Значи имам 12 години, полнам 13 во септември. Овој јули се вратив од Холандија, учев 2 ипол години таму. Постигнав многу нови нешта и нови знаења. Време ми беше да се вратам.. Сега се мислам дали да одам во средно или основно. Ги пративме сведителставата во министерство, и ни кажаа дека можам да се запишам во средно, дека признаено ми е основното образование. јас навистина незнам што да правам. Од една страна, во осмо, ми се сите другарки, ако одам во средно сметам дека не сум толку зрела. Сепак децата се година две поголеми од мене. Јас би требало да сум за седмо. Но од друга страна, зошто да одам во осмо кога веќе ми е признаено? Татко ми мисли да одма во средно а мајка ми смета дека најдобро е осмо за мене - една година да си земам од основно...Но сепак, не е касно за запишување во средно, нелие ова Македонија? КОга би биле на мое место, како би постапиле?? Ухх сите мои животни дилеми си ги постирам овде, прво за доаѓање тука па сега и за ова.
Јас мислам да одиш во основно, да си го завршиш осмо како што треба. Мала си на 12 години за средно да одиш .. мислам дека ќе ти е потешко. Не знам како ќе се прилагодиш, со оглед на тоа што децата таму се некоја година поголеми. Размисли си убаво, како што мислиш дека тебе ќе ти е најдобро, па потоа одлучи.
Мое мислење : Иди во осмо . Ќе научиш нешто што не си го учела во Холандија Исто така и полесно ќе се вклопиш во друштвото
Јас мисалм дека подобро е Средно... (јас така би избрала) Сепак, доколку сега го избереш средното, порано ќе завршиш, што значи порано ќе имаш шанси да се запишеш на факултет, што значи побрзо ќе биде ослободена од училиштето! Се разбира се има и лоша старна, а во овој случај е тоа што ќе бидеш одделена од пријателите, но ти си била толку одделена па нема да ти биде ништо, а и ќе имаш шанса за создавање на нови пријателства. Друга лоша страна е тоа што има можност да не се вклопиш во новото друштво, па да те тераат да се чувствуваш многу мала, осамена и тажна. Но за тоа се многу мали шансите! Сепак изборот е само твој!
Земи си го осмо одделение. ^ На што личе на 17 год. да оде на факултет. Знаеш ли колку обврски и учење ќе има?
Најдобро е самата да си одлучиш. Што и да избереш има свои добри и лоши страни. Ако одиш во средно фактички си веднаш година две понапред од твоите врсници и нема да губиш време на веќе поминати работи, туку веднаш ќе преидеш на нешто ново за тебе. Но, ако одиш во основно мислам дека би била поподготвена за понатамошното средно образование. Таа една година ќе ти помине малку поопуштено за разлика од средното кадешто се бара вложување повеќе труд. Ама пак ќе кажам, ти најдобро си знаеш. Спојлер Јас лично би избрала средно, но ако ти не се чувствуваш доволно зрела за средно, тогаш не оди.
Оди во средно. Треба да гледаш напред,а не да се враќаш наназад. Ако сметаш дека она што си го учела до сега ти е совладано, оди средно. Порано ќе завршиш со факултет така. Поготово ако избереш некој што се студира подолго време. Батали другарките што ти се во основно,ако имаш можност , интелигенција време е да одиш напред. Мислам дека далеку поголем предизвик ти е да одиш во средно. И онака во 8мо не верувам дека нешто плус ќе научиш.
Јас би осмо одделение искрено! Стварно си малечка за средно... Мислам, иако се само две години разлика баш на таа возраст тие две години многу менуваат! Зошто да брзаш, цел живот е пред тебе за учење. Не е заради другарките, него ради тебе. Поубаво ќе ти биде во осмо, ти тоа го немаш поминато, може делумно материјалот ама друго е школо во Холандија, друго е овде. А на крај краева, ти секако си напред. Имаш години за седмо, а ќе бидеш осмо. Што значи секако млада ќе си завршиш факултет Оди си во осмо одделение, уживај си во детството уште малце, после во средно е веќе поразлично, повеќе и подосадни обврски, скроз друг круг на луѓе, некои веќе делумно созреани, построги професори и се тоа. Едноставно, уживај дур можеш и не се брзај никаде!
