Издржав со тоа јогуртот вчера Испив и две кафиња турски без шеќер и еден зелен чај. Ми се јаде, ми се лае!! Еве си правам компир салата, нема шанси чист така да го јадам. Кромид и оцет голема работа ако додадам Стомакот визуелно ми е помал и вчера се расправав цела вечер со него. Гуча парти беше!
Денес се мерев и имам 64 кила. - 3 кила Не ми се верува! 3 ден и сум само на 2 јаболки, нема шанси цело кило да изедам. Ајде, ајде уште 5 дена ќе успеам
Нагло се здебелив. Ќе почнам од утре со диетава, нема да ми биде некој шок на организмот со оглед на тоа што стално гладувам. Ке пишам разултати. Инаку имам 63 кг.
Јас сум задоволна! Битно не чекав 2 месеца за 3 кила да симнам, еве можело и вака Се издржува, не е којзнае колку тешка но треба да пазиме после диетава да не ги вратиме дупло/тродупло килограмите. После овие 8 дена макотрпни, ќе бидам на УН или Ирена диетата и како што си вежбам сега редовно ќе си се одржавам.
Да ве прашам сеа освен јогурт,друго ништо не треба нели? А вртоглавици нешто осетивте? Ај вториот ден со компири ќе го издржам,ама не знам како првиот? Ај малку хелп плисс
Па да, освен јогурт друго ништо. Како си е напишано така. Јас пола за доручек, пола за ручек го испив. Вториот ден си додадов и кромидче, оцет, малку зејтин и сол Освен кркорење на стомакот и огромна желба да се бутне нешто калорично друго нешто не осетив.
уффф ќе ја направам но 3тиот ден наместо јаболка ќе јадам салата бидејќи јаболка мразам мислам дека нема да има штета напротив...
4 ден - Стек со печурки и краставичка. Утре ќе се мерам и ќе пишам обавезно. Пијте многу вода, чај и кафе без шеќер. Многу помага да не ви се јаде барем до толку. Иначе 5 ден ќе пијам литар јогурт. Ќе го прескокнам денот кога може се да се јаде.
Денес ми е денот со јаболката, искрено супер се држам. Не паѓам во искушение. Дечко ми ме немаше видено од саботата и ми забележа дека сум пропаднала, наводно ослабнала во лицето и сум била бледа. На вага не сакам да се качам до таму петок.
1ден 1л Јогурт можете чај, кафе, сокови 2ден 1кг варени компири можете чај, кафе, сокови 3ден 1кг јаболки може чај, кафе, сокови 4ден варено месо 400гр и салата 5ден јадете колку сакате и што сакате Потоа повторете ја постапката од 4 дена уште еднаш и веднаш ќе имате резултати.
Уште не сум се мерела. Немам стомак, немам спојлери, немам колкови изразени како што ми беа. Ќе се мерам и ќе ви пишам. Иначе, 5 ден со јогуртот ( нели го прескокнав тој ден што се се јаде ) неможев да издржам и каснав два домати и едно варено јајце. 6 ден со компирите ми е денес, заедно со нив малиџано една лажичка земав. После полноќ ми е роденден, во петок ќе го славам така да само седум дена ќе ја држам.
Денсе ми денот на пауза, т.е. можам да јадам што сакам. Секако нема да претерам. Вчера требаше да се јаде салата и варено месо, јадев само салата, не се чуствував гладна, па мајка ми стекот си го додаде врз оризот што го правеше за ручек. Спојлерите ми се "стопени", уште стомачето и ке бидам задоволна. Сеуште се немам мерено.
МОЖЕ ЛИ МАЛКУ ВЕГЕТА БАРЕМ НА КОМПИРОТ И МЕСОТО НЕ ДА СЕ ПРЕТЕРА АМА БАРЕМ МАЛЦЕ ВАКА ЗА ЦЕЛ ДЕН МНОГУ СЕ БЛАНТАВИ