Ако има целодневна настава во школото ташните се оставаат во школо во Понеделник и се земаат во Петок од 1 до 3 одделение. Има и школи со дневен престој каде што се пишуваат домашните во школо. Сепак јас не ти препорачувам ништо да не учите дома после школо кога ќе почнат со читање бидејќи тоа се учи само со вежбање и ништо друго. @ElenaRbd приватно основно има Јахја Кемал, Нова и мислам ИПС. Кај нив не е проблем парите туку воспитувањето што таму го добиваат. Апсолутно неприлагодени ставови кон животот развиваат. Ова го зборувам од искуство со такви ученици (што како професор, што како некој што видел искуство на блиски пријатели). Ама ти си знаеш за твоето дете. @Компир Манџа јас сум апсолутно задоволна од наставничката на моето дете. Прекрасна личности и педагог е и многу се труди не само да ги научи туку и да ги воспита децата. Има и пријатели со дете на иста возраст во друго школо што се исто задоволни. Жално е што не е секаде така.
Во Македонија основните приватни не се признаени,може и во закон да си проверите.Ова ти го кажувам со сигурност дека работам во образование.
Како тоа не се принзати? Како воопшто постојат ко така? Доколку запишиш дете во приватно основно училиште, а бидејќи е задолжително, ќе те гонат законски?
Во ред тоа, меѓутоа како тогаш тие функционираат? Или имам некаква дупка во законот или се законски одобрени на некој друг начин, трето нема.
Се вадар на дупки во закон, односно ги толерираат (се пријавуваат како експериментални програми). Инаку по Закон за основно образование не може да постојат.
Ако детето посетува приватно основно училиште потоа оди во приватно средно,па и на факултет приватен ќе треба да учи. Во таа смисла не се признати,дека не може од приватно во државно да премине со едукација.
Пресмешни сте со муабетиве дека не може да се бира училиште, ко да не знаете каде живеете. На папир може е така да, у пракса гледаме дека не е. Се бира и училиште и наставници па и соученици. Така да смањете доживљај со законите и вратете се во реалноста дека сте во Мк. @Firework Владо од наведениве би го бирала јас.
Да а? Има врска кое одделение или општо е крш? А и за Пулески исто има поделени мислења. Ич не можам да решам каде да го запишам.
Општо училиштето. Хигиената е на ниско ниво. Тоалетите никакви. Службите т.е раководството е непрофесионално. Има недостаток на училници. Додека се помали децава не се забележува, ама кај погорните одделенија е приметно. Има деца учат во подрум Нас ни е реонски најблиску, па не ни имав некој избор, а и мислев дека е добро училиште, бидејќи претходно важеше за едно од најдобрите, ама последниве 10/тина години е уништено, првенствено од раководството, а потоа и од општина. Не верувам дека во Аеродром има асолно училиште, кога дибеци се поставуваат да раководат со нив
@KuklickaSk и ќерка ми е во Лапе,врснички се со на Ана. Кое и да одбереш од овие училишта ти е исто,гледај само кое ти е поблиску оти еден ден ќе треба да оди и да си доаѓа сам,како и најбитната работа ,наставничката. Како што вика и Ана мене во школото ми е замерка тоа што е старо,како реновираа нешто тоалети ,некои училници ама сето тоа е само замачкување,а реалните проблеми се поголеми,бидејќи да, недостигаат училници оти школото има голем број на деца со оглед дека тука учат сите што живеат во Џевахир. Додека се во целодневна си учат во една иста училница и добро им е,во горните одделенија не знам како е ќе видиме догодина,ама знам се шетаат по кабинети и има кабинети што се доле во подрумот. За раководството не знам што да кажам не сум имала директен контакт и проблем да решавам ,ама да ужас беше првите неколку години со смени на директори и чуда,ама сега гледам оваа прави некои напори да ги подобри условите и слично ама ќе видиме што ќе испадне,од тоа што читам по записниците од Совет на родители.Во глобала истата слика ти е секаде во школите од партиски аспект. Инаку во поглед на успех на учениците е едно од подобрите,на времето било меѓу најдобрите во државата,после има некој пад,ама сега од тоа што гледам и слушам споредувам со други блиски што учат во другите школи низ Аеродром ,сепак мислам дека е добро,во нашето многу им бараат учење,активности ,на натпревари доста деца се пријавуваат и имат добри резултати,од шесто нагоре има многу строги наставници посебно македонски и математика што бараат знаење. Ако ти треба нешто поконкретно пиши ако се одлучите ќе ти кажам и кои наставнички се најдобри,сите сум ги научила .