Јас мислам терај си осмо. Ти треба време да се прилагодиш во нова средина, треба време да се вклопиш. Мислам дека во основно се за нијанса попопустливи од тие во средно. Рано ти е на 12 години да одиш во светот на 15 годишните. Сега таму се почнува со дечковци, испаѓања, пушења, пиења... нешто што не можеш да го правиш со твоите 12 години и ќе се почувствуваш отфрлена. Може не ти изгледа дека е така, ама ќе видиш дека сме во право. Затоа и е поделбата во одделенија, класови, основни, средни. А и не знам зошто ти се брза, искрено. Имаше така еден тип од кај мене, ќе прерипувал одделенија, ќе зимал две години во една... А, бе, ако требало така, сите ќе прерипувавме, демек ние другиве глупави сме. Цел живот е пред тебе за учење и студирање, терај си магаренцето напред и уживај во годините кои после не се враќаат.
Основно дефинитивно! На 12, скоро 13 год си мала за во средно. Нема да се вклопиш во околината затоа што ке наидеш на пушачи цел двор и бројот ке се зголемува; деца што пијат; скоро сите разговори им се за дечковци и девојки, едноставно таму им е паметот. А ти сеуште си мала за сето тоа и можеби звучи сурово но ке ти го „плескаат“ во лице скоро секој ден. Цело време мала си, мала си, мала си. Нема да се чуствуваш убаво. Има некои што имаат 15, што се таман па пак никако неможет да се вклопат затоа што постојат многу сурови деца. А за проофесроите и за учењето, предавањето да не зборувам. Прфосеорете се видливо постргои, учењето понапорно и пообилно, предавањата посложени што мислам дека нема да ти биде баш сеедно. Има некои средношколци, прва година, навикнати на лесното од основно и кога ке дојдат одма викаат -леле ова професориве предаваат ко на факс да сме, ништо не свакам, напорно е и сл., а не па ти што си уште помала. Ова не го кажувам за да те навредам или слично, само ти кажувам за твое добро. Сепак ако идеш сега осмо одд. пак ке бидеш година напред, а и нема да ги трпиш навредите од поголемите од тебе. Има време за се‘, немора да брзаш толку.
Најубаво е да си ја фатиш твојата генерација. Или ако ти се признаени сведителствата, да си направиш пауза они додека да завршат и потоа си нив да си продолжиш во средно.
Подобро ти е основно да продолжиш. Мала си за во средно да одиш, т.е и за во осмо си мала, ама за во средно многу.Ко прво и прво нема да се вклопиш во друштво зашто сите ќе бидат 3 години постари од тебе, друг тип на муабети се вртат, нема да те прифатат.Второ и второ во средно многу повеќе се учи, нема попуштања, професорите се построги и сл.Трето на факултет со 17 години ќе почнеш, таму па дупло повеќе се учи во средно, наместо да се шеташ и забавуваш дома си книга ќе бидеш затворена додека врсниците ти лудуваат. А башка и во Холандија друг е системот на учење, може во осмо да научиш нешто што таму не си го учела, а во средно не е таа приказна. Сепак, твој е изборот, ако мислиш дека си доволна созреана за во средно - нека ти е со среќа.
Јас би одела средно али изборот е твој па таму си ги учела тие нема потреба зошто и тука.... но мислам дека не би се вклопива во средината....
Крај на приказнатаа.. На крај се одлучив за основно. Бев во корчагин денеска, имав чувство дека не е за мене средно. Осмо си е најдобро сега фала за советите, многу! Ми помогнавте.
ме интересира да ли со враќање од запад во Македонија дете со 16 години може да се запише регуларно средно училиште зошто тука каде сме 9 клас го завршуваат со 15-16години