Исфрли вечера, леб и бели пецива, макарони, шпагети и благо намали на минимум, јади со ручекот умерено леб интегрален по едно парче, за појадок овошје. За месец дена ќе ослабнеш на здрав начин 8кг сигурно. Јас ослабнав 5кг на овој начин.
Знам но поентата ми е: ни 8 дена нема да се ефикасни ако после тоа не се држиш до некој режим. Ако си јадеш како по старо ќе ти се вратат килограмите. Затоа потребно е нешто што ќе биде долготрајно решение.
Уште пред да пишам на темава, не се согласив со насловов и решив да пишам и да ви укажам како не се слабее. Јас држев диета, т.е. бев на здрава исхрана, ослабев за многу кратко време многу килограми и завршив во болница поради таа причина. Не е само да ослабете, туку треба да знаете како да ослабете. Ете кај мене имаше лош ефект. Ова ви го кажувам од лично искуство и сакам да ве предупредам да внимавате кога сте на диета. Има многу несакани ефекти, до расипување на желудник, метаболизам и тн... И нека не ве лаже некој со диети за да фрлате пари или да слушате нутриционисти. Се слабее со здрава исхрана, волја за слабеење и физичка активност (кардио вежби).
Има, но не 8кг за 8 дена. Некаде до 3-4 максимум ( кај повеќето, сепак зависи од организмот и со колку кг. почнуваш ) и плус тоа е водата од организмот. Килограмите се враќаат многу брзо.
За ова се согласувам! Но јас кога имам пишано ден за ден или доручек, ручек, вечера сум по дисциплинирана. Ослабнав 7кг. јадејќи овошје, зеленчук, месо, манџи без брашно...но еве веке трета недела не мрдам со килажата надоле, а зошто незнам...
Стагнира системот. Кај сите е така и кај сите е различен период на стагнација. Кај мене 20 дена се случи да стагнирам и ни килце да не оди надоле. Не е ништо страшно и нема простор за паника.
НЕ ја почнувајте диетата. Не е здрава, килограмите што ќе ги исфрлите се гликоген и вода а не масно ткиво.
Наместо да ве привлекуваат тие бројки 8 кг за 8 дена едноставно отфрлете сѐ нездраво (леб, тестенини, благо, пржена храна, газирано итн) или пак одберете медицински одобрена диета која бавно слабее зашто масно ткиво не се топи толку брзо, особено не неколку кила за една недела. И побитно е визуелно да се види разликата отколку на вага, зошто на вага е релативно.
Не е здраво толку брзо да се ослаби 8 кила, а и најверојатно е дека дупло ќе се вратат после прекинот на ваква исхрана. Како што кажа @Tan4ence отфрлете се што е нездраво и внесете многу свежо овошје и зеленчук во исхраната. Нормало дека можеш да се почастиш некогаш, но да не биде повеќе од два пати месечно. Ова е само малтретирање на организмот. Се што се постигнува брзо си оди брзо. За трајно слабеење потребно е трајно придржување кон здрави навики. Јас слабеам само до 4кг месечно (некогаш дури стагнирам и помалку постигнувам) и океј ми е тоа иако уште имам вишок многу. Тоа што со години се таложело не се губи туку така, време треба.
Не може 20 кг да се вода и да нема губење на масти .... а и стомакот не е можно да бил полн со вода и гликоген . Како прво не може да се ослабе 8 кг за тие 8 дена од искуство кажувам , а тоа со без леб и благо имам држано мн месеци и крајниот резултат ми беше разочарувачки (дури не добивав мензис тие месеци)