п.с. денес ми е 6ти ден- 4кг помалце
и мене ми се чини дека диетата не е толку штетна, но не треба да се држи повеќе од 8 дена. Јас искрено не сум ја држила, но планирам да ја држам еден циклус од 4 дена, да ги симнам тие кило две што ми останаа другите ги симнав со УН. Исто можам да тврдам дека стварно УН е најздрава диета, но не е поентата цело време да сме на диети и да страхуваме што и колку јадеме поентата е да се научиме да ги одржуваме килограмите jaс започнав ( а ви препорачувам и на вас) во текот на денот да пиете зелен чај, да јадете цитрон, и наутро чаша вода со лимон... делува
Volsebna искрено не би ти препорачала да држиш една диета па одма после тоа друга. Посебно ако ти е за 1 кг, џабе ке се мрцвариш зашто со оваа само јојо ке добиеш. Подобро продолжи ја Ун за уште некој ден. Сепак тоа е мое мислење, не мора да се сложиш нели
Денес ми е 6-ти ден и одлично се чувствувам 6 кила помалку, утре ја прекинувам диетава и продолжувам со УН диетата и плус трчам секој ден , и нема да ги вратам назад килограмите
здраво девојки ! нова сум на странава и се надевам дека ке ми помогнете се решив да ја држам диетава почнав да скокам на јаже и правам стомачни сакам да трчам на скали но ми рекоа дека скалите се за зацврстување на мускулите а јас напротив треба да слабеаам и тоа многу сум се здебелила цели 10 кг ако може пратете ми некои видеа за слабеење на нозете !!!
Со самото зацврстување на мускулите , ќе слабееш. Темава не е за тоа. Одо ви фитнес и сигурно ќе најдеш мал миљон видеа. Со среќа.