1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ослободување на детето од училиште

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од violetblue, 3 јуни 2021.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Многу беа строги моите за ова, мртва болна морав да идам во школо, у нивно време морало така, исто ќе било и за мене, не па за одмор да ме извадат од настава дур сум била ептен помала... Искрено ден денес никаде не пропуштам ништо, страшно одговорна дури и претерано одговорна сум, можда баш ради тоа што така ме тераа од мала... Основно никогаш не ми се случило да пропуштам ден за никаков одмор.

    Во средно ми се случи еднаш во 4та за да одиме на планина, мајка ми тогаш можеше да користи одмор и пошо ми дозволија, првпат ми се случи да пропуштам настава за одмор и си дозволив да не идам во школо ама грижа на совест имав (facepalm):rofl:... Беше февруари, немаше ни тестови, ни испрашување, само што почнавме со настава, па и често сите си зимаа денови за свадби на блиски, одмори, шо не и класната не ми правеше проблем за 2 дена, вика првпат во 4г бараш слободни 2 дена како да не ти дозволам, сите 4г си користат, ти најредовна си, слободно оди, не се секирај ич. Но, не сакам тоа во навика да ми прејде, обврските да ги оставам за шетање и дома секогаш викам на факултет нејќам да пропуштам ништо, ако планирате нешто заедничко за сите дома, планирајте кога немам вежби или испити и крај иначе не доаѓам. Некако ми е обврските да ми се на прво место, ми стои на мисла некако неодговорност дека пропуштам нешто и не сработувам. :tmi:
    А, во школите дозволено е, за настани ете ко свадби на брат пример, за кратко отсуство за одмори, не сум слушнала некој да прави проблеми, родител ако се јави, може да те ослободат и да е оправдано, не дека се смета за некој прекршок или ќе има последици ама сепак... :D

    Како родител мислам дека нема да ги ослободувам за одмори, особено дури се помали и ствараат навики за одговорност и редовност, ептен ако мора баш тогаш да идеме само па да е тоа додека немаат тестови, за 2-3 дена максимум, за повеќе не би, после ќе заостанат со наставата, па дур се вратат на ред... :rofl: Цц изгледа ќе бидам стварно строг родител кога се читам вака ама ај има време, може ќе пуштам срце. :tmi::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Oва воопшто не треба да биде "за да стекне одговорност" и не е за браво. Ај да е обична настинка, кај што не се осеќаш осцрпено, океј. Ама за стомачен вирус или температура или заразна болест, не.
    Мене ми се издра еднаш мајка ми зашто останав дома зашто повраќав, стомачен вирус имав и за неколку саати само ме исцрпи. Што дека ќе отидев, ќе трчав у веце на пола саат, ќе им дехидрирав таму, па со мене да се занимаваа.
    Извини што ти реплицирав ама не, не е океј вака родител да прави ако стварно не се осеќаш во состојба да следиш настава.
     
    На mode-kristina, GirlRose, christinnn и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Абе за настинка зборам, така е муабетот, не дека нешо многу разболував за среќа ко мала. Фала богу со температура 40 или дијареа нема сигурно да идам. :D Хаха нема врска, можда требаше у наводници да го ставам зборот. :D
     
    На cresa-jagoda, senjorita-v и Tan4ence им се допаѓа ова.
  4. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.291
    Допаѓања:
    20.743
    Пол:
    Женски
    Во основно колку што памтам, "строго" ме држеа за разлика од средно.
    Според мене, не прави разлика тоа колку пати и зошто некој отсуствувал. Сега нормално, да не биде 4 дена дома а 1 ден во школо.
    Ама еве, и јас и сите што ги познавам ко мене, не станавме деликвенти и пропалици во општеството пошо не сме отишле на некој тест или испрашување.
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Во мое време сите бевме одговорни и никогаш не бегавме од часови. :angel:

    *лажам-сушам
     
    На EuHenIa, Ariel и edna_malecka им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Леле коментариве небаре на Харвард ви учат децата, ау бау.
    И вие не сте оделе на Харвард, па освен ако не ви е животна амбиција цел живот да чувате овци, тогаш бизарно ви е мислењето.
    Би оправдала само болно дете, смртен или некој итен случај.
    За одмор, шетање, вадење од тестови никогаш.
    Децата преку училиште се подготвуваат за одговорностите во животот, па ако јас превземам такви работи, тогаш му покажувам дека и не е толку битен фактор училиштето, дека од обврските може да се бега.
     
