Задникот, т.е делот под задникот и бутовите, најмногу. Делот кај половината и колковите е истенчен, но не знам баш дали се приметува.. не нешто нарочито, мислам. Битно, не ми се прелева ко што почна да ми се прелева салце и да, закопчани, не штрчи.Само не се обесхрабрувај. Јас затоа нема да се мерам.
Ден 8 ми месо и салата туна со марула на мени добив циклус и рипна вагата нагоре ама нема откажување мора да паѓа надоле
Се разбудив во три саат со дупка во стомакот. Вчера цел ден ми беше во трчкање по едно по друго, по трето.. нит јајце си изедов,нит салата, нит бутур. Со кафе цел ден се налевав, не ни осетив кога и како ми мина цел ден. Па, нормално ваљда беше. Мислам цел фрижидер ќе го изедев,добро што ми се згужвал желудникот па се задоволи со по малку од разно-разни гревови филџан јогурт, тркалче пилешки гради, и мала коцка мешано сирење. Душата ми дојде на место и заспав одма. И не значи дека се откажувам од режимов... си продолжувам денес со јогуртот. Мора да избегавам вакви денови ко вчера. Значи, нов, х по ред петдневен.. можда и месец ми се фати овој режим,а викендов ќе пребарам по странициве и ќе направам некој план,можда.
јас 4 дена издржав па 4 пауза и еве од денес пак со јогурт ден ке почнувам. си јадев вормално деновиве тоа едно кило од првиот циклус не ми се врати.
Мене требаше јаболков денес да ми биде како што е редот ама грешен испадна уште рано на сабајле Утре јаболки т.е. трезнење. Денешниов ќе гледам повеќе со вода да мине кафе и чај. Ќе морам у белешките да си го пишам грешен ден за да не се повтори веќе ццццц
ден за јогурт денес вагата исто си стое +1 кг веке трети ден у циклус сум па се надевам ке издишам заден два искуство кога сте во циклус како ви варира тежината?
Добар ден 10 ти ден на ред конечно попушти вагата -3 кг Денес би требало да е компир ден ама ке биде туна и марула салата Некако сватив како ми функционира организмот да не се мешаат намирниците ,многу вода,и намалено количество на храна ,без благо,леб,тестенини и се од тесто
Лимон, јаболко, кафе по сабајлињено... компири подоцна. Дан је тмуран, а ја мамуран. Фацава ко да ми ослабела ја чекам друго да спласне оно...
Викендов ќе одмарам јас од диетава умерено и лесно ќе е... па ќе е некоја еднотипна храна, а за од понеделник, ќе си направам некој поинаков план,сличен на диетава само тро по... разнообразен. И тоа е. 8 за 8 мислам даде фина основа
Добра е 8 за 8 само уште да терав строго ко на почеток... И јас се исклучувам викендов, денес бев на јаболка ама од понеделник ќе размислам дали да продолжам или не. Има цел викенд пред мене, ќе внимавам ветувам нема да ги вратам 3.5тте кг шо ги снема.
Ми фали темава оти ме тера некако да се придржувам до планот. Можеби и викендов нема да ми биде баш, фристајлер со оглед на сонот од синоќа... се будам, се откривам и си го загледувам телото... подебело ми е одошто ми е во моментов... и си викам: леле жабо, ти и ништо кога не јадеш,види се каква си,тек да јадеш? Трауми. И денес ќе сум на компири варени само плус ќе имам кисела печи-гмечи пиперка и кисел модар патлиџан
Хаха не само тебе и мене ми фали, и мислев слободен викенд ќе терам ама како одев да пазарам во супермаркет абр тоа марулата свежа убаво расцветана иииии, и ко да ни вика Абе земи изеди ме! И салатка сеа си спремем. Марулка краставица роквички и пченка ммммх. А може и месце да апнам па така месо ден ќе испадне. Секако за останатите спремам месо. (Моето сaми динстано ќе е) И вака така пак тука се вратив денес, за утре ќе видиме
решив и јас да ја применувам диетава од денес само сакам да прашам дали се издржува со 1л јогурт цел ден