мислам дека 1,65 сум ама дебело ми стојат 65 кг, со стомак , со мишелинки, со рамбо раце, со газ плазма екран со се!!! Среќа не сум веке 65 кг, симнав тогаш со диетава неколку иостанав на 62 63 планирам за некој ден пак да ја почнувам, добро е што сте тука да имам друштво. Така од старите мислења на членките се мотивирав (а има доста устпешни).
Со таа вистина до 68 - 69 кг не си дебела, каква градба и да имаш. Секако зависи и како мастите ти се расподелени на телото, ама во секој случај тоа навистина не е дебелина.
✌ јас ама од понеделник, нема шааааанса од утре џабе да не се залажувам Има веќе некој што ја држи диетава? Или пак некој/а со добар резултат да слушнеме малку за мотивација!?
Тука сум, старт од денес. Ако има некој за дружба ајде изволите Јогурт денес од сабајле една чаша некои си 200гр.до вечер тоа на мени. Пусто лето иде мора да симнеме некое кило..
Хахха врти сукај тука и пак тука. Таа седмицата не се трга од вага еј инат! Ајде полесно е заедно. Денес компир ќе јадам а и после 17 веќе не внесувам ништо освен вода. Некако така ми е планот па ќе видам како ќе иде
Луѓенца само да ви кажам дека ја со протеинската диета симнав 5кг за 5 дена пред две години и веќе ни грам не вратив! Дас , и сега варирам у тежина но не се враќам на старо. Сеа пак сум здебелена малце , но деновиве мислам пакда си ја почнам , па можам да ја издржам (читај морам ) за да симнам кое килце
Па нема ништо посебноо , само јајца месо , салата и thomy мајонез смее да се јади Јајцатс можат на каков било начин да се јадат или спремаат , месото истотака само да не е поховано -овошје ич! Да се пијат витамини и магнезиум во текот на диетава за да го надокнадат шеќерот
Dietava vi e slicna kako dietata "rotacia na hidrati" Ova dieta e efikasna. Prv den jadete jajca, meso, riba, mlecni proizvodi. Toa vi e od strana na proteini. Od hidrati jadete kompiri, oriz, oves, grav, grasak. Vtorio den jadete isto proteini a od hidrati samo ednas za rucek jadete oriz ili kompir ili ovez ili zlatna mesavina. Naredniot den isto proteini jadete a od hidrati ne jadete nisto, znaci samo meso jajca riba toj den. Sleden den jadete isto kako prvio den i kako so vrvat denovite taka sleguvate so hidrati znaci visok sreden i nizok vnes hidrati. So ova dieta ke skinite salo i tezinata ne se vrajka lesno.
Има ли некој од утре ?? Ајде идат одмори, а ова е најбрз начин за слабеење, за тие што немаме време за УН.
Ако некој ја почнал диетата нека ја прекини одма. Kaко што кажа Мартин, оваа шема на диета е на принцип на ротација на хидрати со низок, среден и висок внес на хидрати НО, ова ни малце не е правилниот начин на изведување. Телото на секој човек не е универзално, и ако функционира за еден не значи дека ќе функционира и за друг. Тотално неправилно бидејќи се изгладнува телото со само 1 оброк во денот , и доаѓа до успорување на метаболизмот. Многу брзо ќе направите rebound на килограмите.