Да да смее сок, кафе и такви течности пишува на диетата,на првата страна првото мислење јас денес 2 кафиња испив. И јас имам слушано позитивни критики за балансот, но сабајлево купив битолски оти во маалската продавница што ми беше најблиску немаше баланс
Па пилешко т.е. стек оти треба варено, а свинско неможе да се свари , единстево ако сакаш ослич замрзнатата риба, таа не е лоша варена, јас таа ја јадам така кога сум на диета
Јас ја почнав диетава, денес ми е трет ден. Првиот ден освен јогурт Баланс, земав и 2 пати сирење(и тоа е исто како јогуртот де ...неможев да издржам, морав да земам малце потврда храна. Подобро така него да се откажев Вториот ден со варениот компир јадев + кромид, Денешниов ден ми е најтежок, највеќе ми се јаде! Ама се држам некако, се надевам ќе заспијам порано вечер за да помине денов побрзо Утре место варено месо ќе јадам стек печен. + секој ден кога станувам прво пијам чаша млака вода со 1 лимон. Ќе се потрудам нареднов циклус да не ги додавам овие работи, да се држам стрикно до диетата + да вежбам на орбитрек. Ми одговара зашто има еден ден пауза па ете тогаш ќе можам да лапнам нешто што ептен ми фали Планирам да ја држам додека подолго време па ќе видиме какви резултати ќе имам. + да додадам, не знам дали затоа што ги јадам овие + работи ама одам редовно во тоалет, што не беше случај минатиот пат кога ја држев, тогаш мислам дека се здебелив затоа што немав отидено во тоалет ниту еден ден додека ја држев диетава.
и јас планирам од утре да ја почнам ова диета.до сега сум на некоја моја диета ама ако не почнам сртога диета маф ми е планот како шо до сега читам изгледа јас имам најмногу кг за симнување ама се надевам ке имам подршка од вас среќно
фелициа кога ке ја завршип диетата кажи колку килограми ослабна... зш морам до матура да ослабам најмалку 10 кг. :/
Со диетава не се слабее не се залажувајте. Тие намалени 2,3,5кг во овие 8 дена се ништо друго освен течности и мускулна маса која сте ја изгубиле поради неизбалансираната исхрана. Значи тоа НЕ Е СЛАБЕЕЊЕ. Масното ткиво се уште ви стои а мускулниот тонус ви се намалува а тоа е нешто најстрашно што можете да му го направите на своето тело. Дајте луѓе информирајте се, читајте, сурфајте барем тоа ви е достапно со интернетов, ќе се едуцирате што значи здрав начин на живот и избалансирана исхрана и тогаш ќе си ставите прст на глава и ќе си кажете што ли си мислев со диетава?! Не можам да се изначудам што се читам по форумиве.... Ако имате бишок за губење пробајте со УН, барем колку толку ќе имате баланс во исхраната и ќе ви премине во начин на живот а не само погубна диета.
Тотално нездрав режим.За слабеење,да не се збори. 1 кг компири на ден?? 1 кг. јаболки?? кафе?? За месото нема што да коментирам. Освен што се прави шок на организмот,иако не сум ја пробала,тврдам дека со ова не се слабее. Сега,оние детоксикациските,не се здрави да,ама бар си знаеш,слабееш. Ова....
Конечнооо е завршив диетава ))) прво морам да кажам дека е држев 8 дена и 2-3 дена ја држев по редослед, после не можев без леб и благо и си поткаснував малку. најтешко беше денот со јаболката али помина ))) од 73 кг сега сум 69кг задоволна сум !!!!! ) ми останаа уште 4-5 кг до целта, сега е полесно
Здраво на ситее !! Прво сакам да кажам дека ја почнав диетава пак. Денес ми беше прв ден и одлично поминав значи ОДЛИЧНО 1 грешка не направив . Испив 1л јогурт баланс и многуу многу вода. Ќе ја држам 8 дена па ќе ви пишам за резултати! Иначе почнувам со 70кг . Се надевам барем 2 кг ќе ослабам. И морам да кажам дека вежбав до сега на орибтрек 40 минути и не чувстувам глад и незнам зошто имате пишувано дека диетава е екстремна.. само денот со јаболка е потежок но се издржува ! Ајде поздрав сегаа и се надевам дека ќе продолжам вака и уште 7 дена
So srekja Saki, navivam za tebe! Jas od utre t.e. od denes pak ja pocnuvam, se nadevam deka kje uspeam da izdrzam bez blago :/ ... Porano ja drzev dietava i bajagi si oslabnav, sega pak so istata kilaza od 68 kg pocnuvam, planiram da ja drzam dodeka ne si stignam do 59. Minatiot pat uspeav, i sega se stremam kon toa... Neka ni e so srekja
Здраво девојки! Сакам да почнам да ја држам диетава,но ме мачи тоа што не јадам јаболки,па дали може да ги заменам со некое друго овошје , на пример портокал,мандарина??
факт е дека стварно се слабее. АЛИ не само што има јојо ефект, туку дупло повеќе се поправаш потоа. се залетав ја држев и тоа баш кога не вежбав ништо. ако природно си имав нормална тежина, со оваа диета природно направив метаболизмот да ми е полжав. оди опрај го после, и вода ти се лепи. сега и 50 кг плус да имам веќе вака не се зае*увам.
Работава, мижи асан да ти баам. Ако имаш 250 кгр да ќе ослабиш, ама ако треба да ослабиш само 8 кгр мало морген.Ништо да не јадеш 8 дена нема шанса па ако сакаш окози се. Метаболизмот се брани од такви ригорозни диети.
не не душе. оваа стварно на секој фаќа. УН и ХРОНО пример, не фаќаат ако си држел ваква диета. али оваа со макс. 300 кал дневно и те како фаќа. само после тоа чуди се и глеј си ги последиците. може нема да се разболиш ама ке се поправиш дупло од што си ослабел. јадеш и сместа осеќаш како ти се враќат килограмите.
Среќен Божиќ, здравје и бериќет се ќе биде само нас нема да не биде. Ама ако имаш помалку килограми нема шанса да ослабиш 8 кгр за 8 дена. Тоа е за луѓе со ненормални димензии.........................
А што е тоа СЕ што може да се јаде 5 тиот ден? Нема ли никакви ограничувања како леб, благо, тестенини?