    На eliesaab, christinnn, _beautyy_ и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.078
    Пол:
    Женски
    Леле во средно колку пати сами сме се ослободувале кај класна со изговори од типот проектче, ваму таму, па еве не гледам дека чувам овци туку се запишав на факултет кај што морам максимално да учам, исто и другиве што беа со мене :D

    А јас сум од тие што секогаш беа со сите петки ама ете ако не стигнев за нешто ќе си се ослободев, ништо страшно од оваа перспектива, таман да научев за следен пат подобро затоа што не сакав да поправам. :D

    Во основно исто зашто бев одлична ми дозволуваа моите некогаш(иако ретко барав) да не отидам цел ден заради одреден тест, ама како што кажав се случуваше ретко и не ми правеа проблем па да морам да се преправам дека сум болна или нешто такво.

    За одмор па, искрено не е крај на светот ако 5 дена му се продолжи распустот на детето, ниту ќе изгуби нешто многу од учењето ниту ќе се расипе.Многу повеќе други работи играат улога какво ќе ви испадне детето - дали ќе биде амбициозно и ќе учи, од тоа дали некојпат ќе го ослободите, апсолутно не е страшно се' додека не почне да го злоупотребува тоа.
     
    Последна измена: 4 јуни 2021
    На mode-kristina, GirlRose, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.450
    Допаѓања:
    81.977
    Пол:
    Женски
    Ни се случи кај ќерка ми во школо од 25 деца да бидат присутни 9 .
    Не е во ред 16 деца да одат на зимување во исто време ,за време на школска година.
    Иако школото е криво за ова.
     
    На Milobebence, cresa-jagoda, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Се случуваше често последнава недела, особено кога правеа тестови. И тоа на онлајн наставава. Јас ослободувам дете само ако има навистина причина. Зошто да си мисли уште на 11години дека ако не научам, не.напишам домашно, мама ќе среди се и ќе се спасам. Од една страна кога гледам што прават некои деца и родители ми е мака што сум строга ама се надевам ќе се исплати да биде независна иодговорна личност. Баш имаа час за муабет што не научи онлајн наставата, децата беа искрени, да лажеме и препишуваме (ми падна интернет ми снема струја). Надвор од темата но сепак мислам децата да научат што е одговорност и да си сносат последици ако не си завршат обврските. Ама за жал се повеќе гледам секој гледа некако да се спаси.....
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.579
    Допаѓања:
    155.733
    Пол:
    Женски
    Ослободвање од одмор не сум го имала размислено и се согласувам дека би ослободила дете за одмор. И од ко прочитав тргнав од себе. Мајка ми секогаш во бош време имала одмор и ради училиште не сме можеле да одиме, зборам за период кога сме имале финансии оти ради други причини имаше период каде стварно немаше можност. Пред то ете знам дека немало можност. Јас прв пат на одмор со моите кога требаше да одам беше непосредно од ко завршив средно и не ојдов пошто сакав со друштво, а времето се поклопило. Мене лично, мислам дека ќе ми сменеше многу тогаш кога сме можеле, да ме ослободеле за да одиме на одмор и да поработиш на семејството како целина. Мемории заедно.

    Исто би ослободила при јак ментален терет. Шо детето да се стега да не се расплачи на училиште зошто нешто го мачи, нека остани дома, да можиме и да ја зборниме темата, и да има малку простор да подиши за утре да се врати посилно на училиште. Проблеми при физичко здравје мислам дека се подразбира ослободување ама не треба да се запостави ни менталното. Многу малку се грижиме за менталниот дел од здравјето и би сакала мое дете да знај дека и то е важно и не е еднакво на "денес ми се спие" туку е буквално полнење батерии после стресен период да речиме, после трауматски веќе се подразбира и слично.

    Ако нема научено - ќе си оди и ќе се сноси со последиците. Ако му е страв да одговара, ќе работиме дома на зошто се плаши ама ќе мора да се соочи со стравот за да го надмини. Разлика меѓу горните ситуации и ова е, шо горе не се бега од одговорност, додека со овие ситуации се бега од одговорност. И то си носи своја порака и тежина со себе. Не значи дека нема да бега од часој детето, само јас нема да го оправдам за ова. :D

    Јас бев растена строго. Ептен при лоши настинки сум била ослободена само. Средно кога носев белешка прв пат во 3та ли беше, не памтам, мислев дека е згрешена и му објаснував на класниот зошто и дур ме праша "добро, прв пат белешка гледаш, шо е работата?". Деној ко ќе не одев на училиште осеќав грижа на совест и то ми беше нахнаден извор на стрес, а имав многу ( да речиме дека од тогаш ми почнаа први физички проблеми ради анкс). И би ми значело да имав екстра ден дома ко ќе бев премногу стимулирана и не можев да функционирам за дома да можат то подобро да го забележат и да преземат нешто, башка да имав можност да се смирам, а не да градам и градам на тој стрес. Зато и реков дека би ослободила за ова причина.
     
