Овошјето се заменува со зеленчук и се додава физичка активност за да се присили телото да почни да ги троши залихите фактички телесните масти да ги претвора во енергиа. Значи мора да трошиш повеќе одколку што внесуваш. Џабе диета ако невежбаш. Една година е потребно за да се скинат барем 10кг.
Ако не си имала циклус значи многу си скратила здрави масти и протеини што не би требало да биде последица од кратење на благото, лебот и транс мастите. Јас баш така ослабев и иако имам уште за слабеење, гледам дека сега не се поправам толку лесно како порано. А во периоди кога не јадам доволно или сум под стрес, ќе се зарадувам дека сум ослабела уште за после за 2 дена да се вратат. Поентата ми беше дека сѐ што е брзо не е добро од диети. Тие 8 кила е здраво да се симнат за барем 2 месеци. Овошје, зеленчук, јајца, месо и млечни во умерени количини не би требало да дебелее освен ако има некој здравствен проблем.
Напротив јадев повеке протеинска храна бидејки месото ми дава повеке енергија , исто така јаболка и сл . ,како што кажав дека со оваа диета никој не изгубил 8кг туку помалку (вклучувајки ме и мене) И ако некоја има многу вишак на пр 100кг , нормално е 8 кг да ослабе во еден месец , бидејки покрупните побрзо слабеат бидејки имаат мн за слабеење
Дали може без месо да ја држам оваа диета заради тоа што сум Вегетеријанец, исто не сакам ни соја, каква замена за месото четвртиот ден би можела а ефектот да е ист?
Па нели диетата е 8кг за 8 дена? Какви 20кг сега? Второ, пристапот да се отфрлат леб, тестенини и такви работи што се сметаат за штетни е многу грешна. Битен е енергетскиот внес, точно е дека секоја храна предизвикува различен инсулински скок во крвта и треба да се внимава но на крајот на денот е битно KCAL IN / OUT. Биди во калориски дефицит = губење килажа. Небитно дали сите калории ти се од леб се додека си во дефицит.
Па ја држам подолг период затоа минус 20 кг ...околу два месеци .. И дај престанете да тупате едно исто ,пишано е многу пати низ темава дека никој не ослабнал 8 кг за 8 дена ,дури ни јас што имам мн вишак
Назад на најдоброто испостување на чваркиве за мене. Треба да видам и некои видеа со вежби за луѓе со повредени колена..или ќе бидат вежби или ќе биде само пешачење. Ден 1 - течен. Таков и ќе остане цел ден. Ќе се проба и утре исто да е течен, стандард два дена малку шок за апетитот да спласне и да свикне телово на помалку храна. Треба да си најдам некои мотиватори луѓе за да се одржам подолго и да се вратам во нормална после многу, претерано долго време.
Вчера, ден 2...сепак прописно се истера со варени компири, не го направив течен ден. Денес, ден 3...јаболки да си купам.
Уште е денес изгледа))))))))) Еден ден ми се чини ко десет да е. Све ми е споено. Јаболки не купив, имам само еден портокал кој уште го немам изљуштено, ништо немам каснато освен кафе и немав време денеска за јадење, а не се ни осеќам гладна пошо сум под стрес и притисок. Ќе се држам до овошје, евентуално некоја јатка ко оревче ама тешко. @Justicija скиснавме богами. Бар да заличев на човек ама никако да се вратам у форма и да заличам на нешто. Ајде бејби. Дај да се мотивираме и спастриме, аман.
чим ме снема од тука, рачунај и мотивацијата отишла јабана) 8 не ќе симнеш, толку да знаеш. За успешна е. Друго е што јас не можам да истерам пошто сум под стрес и ред други работи.
прв ден 2 канчиња кисело млеко, со мала грешка што каснав стек пошто стомакот ми правеше револуција....