Османлиско царство (Bir Zamanlar Osmanlı: Kıyam) 2012

Discussion in 'Серии и емисии' started by DreamAngel, Nov 26, 2012.

  1. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Joined:
    Jan 26, 2012
    Messages:
    584
    Likes Received:
    353
    Уште една турска серија која овој пат го следи владеењето на Султанот Ахмед III, кога Отоманската империја се наоѓала во тежок период да ги продолжи дипломатските односи со Европа.
    Еден од хероите во приказната е Мурад, командант на телохранителот на султанот, кој по смртта на неговата сопруга Гонџанигар која била сведок на убиството на Шејхо, се наоѓа во сплетот на настаните.
    Шејх Аџем сака да го постави својот син како престолонаследник на османлискиот трон, држејќи се до замислата „Непријателот на мојот непријател е мој пријател!“, за остварување на таа цел тој го задолува својот син Касим и неговата ќерка Џансеза.
    Љубовта која Мурат ја чувствува спрема Џансеза го доведува во дилема за освета.
    Касим, кој се движи на патот со цел да ја исполни одмаздата на неговиот татко го обзема желба за одмазда која воедно го подготвуваи неговиот крај.

    Сценариото е доста интересно и истото го одразува сегментот на владеењето на османлиската династија, збогатено со доста интересни и силни ликови инспирирани од историски личности,кои го одбележале своето време.
    Снимањето се одвива на локацијата поставена во паркот СЕКА кај Коџаели и во одредени историски делови на Истанбул. Сценариото на серијата е фокусирано на важните фигури на османлискиот сарај.

    Во серијата се појавуваат многу познати турски актери помеѓу кои:
    Türkan Şoray, Tolga Karel, Aslı Tandoğan..

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]


    Серијата се емитува на каналите на Турската Радио и Телевизија ТРТ, а можете да ја гледате и овде. :)
    http://www.serije.biz/browse-osmanska-v ... -date.html


    Па што мислите, можно е ли да ја надмине гледаноста на Величествениот? :^)
     
  2. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Joined:
    Apr 10, 2012
    Messages:
    1,016
    Likes Received:
    278
    јас искрено незнам дали е подобра ама е слична како величествениот како што гледам јас знам и уште една серија слична на двете се вика ХАРЕМ[​IMG] се емитува на FOX тв во Tурција 3 4 епизоди мислам дека има снимено :)
     
  3. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Joined:
    Jun 13, 2012
    Messages:
    1,524
    Likes Received:
    1,738
    Gender:
    Female
    Интересни ми се чинат бидејќи јас сакам вакви историски драми.
    Ама се прашувам дали сега после Сулејман ќе почне ерата на турски историски серии за султаните.... :D :!: