Сторено, изметено е Крејзи Непримерно-примерни граѓани на фемина сме мие со Бриџа Грешиме и се самокорегираме Едвај чекам компирите (покасно) да се истолчат со солца и вода и црн бибер да се зачинат
Најубав ден ми беше кога имав компир хахахаха. Фала богу после трудноќа ми се среди метаболизмот па немам потреба од вака ригорозни диети иначе оваа ми беше спас редовно. пред одмор, свадба и сл...
Трет ден, не многу забавен и надежен... јаболки ден. Ги менувам со праски, оти тоа имам и оти по ми се јадат праски одошто јаболки. Вчера слабо јадев. Можно е повеќе глад да осетам подоцна,особено оти и не заспав вечерва. Денот ќе почне со какао и праска.
Ооо темава пак живнала бе! Мило мо е шо не сум сама. Има и други ко мене шо им се брза со кг-те а? Жапче и ти пак тука а и јас врти сукај нема друга идеална за мене. Започнав вчера и се надевам па и на минимален резултат до крај на јуни , а може и јули ќе си продолжам. Ај среќно на сите дечки мора манекенки да стануваме ејј
@Apina, welcome back. Редно е И за мене оваа диета е нај, нај Другите ми е ем тешко да ги следам, ем ако ги следам.. тешко дека ќе намалам обем Четврти - месо ден. Поима немам што би јадела. За сега само кафе. Вчера, освен јаболки, изедов една чинија варен ориз немаше шанси само јаболки, на толку малку јадење претходните два дена. Осеќам телото се менува. Почнува стандард, делот кај грбот, малку кај бутинките и задникот под задникот
Пети ден, бејби. Си јадеш колку сакаш, што си сакаш демек, таков ден. Е, не ќе моќи. Пошто кругот планирам да го продолжам,а ова малку што се осеќа слизнато од жабјово тело..не би да се врати во секунда,дула доза и тоа. 4-5 кг чак, тешко дека се изгубени за овие 4 дена. Нешто лесно ќе биде денеска и количински и калориски. Ама и протеин ќе има и нешто млечно Демек и вежбање вклучувам. Уствари,правам само вежби за загревање и истегнување за сега Толку е кондицијата. Старост. Кај и да е, до септември ќе се спремам за трчање крај Кеј. А тогаш, дождови ќе фатат. Зимници ќе стасаат. У бестрага.
Многу си ги сакам ваквите диети. Три дена на диета, одма резултати.Прелесно, за луѓе кои немаат трпение, како мене.Сакав да речам дека е и за луѓе кои помалку јадат, но шо ќе се вика диета ако не е за слабеење вишок? А вишокот од дека? Не е тоа од праззззз. Не ги држам затоа што не ги додржувам до крај или до целта ,моја, а ми треба повеќе од 5 килограми за слабеење. А падни-стани со диетите, кратки, за две недели и не трпам повеќе. А се враќаат.
Се што е протеини ко што рече, Бриџит. Печурки, јатки (не пржени), сварена леќа, сварена пченка, грашок, брокула.... Што год правиш, можеш со зачини и зеленчуци од типот: кромид, морков, лук, пиперка, домат, тиквичка да ги комбинираш. Гледај да ако пржиш, да не биде многу масно. Што полесно, толку помалку ќе ти го дуе стомакот. Јајца сварени во салата со марула и краставица. Омлет од јајце со печурки и нешто од другиве од погоре. Печурки полнети со нешто од погоре. Сварена леќа салата или манџа... летна манџа со пиперки,патлиџани и јајце Држи се само до она, протеин кога е, овошје кога е.. иако, ако количински и калориски намалиш и се држиш до некое немешање на храната, избегаваш работи што те дујат (сигурно си приметила што) се слабее.
малку можи е оф топик, ама прво прашање - што се постигнува со ваквиот режим на исхрана? второ, јас имам заприметено дека на пример јогуртот ме дуе и ми смета. дали тоа е знак дека имам некаква нетолеранција на некаква храна? мене и ми рекоа да не пијам млеко и млечни производи и да не јадам месо и месни производи. ми биле штетни за организмот. дали има некоја такво слично искуство баш со овие производи од анимално потекло?
Со ваквиот режим се постигнува... по витко тело. Штом доктор ти рекол дека треба да ги избегнуваш млечните производи и месо и сувомеснати - слушај го. ц. Мене, лично, јогуртот или месото не ме дујат. Ме дуе јогурт во комбинација со леб.Пример, со ѓеврек. Само јогурт - не. Само сирење... не ме дуе. Ме дуе сирење во комбинација со сувомеснати и мачканици на леб. Исто и со кашкавал. Исто и со месо. Само месо, и тоа варено, печено (не пржено), ок ми е. Во комбинација со нешто друго... ме дуе. Паста... во комбинација со тешки сосеви ме дуе. Само паста со зачини или некои лесни зеленчуци ми е ок. Сувомеснати..ме дујат кога се во комбинација со млечни работи и леб и мачканици. Само сувомеснати...ок сум.
aaahhh jas moram se so se da mesam hahahahah. toa znaci nisto da ne jadam cccc suvomesnato moram so sirence so lepce so nekoj namaz - da smackam edno lepce moram na toj nacin. suvomesnato samo kako se jadi?? mene kiselini ke me iskinat ako napram taka. a ako bidete ljubezni da napisite dali e ova dietata na eden den zelencuk i ovosje, eden voden den, eden proteinski, eden jaglehidraten...?
На првата страна ја имаш диетата. Во првиот коментар. Ако ова ти е престрога диета, со премалку храна... пробај некоја од другите. Хроно, УН итн. Има доста диета тука.
Шести ден и од почеток - течен ден. Бидејќи е ден за јогурт пред се'.... јас додавам и млечни работи: сирење/кашкавал+свежи домати,пиперки.