Јас од утре ви се придржавам -2,5 кг до сега за 5дена аткинсон ама ме умре за благо каснав и прекршив сега на оваа се префрлам битно е да оде надоле вагата а со која диета и како не е битно
има но денес малку скршнав од диетата ми падна шекерот па зедов едно животинско царство од утре на ново со јогурт има видливи ефекти
Супер !!! Ништo стрaшнo не е тoa сепaк тие се мaли. А, вo текoт нa неделaтa дaли применувaш некoи вежби ?
Брaвo !!! Дa дa вaжнo дa се нaмaлaт килoгрaмите. Акo ќе се дружиме хaхa aмa јaс мoрaм дa пoчнaм и дa вежбaм.
не невежбам пред некое време пробав но бидејки сум царски за време вежбање чувствувам болка и после 8м а имав и лошо искуство со спиналната сега половини ме болат но се надевам дека ке помине шо побрзо па да можам и да вежбам
Денес прв ден. Пиев кафе, сега ќе пијам јогурт со ленено семе и може подоцна ќе си направам една салата од марула. Ако огладнам ептен ќе јадам јатки ореви. Знам дека тешко ќе ми биде оти јадам многу леб, јадам многу благо ама мислам дека да издржам денес како што треба, утре ќе ми биде полесно. Мене оптимална тежина ми е 50 кила ама имам накачено цели 10. Така да, за почеток, до крајот на месецот сакам да симнам колку што е можно повеќе, на пример 5 - 6 кила. Исто, ако почнат да се симнуваат килограмите планирам и да вежбам за да го затегнам вишокот кожа (ако го има де). Мислите ли дека со оваа диета би можела да симнам барем 5 - 6 кила до крајот на месецот?
Супер јaс едвaј гo издржaв денешниoт ден. Мaлку пешaчев и ми пoминa времетo. Пa мoжнo е дa нaмaлиш 5кг зaвиси се oд метaбoлизaм. Јaс мн.спoрo ги нaмaлиувaм кг.
Прв ден успешно поминат јогурт ден околу1,5 л јогурт имам испиено и некоја чаша вода за денес доста е
Јас ја завршив минатата недела диетата, на вага не сум се мерела ниту пред ниту потоа ама најдобро си познавам по облека и околу 3-4 кг имам намалено. Сакам од следната недела пак да ја почнам ама не знам што да јадам за појадок во денот за компири и месо? Кога е јогурт и јаболка си носам на работа, ама другите два дена за компир и месо не знам што наутро на работа да јадам. Вие што претежно појадувате овие два дена?
Втор ден кога ми беше трипати јадев компир ама мислам дека имам изедено помалце од кило. Денес трет ден. Ќе јадам јаболка и можеби една салата. @violetblue за компир денот јас јадев компир салата од сабајле и портокал, а кога ќе биде месо денот ќе почнам со овошје, па после ќе јадам варено месо и салата или може кога ќе го правам наредниот циклус ќе појадувам житарици без млеко или двопек за компир и за месо денот. За на работа може да си земеш ореви или лешници, заситуваат многу.
Хaхa е немa !!! Oф мене некaкo ми пaѓa кoнцентрaцијa дoдекa учaм зa испитиве и немaм мнoгу силa пa си прaвaм нес aмa без млекo хaхa и ем си пијaм вoдa сo лимoн и oп пaк имaм силa хaхa
Мене многу тешко ми оди денов со јаболка. Ми се чини дека од јаболки уште толку огладнувам, најверојатно до психа е, не знам. Инаку, досега мошне ми годи диетата бидејќи некако се чувствувам полесно, како пердув. Полесно вежбам, полесно пешачам, не можам да го опишам баш чувството ама мислам дека има врска што откажав леб, благо и процесирана храна.
Јaс нaвистинa некaкo ич немaм силa дa учaм зaтoa oд денес ќе пoчнaм сo диетaтa нa Жaн Митрев,a јa имaм држaнo пoрaнo и нaвистинa пoмaгa ,a ем не си глaден.
Денес варено месо и марула за појадок. Ќе продолжам уште денес вака и ќе се измерам вечер. Ако нема резултати после овие четири дена може и јас ќе ја почнам таа на Жан Митрев.
@lunchy мислам дека нема ефект...барем кај мене. Се мерев вчера и ниту 100 грама немав ослабено. Не знам што метаболизам ќе имаа оние што кажуваа дека ослабеле 2 - 3 кила после првите три дена. Барем пола кило кај мене, не мора три.