Не се мерам ама вака во обем има огромна разлика од претходно каква бев. Имам струк сега, лицето ми се смали, не сум подуена веќе, нозете и бутовите ми се намалени, рацете исто... Кога слабеам слабеам секаде, исто и кога се дебелеам. Тоа кај секого е различно. Не сум била вака слаба од средно, не можам да се препознаам Мој совет, немојте ригорозно до толку, ќе ви здосади после 2-3 недели и ќе ја заборавите диетата а резултатите постигнати ќе ги фрлите во вода бидејќи не сте се навикнале на здрава исхрана и ќе се вратите пак на стариот начин. Одберете си некои омилени здрави рецепти, ги има премногу. Научете да ги спремате и уживајте во диетата без грижа на совест. Со среќа
Душо јас се мерам во сантиметри , бидејки ми е страв од вага Ајде почни да ја држиш , ке се бодриме заедно .... Патем кога сте ја држеле , правевте прекршоци и слабеевте?
Ее конечно те начекав онлине Ти колку што читав низ темава ја имаш повеке држано диетАва , е сега се држеше по правилата или праеше прекршшоци?
Тука сум @ALISA0000 само немам многу време да пишувам. @Justicija ја имам пробано мн пати диетава ама не сум имала некои си резултати зошто секогаш ја прекинував после 5 6 7 дена. Сега планирам да додавам повеќе зеленчук и малце овошје насабајле. Нешто такви измени да правам пошто само компир цел ден ќе ми биде тешко. Денес компир сечкан печен на хартија ќе јадам со брокула салата, може и пире ке испадне за вечера незнам
море моми како се држите? има ли некој друг со нас трите да ни праве друштво ? заедно со друштво е полесно
Јас ве дружаам Денес ми е втор ден. Вчерашниот помина многу успешно Се надевам и денес така ке помине
Zdravo na site, Nova sum na forumot i eve i jas malku na rezim, da oslabnam, ja pocnav dietata vo ponedelnikot, denes mi e 3 den i dobro se drzam moram da priznaam deka ne e lesno ama zelbata da oslabnam e posilna ima li nekoj da me druzi da se motivirame poveke ?
Па се собравме околу 5 души Баш ме радува . , јас терам втора тура , денес компир варен , кромид ,сол , и малку масло Кога се мерев во см , ослабнав , но некако сега стагнирам...