Мoжеби ти и вaкa не јaдеш мнoгу пa пoрaди тoa. И јaс тешкo нaмaлувaм килaжa зoштo имaм прoблем сo тирoиднa жлездa aмa сo мнoгу упoрнoст ќе јa пoстигнеме целтa
Не листав назад. Дали има некој што ја издржал до крај диетава и колку симнал ?! Се мислам да ја почнам, иако ми делува како илузија. За 8 дена, 8 кила, некако ми личи не возможно. Иначе јас би да симнам само 3. Кои на жалост ги добив како резултат на терапија. Не дека нешто кој знае колку се познава на мене, ама навикната сум на помалку и ми смета. На сопругот сум му вака поубава, оти имал повеќе за фаќање. Ме убедува да не симнувам.
дали има некој кој во моментот ја држи диетава или планира да почне .. Јас денес ја почнувам со 60 кг .. ми треба да симнам 5,6 кг се надевам ке ми успее Ајде некој за поддршка и друштво ако има
ајде јас денес прв пат ја почнувам .. ако сакаш друштво може заедно да ја држиме од денес .. па ке видиме какви резултати ке даде
јас бев на диета пред некое време, но прекинав и после се зафркнав, ослабев малце и пак почнав повеќе да јадам и пак се здебелив и имам повеќе сало, и сега сакам да ја пробам оваа диета, да ве прашам какво кафе можам да пијам, макијато, еспресо или нескафе можам? но без шеќер и во 5-ти ден што треба да јадам, од тоа што е наведено во другите денови или можам се што сакам да јадам?
Мислим дека еспресо може но макијато и нес не ( нес само со вода ) со млеко не , а во 5 - ти ден јадеш се што сакаш и колку сакаш така пишува , ја почнуваш денес ? Да си се дружиме
Супер, и јас од денес почнувам .. Денес цел ден 1литар јогурт може кафе чај и цедени сокови .. инаку со 60 кг почнувам..
И јас ве дружам од денес. Иначе јас не го можам кафето без млеко. Тоа нема шанси. Се надевам нема многу да делува на резултатите.
А да пробаш овие неколку дена да го пиеш без млеко, или воопшто да не пиеш кафе , наместо кафе пиј зелен чај секако без шекер . Инаку супер што и ти почнуваш , поубаво е во друштво
Јас еве моментално пијам кафе, со млеко. Не сум пробала без. Ама ајде од утре. Без кафе, нема да го преживеам денот. Едит: Почнувам со 57, пред да забегам до 60. Целта ми е 54.
Мое мислење за јогуртот кој во никој случај не треба да биде овошен е дека не треба да се конзумира јогурт ни со низок процент на масти зашто астите фабрички се отстрануваат со цел да се добие варијанта подиеталнанајчесто се заменуваат со нешто што ке го врати вкусот а тоа е сол или шеќер накчесто. Конзумирајте повеќе лимон ,лимонската киселина ја стимулира продукцијата на дигестивни ензими нешто слично на јогуртните култури исто го потенцира вкусот на храната да биде поинтензивен нешто што го прави солта
Како сте дами, како го поминавте првиот ден Јас 1 ден да не кажем ЕКСТРА околу 700 мл јогурт ,1 кафе ,1 зелен чај со цимет и околу 2 ипол литри вода +( пола краставичка) ... Денес 2 ден на мени компир салата цел ден , со кромидче маслиново малку сол и лимон Инаку се мерев сабајле минус 1.500 сум ..
Го преживеав првиот ден. Над 3 л. вода, зелен чај без шеќер, 3 кафиња со млеко, 1л јогурт. Без грешка, освен млекото, со страшни кризи за јадење на два, три пати. Ама заменив со зелен чај и кафиња. Моментално не чувствувам глад, а пијам кафе, овој пат, чисто пробно без млеко. Одвратно ми е, ама преживувам. Иначе, јас прв пат сум на диета и не знам како и дали воопшто ќе издржам. Проблемот е што моментално сум на терапија за анксиозна состојба, па од таму и килажата во плус. И така.
ќе се придружам и јас од среда. вторник и четврток ќе ги рипам, бидејќи имам интензивни тренинзи и нема шанси да издржам, меѓутоа ќе балансирам со здрава исхрана. килажа варирам од 58-60, ќе бидам среќна да стигнам 53-54.