Држи ја оваа диета , има ефект , од лично искувство ти кажувам Овошниот ден е малку тешки , но ако си решителна да ослабнеш ке издржиш
И јас денес јогурт, нека извинат админите што ке си ја икористам темава како исповедалница ама јас умирам веке , не се издржува , сега се мислам едно парче двопек да смачкам. Овој јогуртов ме уби значи. -Од што умре пациентот докторе? -Од јогурт. Кога ми се јаде ги читам успешните резултати од предходните страни и веќе напамет ви ги знам која колку ослабнала што јадела, кај и да е ке почнам да ги рецитирам до крај на диетата.
Два дена издржав два дена утка...од утре пак од почеток понеделнички За тие два дена што издржав кило и пол минус знам дека е вода ама мотивација е да почнам пак
Диетата има резултати ама, јас немам oслабено 8кг за 8 дена и не би ти ни препорачала тоа да ти е некаков таргет..идеал за диета. Но дека се слабее побрзо, да. Лично, мислам дека е премалку да го јадеш само ова што е пишано во диетата и лично јас, немам јадено само тоа што е пишано. Дополнително имам јадено работи како јатки (по неколку оревчиња, лешници..), овошје, маслинки, зеленчуци ко краставица, пиперки, домати.... конзумирај и дополнителни работи но гледај да бираш помалку калорични и масни Во темата за Морална поддршка..ќе најдеш пар феминки кои се моментално на диета и си имаат различни режими Чисто да се мотивирате едни со други, ако ти се чита и пишува...бујрум. Гуд лак.
Секој ден сокови ? Соковите многу дебелеат, јас се имам здебелено само од сокови. Имав еден зимски период, две недели само сокови пиев, без многу храна. Дефинитивно дебелат. 5 ден јади што сакаш и колку сакаш - можеш толку многу да се изнајадеш глупости, што после 3-4 дена не можеш да го исчистиш од стомакот и да си подуен. Иначе, не се согласувам за она, дека не било здраво да ослабиш многу кг за кратко време. Секој организам е различен. Пример, јас бев многу настината и за 3-4 дена ослабив преку 5 кг., се стопив наеднаш. После оздравив, се чувствував одлично, здраво, прочистено, дури и мноооогу поубаво се осеќав него претходно. Втор пат за свадба се спремавме дома и една недела пред свадбата толку трчавме, што ослабев околу 7кг. (а, јадев нормално). Среќа имав земено фустани за плус минус 5 кг пак да ми стојат убаво. Никој не умрел, ниту се разболел од наеднаш слабеење, како што се дешава човек наеднаш да се здебели, така може и да ослаби. Битно тој да се чувствува здраво.
Јас ја држам понекогаш (порано држев слична на оваа диета , наместо пилешки стек , таму имаше јајца , и редоследот беше различен од оваа диета) Со диетава се слабее , но 8 кг за 8 дена не ослабнав , но 5-6 кг ослабнав , и се држев стого , но во диетата што ја држев а е слична на оваа диета , имаше сок од боровница , така да си го конзумирав сокот од боровница и додека ја држев диетава , по една чаша на ден . Само дисциплина и упорност
Deneska pocnav ama ne mozaam samo so jogurt oti go mrazaam!! Jadev malku sirenje i to! Aj nekoj sto e drzel da mi kazit kakvi sokovi koritevte
Не сакам да ве обесхрабрувам, но мислам дека баш и не е нормално за 8 дена 8кг да се симнат.Еве и 2-3 да се добро, ама 8 .Ваквите диети обично имаат јојо ефект.Многу што ги знам што држеле било каква диета нажалост после враќаат бар 5кг од изгубените.. Пробајте со здрава исхрана, исфрлете благо, помалку шеќер.Еве доаѓа сезона на салати, повеќе салати, манџи, смутиња, помалку леб.Ако сте само на јогурт и вода со се вас и крвната слика ќе ви ослабе..другарка пробуваше со јоругт така и со нејадење дур не почна да и се мати сликата пред очи.Сега си јаде најнормално во умерени количи и вака има повеќе резултати него со изгладнување.. #justsayin #nohate со лесно на сите сепак
Девојки здраво јас сум прв ден со диетава па можам да речам дека се издржува...Имам едно прашање сабота мие роденден, дали е дозволено некоја чаша алкохол оти роденден без тоа неоди ? Инц тој ден ќе ми биде ден на компири од вториот циклус Ќе завршам понеделник и ќе ви кажам резултати цмоок
Дали ќе можи некој да ми кажи 5тиот ден кога треба да јадиме птприлика што? Примертоа што го изедов јас) две јајца едно парче сирење и таратур...цел ден. Доброе?