Ослободување на детето од училиште

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од violetblue, 3 јуни 2021.

  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    3.830
    Инспирирана од прашањето на @WildMk во друга тема би сакала овде да продискутираме кога според вас е во ред и оправдано детето да одсуствува од настава, и зошто сметате дека е во ред.
    Го прочитав и мислењето на @Annath дека би го ослободила детето за одмор.
    Мое мислење е дека единствено би ослободила дете кога е болно за да оди или при смртен случај.
    Исто не се согласувам дека е во ред да се ослободува дете кога не е научило или нема домашна, па ајде подобро ќе го оправдам за да не добие слаба оценка.
    Според мое мислење со ослободување на децата бидејќи не научиле , поради одмор, патување, би испратило порака на децата дека училиштето и не е толку битно, дека може да се прескокнат неколку дена, дека нема да се изгуби ништо, и би создало некое лабаво чувство за самото училиште.
    Во поглед на ослободување поради ненапишана домашна или не научено, наместо родителот да го остави детето да се соочи со последицата од неговото однесување, пример лоша оценка, тој му дава лесна алтернатива и индиректно ја поддржува неодговорноста на детето.
    Во поглед на одмор, сметам дека родителите треба да најдат термин во претходниот период, тука сметам дека би можело кај детето да се јави лабав однос дека училиштето и не е толку важно и задолжително и дека одморот / патувањата се приоритет.
     
    На marchi-cool, _beautyy_, AngIv и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    18.731
    Допаѓања:
    160.178
    Пол:
    Женски

    Никогаш дете не би ослободила од училиште ако не се спремило за тест, испрашување или не напишало домашна. За тоа сум принципиелна, никогаш не го потценувам училиштето. Мое дете отсуствува од училиште само кога има температура, пролив или јака кашлица. За тестови, задачи, испрашувања учи сам. Ако сака, учи, ако не сака, не го терам со сила. Ако научил супер, ако не научил, сам си ги сносува последиците. Мене ми беше клучно да сфати дека не учи за мене или за оценка, туку дека учи за себе. И верувам дека успеав во тоа во голема мера, оти сум задоволна од тоа што го постигнува, бидејќи тој е задоволен.

    Кога станува збор за одмор, не мислам дека ако го ослободам детето од училиште за тие неколку дена додека трае одморот ќе му пренесам порака дека училиштето не е важно и дека нема да се изгуби ништо.
    Одењето на одмор е исто толку важно колку и училиштето, барем за мене, оти одморот е нешто што му треба на секој човек, психички и физички да се релаксира од секојдневието, како возрасните, така и децата. Одморот е време кога семејството поминува повеќе време заедно и тоа квалитетно време, отколку кога сме дома, каде што секојдневните обврски ни одземаат дел од денот. Ама ова е моето мислење, оти нашите одмори сега, кога децата ми се поголеми, не се сведуваат само на лежење на плажа и брчкање во плиткото, туку шетаме на различни места каде што децата учат нови работи, нешта кои никогаш не би ги научило во училиште.

    Од друга страна - кога некој сака да учи, ќе научи и со петдневно отсуство од училиште. Оној на кого му е важно учењето, ништо нема да му смени отсуството, оти брзо ќе го надополни пропуштеното.

    Трето, не секој родител има опција за одмор додека трае летниот или зимскиот распуст на детето - дали тоа значи дека семејството не треба да оди на одмор никогаш, иако има можности? Викендите не се секогаш доволни, бидејќи родителите многу често работат и преку викенд. Ете, јас годинава немам право на годишен одмор до први септември. Лани не бевме на одмор, годинава сакаме да одиме, сите. Имаме можност, сакаме да ја искористиме. Само септември е опција. Не дека мора, ама зошто да не?
     
