Вчера го минав без овошје да каснам. утро: какао една чаша без шеќер и млеко, ужина ореви (кај и да е и нив ќе ги одјадам) ручек: пинџур (домати и печени пиперки испасирани) + јогурт вечера: какао со млеко и ореви неколку Денес, ден 8 - компири. Место компири, оти прошлиот циклус два пати ги јадев.. ориз ќе е со домати.
Држам веќе долго време здрав режим на исхрана и сум со -10кг,но тоа готвење и внимавање некако ме умори дали дека имам сеуште за слабеење или не незнам до што е. Еднаш сакав да ја почнам оваа диета, но уште на првиот ден се откажав. Од денес ја почнувам и 5 ден пауза не правам, значи константно ќе ги вртам тие 4 дена. За јо-јо ефект не сакам да зборувам и мислам бидејќи го има и во овие диети и во режимите. Дали има некоја со мене од денес да се бодриме?
Вчерашниот прв ден помина одлично со литро јогурт,вода и турско кафе без шеќер. Денес печени компири без масло со зачини. Се осеќам одлично и малку гладно ама трпение и упорност само нема назад! Во план ми е да се мерам после 8 ден.
Ден први од втор циклус чваркотопење имав некои две недели можда и плус, незамарање со вежби и диети. Резултатот е подуеност и умор. Многу големи забегувања со храна немав, али па и не бев во дефицит со калории, нит па вежбав, така шо...фајде од периодов никакво (сакам да кажам не се држев до планот за аеробик или фитнес од септември,немогуче беше) Формата ми е изгубена, се надевам брзо ќе се врати кога ќе ја снема подуеноста и ќе ме мотивира да продолжам каде што застанав. Сакам да кажам, се надевам ова шо го пипкам се само течности, а не чварки))) т.е. нема сега магично одеднаш да се растечат чварчињата. Вежбањето мораше обавезно да се намали ради колениците и стапалата (хаос ми беа), а и искрено речено, со агендата која ја имав по одморот...тешко беше сабајлечки,тешко беше и вечерта да се вежба Збогум кардио вежби, за век и векова. Редно е да си најдам посоодветна програма/вежби. Денот мина со: Утро - пола лимон, вода, ѓумбир, магнезиум и ред витаминчиња. Ручек - млеко и две кисели јаболки (каша). Вечер - семки од сончоглед, кафе, млеко. Утре на рипит ќе ми е, со плус цитрусно овошје. Заслужив да се тормозам ич да не ме жалите.
Вчера..цел ден цитрон, лимон, jaтки, joгурт, какао. Вечерта се зезна оти беше вечера аут и испланирано мени. Не по моj план. Небитно..ке се тера ко шо ми беше планот. Компири и моркови варени..пире кашесто денес. и не биле чварци,подуеностттт, хуху. Го жаба!
Ја имаш на првата страна од темава еве ке ја постирам 1ден 1л Јогурт можете чај, кафе, сокови 2ден 1кг варени компири можете чај, кафе, сокови 3ден 1кг јаболкиможе чај, кафе, сокови 4ден варено месо 400гр исалата 5ден јадете колку сакате и штосакате Само не очекувај баш -8 кг за 8 дена ...
Има ли некој/а за дружба? Лееетнав ја малце со килажата мора да се враќам на 8 за 8 нема друго. Јогурт денес со краставички може таратор и ручек и вечера минимално (пошто ми е најголем дебеелеечки проблем врчерата)
Состојбата ми е аларматна , од утре почнувам со диетава и морам да терам до крај !! Инаку ке треба по порачка све да шијам од гардероба бидејки ништо не ми чини