    На Ariel, mode-kristina, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  11. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    2.412
    Пол:
    Женски
    Мене моите ниту еднаш низ целото моето школување не ме ослободија од настава:rofl: За настинка никако, да не зборам за вадење од тестови и испрашувања. Понекогаш сакав да испаднам добра глумица, па пробував да ги излажам моите, ама не ми одеше, па пак си одев во училиште.:wasntme:
    Инаку сум била сведок и на не одење во училиште само затоа што им било ладно преку зима:^)
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Тоа е исто како да речеш дека за оние што сакаат навистина да работат, јавната куќа или нарко лабораторија ќе биде свето место.

    Зборот училиште е премногу општ и широк поим.
    Постпои училиште и училиште, наставници и наставници, деца и деца.... Некои деца се малтретирани на училиште(врсничко насилство - било физичко или вербално, сексуално вознемирување...), други не умеат да се соочат и да го преработат односот на некои од наставниците кон нив, па се обидуваат да ја одбегнат болката преку не одење во училиште. Секако тоа не е решение, но треба да се земе в предвид дека проблемот не мора секогаш да биде едноставно мрзливост или разгаленост туку дека може да има и други причини и не е сегиурно дека детето ќе биде веднаш подготвено така лесно да ги изговори.
    Во основно имавме 3 такви ученци, 2 девјочиња и 1 машко. Сите беа одлични ученици. На одмор наместо на крајот од школската година 10 јуни, заминуваа недела дена порано. Но сите писмени беа направени. Тоа траеше со години, нивнниот успех не се менуваше.

    До односот во семејството е, не до одморот...
    Тука би се сосгласил со мислењето дека во еден два наврата може да помине така, но треба јасно и внимателно да му се објасни зошто тоа не е во ред и дека нема да може постојано така да прави.

    Во текот на основното и средното образование лично бев сведок на зголемено суеверие кај некои деца кое обично не даваше резултати (пред тест бацуваа се крстеа три пати и изговараа разни молитви, некогаш од повеќе религии за да „фати„). Тоа тие го правеа бидејќи не го разбираа (а не го разбираа бидејќи никој соодветно не им објаснил) како всушност функционира системот на оценување. На пр. дека постои писмено и усмено по некои предмети, на пр. што е тоа всушност тримесечие? Зошто некои саботи се одработуваат и кој одлучува за тоа? (мислевме дека тоа е инает на наставничката и сл.)и уште многу други работи.

    Да не зборам за тоа дека некои професори имаа свои непишани но строги правила како на пр.„Кому не е јасно? - крева рака ученичка нејзе не ѝ е јасно, професорот ја скорнува на табла да објасни што тоа не е јасно?!?!?! за на крај да ѝ стави единица бидејќи не ѝ е јасно, па осмели се ти друг пат кажи не ми е јасно... другите ученици доколку знаеа да објаснат не им ставаше никаква оценка во истата ситуација (да речеме 5-ка).

    Сето тоа може да биде причина кај некои деца да се акумулира отпор и потреба да се одбегнат малите и големите непријатности кои ги носеше школската година.
     
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    what? Ако е болно да ама инаку не.
    и јас се сложувам со цитираново.

    Да ги прочитам подоцна и другите коментари па ќе пишам поопширно. Ама како и да е денес децата ептен се размазени и збеснати во поглед на училиштето и на крај не чини учителката директорот предметот школото....
     
  14. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    4.815
    Пол:
    Женски
    Јас отсуствував само при болест и смртни случаи. Моето дете е мало. Не оди на училиште, но ако некогаш отсуствува ќе биде оправдано, не за глупости. Јас сметам дека е оправдано секое отсуство за кое родителот смета дека е во ред да отсуствува. Дали е тоа одмор или нешто друго е целосно небитно. Децата се наши и ние сносиме одговорност за тоа што ќе им го дозволиме.
     
    На mode-kristina, _beautyy_ и WildMk им се допаѓа ова.