    На DarkStormm, mode-kristina, bittersweet и 24 други им се допаѓа ова.
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    3.830
    @Annath се согласувам дека одмор е и те како потребен, и да комплицирано е кога еве еден член од семејството е ограничен во поглед на користењето на одморот. Не мислев од аспект дека нема да стигне да научи , туку општо од аспект на континуитет, особено ако пример одморот е од што знам 15 септември. Само што почнало, оди на одмор па потоа пак си треба време за враќање во нормала на обврските.
    Во последно време таква слика имам добиено и од деца и од родители, дека училиштето воопшто не го сметаат како институција. Се согласувам дека образованието и системот се катастрофа ама на пример никогаш тоа не би го искометирала пред мое дете затоа што сметам дека во неговите очи ќе ја намалам тежината што сепак школото треба да ја има.
     
    На Anne Boleyn и Annath им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    18.731
    Допаѓања:
    160.178
    Пол:
    Женски
    Ако детето е воспитано да биде одговорно, ништо нема да му сменат пет дена отсуство од училиште. Истите тие пет дена може да отсуствува не дај Боже поради болест, грип или нешто трето.

    Никогаш не го потценувам ни училиштето, ни наставниот кадар, нити пак му зборам лошо на детето за нив. Ама за жал, немаат сите почит према авторитетот на наставникот.
     
    На DarkStormm, mode-kristina, _beautyy_ и 4 други им се допаѓа ова.
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    27.355
    Пол:
    Женски
    А дозволуваат учителите така да отсуствуваат децата? Мислам да не прават проблем со неоправдани после?
     
  6. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ме ослободувале ако немав научено за тест (иако имам пример што ги ослободуваат) па морав да глумам болна :rofl:
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    1.297
    Небаре на Харвард ви учат децата, па многу битно е училиштето...
     
    На DarkStormm, daylight, _beautyy_ и 5 други им се допаѓа ова.
  8. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    10.215
    Пол:
    Женски
    Јас и да сакав да глумам болна не можев, ми викаа оди ако ти е лошо уште врати се.

    Јас би ослободила дете од настава кога би било болно, кога "не му е денот", и ради смртен случај.
    Кога "не би му бил денот" и да отиде у школо нема ништо да научи посекако.
    Ако не е спремно тој ден да иде у школо, би го пуштила да иде пошто ќе му пишат 1 а така ќе се научи на време да учи.
     
  9. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    10.215
    Пол:
    Женски
    За тој што сака да учи училиштето ќе биде "свето" место.
     
  10. tanjita

    tanjita Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Јас имам прваче. Еве скоро завршуваат. Не оправдувам да се отсуствува без врска ( не научиле, нема домашно и сл) , ама искрено ми иде веќе да не ја носам на школо. Дали дека се првачиња не знам. Значи одат сите 4 недели во еден месец различно време( Една недела од 7, другата од 10, па од 12 па од 3 поручек). Престој ради ситуација го укинаа. Помалку време часевите-или миеле раце подолго, или ручале подолго или не знам што не стасале со материјалот, и се дома да си научат, дома да си доработат. Не ми е мака воопшто, уживам да и покажувам ама тоа значи јас да изигравам учителка. Часевите се помалку време траат дури ја однесов треба да ја земам. Да се снаоѓам нон стоп за тоа. Мене ми се смачи, тоа оправдана причина за отсуство е :D
     
  11. Leat

    Leat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    435
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    Јас би го ослободила!

    Мене ме ослободувале моите родители и сум им многу благодарна за тоа бидејќи поради таа нивна постапка ниту ми се намалила почитта кон образовните институции, ниту сум пропаднала, само многу ме поштедиле од стресни ситуации.

    Денес сум веќе возрасна и дипломирана како една од студентите на генерација, пред магистрирање, вработена и болно одговорна личност.

    Пак ќе речам јас би ги ослободувала и кога не им е денот и кога не се спремни за одговарање под услов за следниот пат да научат! Ова особено важи за средношколци! Ајде основното до негде е и значајно за обликувње и поставување основи кај детето ама средно... За ништо не вреди денес, ништо посебно нема да загубат ако отсуствуваат некој ден!
     
