Мислам дека нема ваква тема, а и не знаев каде да ја сместам.. Девојки слушнав дека оваа година ќе има шест месечна основна обука за полицајци, лани ме одбија на полициска академија, па сега сакам да пробам тука, слушнав исто така дека обуката ќе почне во фебруари или март, па дали вие знаеете нешто, сте слушнале нешто, ваше мислење... ??
Јас ваа година ќе бидам матурантка, и сакам да продолжам на полициска академија. Слушнав дека од лани немало приемен испит, незнам колку е тоа точно... А за обуката треба да испадне конкурс, колку шо сум информирана сеуште не е испаднат и јас се мислам што да правам. позз