Да, Лапе ни се паѓа според лична карта, најблиску до дома ни е. Децата од градинка ќе одат 80% во Пулески, па затоа ми е дилемата каде да го запишеме, о деца со кои бил до сега или со нови деца. Ај ќе ти пишам порака заучителка
Ах, ако ти е тоа најголем проблем не се замарај воопшто,и јас се плашев за тоа,ама излезе најмал проблем. Ние кога ја запишувавме најголемиот дел децата отидоа да учат во Блаже Конески,ќерка ми од градинка од групата учи со две деца само и со тие најмалку се дружи.Ќе си стекне нови другарчиња,ќе си се најдат на карактер близу за дружба,сигурно и од маало,зграда ќе има некое детенце и од моја зграда има две што ќе одат прво во Лапе а идат во градинката кај вас ,знаеш и малава ми е таму во Чекорче.
Не е ништо подобара и оваа директорка, иста како останатите. Партиски се, за жал и си тераат агенда. На пример, ние собираме пари за средства за хигиена, бидејќи во училиштето НЕМА, ама... неколку пати е прашувана на совет на родители за хигиената и она убедува дека има средства, дека е забрането да се собираат пари За хигиената исто така, криви биле децава, да сме си ги учеле да одржуваат хигиена. А тоа што 6 месеци скоро немаа светло во тоалетот, не е важно сапун, тоалетна, мисловна именка е, ама ете... директорката вика има, па така ќе и веруваме. За наставниците, не знам. Не сум се заинтересирала да прашувам кои и какви се, бидејќи ние како одделение имаме не баш убаво искуство. Се сменија еден куп наставнички, на крајот се со наставинча која важи за добра, ама јас (а и добар дел од одделението) не сме задоволни. Така што... не е важно да е извикана наставинчката, туку пред се е важно да е добар педагог, а според мене тоа недостига, не само во нашето училиште, туку општо во образованиево. И најважното ќе го заборавев... раскрсницата пред училиште!!! Не најдоа и не најдоа решение!!! Нашиве одделенија секаде заедно се шетаат, бидејќи наставничките се први другарки
Ана во право за се,и јас истото го читав од совет на родители во врска со хигиена,тоалети и сл. Знам за вашето одделение и проблемот со наставничките,ама мислам дека пак среќа што ви е оваа колку толку бар за описменување добра е колку што сум чула,а инаку да со нашава се сојуз. Не се толку лоши тука,јас што имам изнаслушано за во Блаже,Лазо аууу ,кај нас стварно е малку построго,тоа таму банда без команда.. Но, генерално тоа е заклучокот и сликата за сите школи во државата,лотарија како ќе ти се погоди ,според мене наставникот е најбитен за описменување ,а и како педагог (нашава е уствари дипломиран педагог и од тој аспект не можам да се пожалам знае некако со децава,ама па има некоја друга слабост ) што ретки се наоѓа да ..јас ги научив сите од децава цело маало и зграда што учат,на пријатели А за раскрсницата немам коментар,секој ден се молам некое дете да не настрада
Не видов многу искуства на темава. Дали доби некои информации? Син ми следна година треба да биде прво, па сакам да добијам реални информации и искуства од деца кои сега ги посетуваат овие приватни училишта. Инаку гледам погоре се зборувало дека не се признаени приватните основни училишта, тоа е заради тоа што работат според експериментални програми.