    На daylight, Ketchup, Дејан. и 5 други им се допаѓа ова.
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.071
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Pa poso nema Harvard kaj nas ako ne pa uopste neka ne idat decata u shkolo i neka sedat nepismeni, so ima vrska.
    Megju drugoto Harvard e univerzitet, i kaj nas na fakultet ako ne si spremen za ispit ne ides da polagas vo taa sesija nego ides vo naredna. Osnovci i srednoskolci se druga kategorija. Sigurno nema da i recam dremi doma samo zatoa sto denes ne i e denot da ide vo shkolo, poso ne za drugo moze i utre i zadutre da ne i den i taka cela shkolska godina. Ja ne znam dete koe so osoben entuzijazam ide vo shkolo ili se osobeno se raduva na testovi i isprashuvanja. Ne e deka i nie so dusha sme cekale test da ni dadat ama sme idele vo shkolo. Kec, kec -toa e.
    Utre na rabota ke kazat ne doagjam ne mi e denot. Se prasuvam so ke im kaze direotorot na toa. Okej Petre sedi doma stom ne ti e denot so ima vrska.
    Ne za dzabe rekle od mali noze se gradi cuvstvoto na odgovornost kaj decata. Ama zatoa sekogas ke ima vredni lugje koi ke se potat da si ja zarabotat platata i lesinari vodeni od mototo klati vrata zimaj plata normalno na smetka na prvote.
    I posle ne cini drzavata, ne cini javna administracija i ne znam sho.
    Ete od tuka vi pocnuva se- Ne mu e denot na Petre.
     
    На green.eyes, Frosty!, Ena05 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    82.431
    Никогаш не би ослободила дете за недоволно добро научен материјал.

    Ама за одмор, сум ги ослободувала. Секогаш се враќаме во сабота, за во недела да можат да си научат и во понеделник да можат да се вклопат.

    Инаку децата и не сакаат да отсуствуваат од часови и не се помалку одговорни поради тие 5 дена во годината.

    Реално, сум ги ослободувала затоа што ни дозволувале. Сигурно не би оделе на одмор ако треба да добијат 30 неоправдани. И не дека ни е сеедно, секоја година се мислиме, ама моментите на семејниот одмор за мене се бесценети.

    Знам дека во многу земји не смеат да се ослободуваат децата поради одмор. Ама во тие земји распустите се во подобро време во годината. Мене многу ми фалат распусти во февруари и април, како што имаат повеќето европски земји, па и некои приватни училишта кај нас. Да имаат тогаш распуст, не би имала потреба да ги ослободувам.
     
    На mode-kristina, bittersweet, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    9.971
    Допаѓања:
    147.937
    Пол:
    Женски
    Би го ослободила за одмор и те како.. што дека мене моите ме немаа ослободено ниту еден ден?! Не стана човек од мене, не научив дека 5х6 се 30? Како не..

    Не би го ослободила затоа што не научило, ама времето поминато со семејетвото и те како ми е поважно од 5 дена отсуство од школо..

    На одговорност децата треба да се учат секој ден со примери околу нас.. Не значи дека ако родителот решил да го ослободи, дека го учи на неодговорност.
     
    На mode-kristina, Stressed Out, mssuniquee и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    2.585
    Пол:
    Женски
    Кога ќе размислам, цел живот сум растена по принципи, правила, култура и морални вредности. Мртва болна на школо сум одела, добар ден на секој сум кажувала и се по правило...
    И што добив од тоа, ништоооо, едно големо ништо. Ете можеби јас сум загубен случај, таква ми била среќата итн. Ама и сестра ми е иста.
    Здрава, права, докторка е, ама ко под некои стеги е и таа, не знае да се упика, да излаже, да си ја наврати водата на своја страна...
    Затоа, да, ако треба би го извадила детето некој ден од школо ради одмор... Зошто па да не, некои ич не идеа па и тие завршија и бел свет фатија. Многу па ќе пропушти нешто за некој ден со нашево образование.
     
