Седмиов ден, пиши пропало. Фристајл испадна. Не можеше поинаку утре ќе го терам менито за седмиот ден.
Ако се вратиш на истиот начин на исхрана, кој те довел до тоа да накачиш килограми... нормално. Нема диета што ќе ти гарантира дека потоа ќе можеш да јадеш колку сакаш, кога сакаш и да останеш со иста линија ко онаа што си ја постигнала со диетата. Мора да се внимава на исхраната и потоа. Ама, кој од нас внимава
Јас кога ја држев ун 60 дена намалив 8 и после не внимавав јадев како рушена и не ги вратив одма е сега сум друга песна со бременоста си накачив +17 кг здравје после породувањето одма на ун
Разгледај ја хроно диетата, ако не си ја. Види и УН, повторно,ако ти е лесно да ја следиш. СО оваа диета има многу малку храна и не би ја препорачала за подолго време да се држи.
Девети ден, ајзо, компир ден. Се проширува зоната на тенчење. Половината е под напад. Го меркам орбитрекон. Ама, се' уште осеќам дека ми се руга... демек,не сум спремна за него. Океј. Ќе се тегнеме,загреваме.
Еве ме и мене со една добра пауза од недела дена со преселби и температура и ред други работи и морав да прекинам... Втор ден денес компири се јадат, и сеа поцврсто ќе се држам Само да ве прашам дали вие пиете сокови и какви? А напредок има или слабо?
секакви пијам јас. И за растварање и тетрапак. Газирани не пијам, оти слабо пијам газирани сокови, генерлно. Пијам и кисела вода.
Денес ја почнав пак, период пред одмор секогаш се враќам на неа. Класика. Ќе имам 12 дена да ја држам, се надевам ќе биде успешно. Почнувам со тешки 75 килограми. Wish me luck girls!
Десети ден. Ден за јаболки. Ич не ми се мисли на јаболки, не знам оти. Ќе видам некое друго овошје и ќе е микс. Рано најавава ама, кога сум веќе будна, кога знам дека подоцна ќе клапнам... да го најавам денот па да се држам до планот.
Јаболчња и јас денес. А како се разбудив жедна 4 си лапнав од сабајле а и едно шише вода скоро литро ипол сега за сега добро иде
@zhap4e кај тебе има секогаш резултати дај пофали се да не мотивираш малку повеќе кг не бараме чисто онака опис на промена на телото
... немојте да се лажете или ако сакате насловот не е медицински подржано, нема шанса да биде 8 кг салце т.е.масни наслаги да се отфрлат- стопат за 8 дена, апсолутно ништо да не се јаде само да се биде на вода пак не се постигнува такво нагол ефект и губењето на килажата според покажената тежина на вага е само и само течностите задржани околу нашето тело, зглобови и цревните резерви, правилното слабење се мисли на тоа сало околу мускулите секогаш почнува после две недели строга диетална исхрана и тоа ќе се осети во посебен мирис на мокрачата која ќе укажува на разградување на тие масни наслаги...
После пар страници, се' истиот муабет го правиме, Бијонсе. Знаеме дека не се слабее 8 килограми за 8 дена. И не му ја мислиме за тоа. Нас само ни се свиѓа ваква,каква што е диетата. Ако ги шеташ диетиве ради што се мислиш која да ја избереш.. избери си ја твојата и терај.
...ама се залажувате, конзумирате еднолична храна, го стресирате телото без видливи резултати,а не потенцирате воопшто барем домашни вежби ... дали може јас да споделам со нова тема на форумов начин на шланг тело? или има доволно теми за тоа да не се мачам ако се брише?