Да де, како што сега јас пишувам од болница. Нема врска Си јадев многу повеќе овие два дена и да се мерам нема да биде релевантно сега колку сум симнала од диетава ама симнав отприлика 5-6 кила.
Можете сокови да да полни со шеќери кои поправаат ваква диета секој може да ви каже, едноставно е не јади, гладувај исчистете ја само водата од стомакот и мислите сте ослабнале. океј ама што праиме кога ке ја прекинете диетата? кога повторно ке почнете ко ненаситни да бутате у тоа устата што ке видите а? опет иста песна а гарантирам со подолго време на оваа нездрава диета сигурно лошо ке влијае на здравјето ваше. кој се разбира добро знае дека правилно слабеење е она кога ке губите од 3-4 кг месечно се друго е срање
Па незнам, ваљда може. Јас си додавам со компирот оцет и кромид и си правев компир салата. Неможев само таков да го јадам.
Jас ја имам истата тежина и малку сум пониска од тебе 165 ,Имаш ли некој резултат,да ја започнам ли диетава од утре :?
И уште едно прашање во сите денови освен како што е по програмата на диетата може да се пие кафе и бода во неограничени количини ?
Ако ти треба да ослабис 8 кг најди си некој здрав резим на исхрана и изгу би ги за 3-4 месеци, ако сакас да останес без вишокот затоа сто со оваа диета ке изгубис само вода и мускули а сало ќе ти остане. Јас само со промена на навиките за исхрана за 6 месеци изгубив 10 кг, и сум презадоволна бидејки воопшто немав чувство дека сум на диета бидејќи ништо не ми беше забрането. Веќе 2 месеца си ја одржувам килажата и никогаш не сум гладна, не се откажувам од ништо и конечно сум задоволна со самата себе
Јас ќе држам диета за првпат во мојот живот, бидејќи сум цело време на здрав режим, ама зезнав многу со тоа што јадев во последно време се што не ми е препорачано по крвна група, па за првпат имам стомак, ама не сало, туку подуен, како кога бев 6-ти месец бремена се шалам не е до толку, ама мене ми смета, па решив да ја држам, ама сакам да ја модифицирам, денес јогурт, утре компир, ама на јаболка цел ден, не би можела, знам, па планирам после компирот утре, да имам 2 дена месо со салата, и петиот риба со салата. Што мислите, ќе ја биде вака? Исто денес нема шанси само со јогурт, јас сум јадач у суштина, сокови нема да пијам, ама дали ќе смета многу некој 70-80 грама кашкавал да кркнам? Мора да џвакнам оти не ја бива вака само. Ај кој има идеја за моиве модификации нека ми пише побрзо, башка што мене не ми е за килажа и онака сум слаба побајаги, ама стомаков да го доведам у ред, ама сакам брзо да биде, па затоа решив вакви 4-5 дена
Јас ја почнав денеска ја почнав со 62кг ке ве известам на 4 колкун имам симнато во првата серија ххаха
Пак сум на оваа диета ,трет ден ми е и симнав 2ипол кг досега. Мислам да ја повторам трипати наместо два ,па ќе ве информирам за резултатите. Засега сум задоволна , полна сум со енергија и не чувствувам глад ,тоа ми е најважно.
Јас мислам дека ќе има ефекти ,бидејќи и месото и рибата се со протеински состав ,а протеините помагаат во создавање на мускулно ткиво . Со среќа и пиши ни резултати.
Јас моментлно размислувам за диетава и планирам да ја почнам од утре, значи почнувам со 80кг а треба да стигнам до 70кг ќе ве известувам за резултати
Jaс секој ден пијам Баланс јогурт од пола кило и едно двопек тоа ми е до кај 1 саат на пладне и 1 кафе без шеќер (овошје кога како),кога ќе си дојдам дома во 3 ипол обавезно една марула салата (со јајце )и по 1-2 тањира супа од петле,мала пауза па ручек.Не вечерам.И да ти кажам не држам диета ама симнувам кг до сеа 4 за недела ипол,али за 10тина дена е Н.Г па таман имам 8 дена да ја почнам.Те известувам за 4 дена како ми е состојбата па пиши и ти.Поздрав
Баш ми е мило што ќе имам друштво во диетава . Јас од утрово испив 1/2л. битолски јогурт, а за вечера имам 1/2. баланс А бидејки нема да заспијам вечер ако не јадам нешто планирам да јадам супа, и тоа е течност . Ќе ви се фалам на форумув за секој симнат грм -За мотивација
Пробај да пиеш само Баланс јогурт (по препорака на мајка ми зошто таа ослабе мн.од него.). Само во првиот ден освен јогурт 1л.смее и неодредена количина на кафе,сокови(јас само лимонада планирам) или мора само 1л.јогурт?