    На Stressed Out, firequeenn и Dust им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    50.591
    Пол:
    Женски
    Ако го извадите од школо не значи дека ќе стане детето поснаодливо во надворешен свет,ниту ќе го очеличи.

    Вие сте го прекршиле принципот,детето не,тоа отсуствува поради ваша одлука.
    Ќе се чувствува само привилегирано зошто мама и тато го ослободиле,дали тоа е добро школо за понатаму ,не би рекла.
    Апсолутно е погрешно за одмор да отсуствуваат во школо.
    Одморот може да се планира кога се на распуст.
    3 месеци зар малку се за одмор?
    Се друго,се само наши желби и пресметки, не на децата.
     
    На Milobebence, An-na, senjorita-v и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    6.905
    Допаѓања:
    103.631
    Не планирам одмори и излети во учебни денови ама ако излезе ситуација да мора да се оди тогаш, воопшто не размислувам. Сум ослободувала и кога "стомак ме боли, ми се повраќа". Сум знаела дека се е во ред со стомакот и друга е причината, ама ретко било и сум давала ден за одмор. Нормално, ќе ја извлечам отпосле причината и следува долг разговор, некогаш строгост па и "закани", зависи што е. Најчесто било заборавена домашна или заборавен тест. Ретко желба да поспие уште некој саат. Имам дете што не спие после тест оти заборавило запирка некаде да стави и заборавена домашна е прилично стресно. Се учиме малку полајт да го сфаќа училиштето и да не се потресува толку, а истовремено и петки да носи :D Очигледно си оди во комбинација.
     
    На Stressed Out, senjorita-v, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    82.431
    Не мора да се чувствуваат привилегирани децата ако се ослободени поради одмор. Често мислат дека врсниците и наставниците ќе ги осудат, што некогаш и се случува.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Yellow456

    Yellow456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Јас пак можеби во основно преемногу ретко отсуствував и тоа на крајот од школската година или на почеток кога мајка ми веќе унапред уплатила за одмор и сме знаеле дека ќе отсуствувам ама тоа беше затоа што јуни/ септември се пониски цените и знаевме дека нема никаков проблем да ни прават од школо зашто бев примерна и не отсуствував пречесто како некои, а и понекогаш ако имав висока температура обично еден ден. Кога бев во средно отсуствував исто заради семеен одмор и баш ми беше кул чувството да шеташ пример низ Европа а некој да седи в клупа:lol:. Ама ова максимум траеше 5 дена во цела година, покрај деновите кога бев ептен настината, а и 2,3 дена во цело средно кога немав научено и сфатено материјалот. Тогаш само и соопштував на мајка ми дека ето утре нема да одам за да доучам за тестот и нормално дента учев напорно за отпосле да го правам тестот. Ем помалце стресно ем солидно научено:)
    Ама кај мене барем, владее јака самоконтрола, за мене навреда е да слушнам било кој да рече "седни учи" или "премногу учиш одмори малце". Едноставно имам свој распоред, свои правила и тоа е мој бизнис хаххах
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    3.830
    Сите знаеме какво е образованието ама ако од старт сме со став дека ништо нема да научат на школо зошто воопшто ги праќаме? И никој не оспорува дека децата нема ништо да загубат од материјалот, ќе си го надокнадат, туку самата постапка од родителот дека ќе те ослободам мене кога ми одговара, а потоа кога детето ќе рече пример не ми се оди на школо, ми се спие, не научив и сл.родителот му вели дека мора да оди на школо. Така некако би изгледало како двојни стандарди од моја перспектива.
    Еве примерот што го наведе @Annath дека оваа година одмор има само во септември ок да се ослободи. Ама на пример кога тоа би било со таа оправдана причина еднаш во неколку години, а не секоја година без реална причина. Во поглед на цените за одмор, има ниски цени и во јуни, а децата се на школо до 10ти.
     
    На mode-kristina, theowndemon и Cosmi им се допаѓа ова.