Инспирација за темава е една дискусија на инстаграм во која мајката вели дека своето дете уште од мало, пред годинка ми се чини беше, го оставала само дома за она да тркне на 10-15 мин до продавница. Имаше и интересни коментари за и против, дека децата со ваква постапка побрзо се осамостојувале, а биле премногу галени и пазени во денешно време и од другата страна, дека е лудост толку мало дете да се остава само, може да направи било што и во толку мало дете не треба да се има доверба. Што мислите вие за ова? Дали практикувате да не го влечкате детето со вас на кратка релација, па да го оставите дома само? И од која возраст? Или сте строго против?
До 10 години само не. Ни на 2 минути. Знаете пред некој месец, у Аеродром детето спиело, мајката до банка за 15 мин, детето од 7ми кат паднало, се разбудило. Дете со мене секогаш, секаде.
Не го оставам сам, ми се случило да ми стигне пакет да морам да се симнам на втори спрат сум додека спие сум го будела, еднаш така и тропав на комшиката да седи во дневна додека он спие јас завршам нешто важно 3 минути беше. Колку цврсто и да спие ми е страв секој момент може да се разбуди. Дете на година, две, три не би оставила ( можеби да земам пакет од доле пола минута да ама повеќе не). За поголемо дете неножам да кажам. Свекрва ми кажуваше како на горниот спрат го оставале сам девер ми да спие како бебе што мене ми е лудо со оглед на тоа што можеш да не го слушнеш ако се разбуди, плаче, падне...
Дотичната особа што ја започна дискусијата треба малце да си го стави прстот на чело бидејќи сепак има влијание врз мајки. Не, оставање дете само дома не е во ред. Не е модерно и не е просперитетно и не треба да добива поддршка за истото. Малтене е истото што и оставањето во кола за до продавница. Дете ќе напраи беља некогаш и дур ти е пред очи. НЕМОЈТЕ ДА ГИ ОСТАВАТЕ ДЕЦАТА САМИ ЗА ДА ОДИТЕ ДО ПРОДАВНИЦА, ВЕ МОЛАМ!! Да се едитирам: зборам за деца стари колку моето. Околу оставањето сами дома кога се повозрасни односно кога одат во школо е веќе одлука на родителот според способностите и довербата на родителот во детето.
Мајка ми ме оставала сама дома од 4-5 годишна возраст и тоа на по еден час. Од тоа што памтам знам дека сама ќе си се задавев дури три пати со лигувче. Потоа се роди и брат ми, и ме оставаше сама со него да го нишам на креветче лулашка ако случајно заплаче, и да не знам колку пати го имам превртено. Од кога направи 3-4 годинки тој, додека бевме сами дома, се правевме лом и крш. Еднаш за малку ќе му го скршев ‘рбетот. Еднаш го искршивме прозорецот, буквално лом правевме. И кога ќе погледневме дека доаѓа мајка ни, брзо брзо средувавме. Освен прозорецот. И пак ќе бидам офф топик, зашто немам деца, ама во случај да имам, никако не би го оставила само детето до 7-8 годинки, натака можеби би го оставила на 15-30 минути, ако е едно, во случај да имам повеќе деца, тогаш нема да ги оставам сами, зашто некои работи од играчка стануваат плачка.
Против! Дури и со закон да се забрани треба!!! Го читав постот и запрепастена сум колку ја поддржуваат и колку навеле дека истото го практикуваат. Стварно негативно се изненадив од одредени коментари Се сложувам со @Cka , до 10 а и за тогаш два пати ќе размислам. Колку и да ни е чајлд френдли домот и колку и да ни се самостојни тодлерите, сепак е ОГРОМЕН РИЗИК, секунди се во прашање, секунда, батали колку зен личност си и колку праќаш позитив вајбс на универзумот .. Не, не и не за оставање деца сами дури и во соба за да се тушираш, а камо ли дома за куче да врши физиолошки потреби. НЕ!!!
Немам ни размислувано воопшто на темава. На крај на памет не ми е да ја оставам сама. Никогаш. До 10 год сигурно не. За потаму не знам.
Ова јас ли? Инаку, сум строго против. Јас одам со трчање до надвор кога треба да земам некое алиштенце од страв да не се случи нешто. Сум дека во деца не треба да се има доверба. Не ми е јасна мајкава од инстаграм или оние кои ова го прават и ја поддржале, премало е детето, пре. Не е регулирано ли ова со закон кај нас? Страшно е, за секунда може нешто да се случи, па и пред очи да ти е, не па само да е за цели 10 минути.
Ги оставам сами во соба на две три минутки, јас седам пред врата и ги гледам на камера. Ова го правам за да видам како функционираат без присуство на возрасен. Обезбедени се секако, малото во креветче од кое не може да падне со една играчка (меченце) а поголемкото со цртани (знам кога ќе се загледа ништо не го интересира) а и имам доверба во него затоа што до сега не направил ништо лошо без мое присуство. Али за подолго време без надгледување не би ги оставила никако.
Шанса нема! Ни на тераса не го пуштам сам,уплав имам од тераси, јас како мала 3 год. сум фатила да се качувам таман да скокнам ме фатила мајка ми а тука била само на другиот крај. Се случувало кога сум нарачувала нешто онлајн да ми каже тој што ја носи нарачката симни се , а викам со дете сум ти ќе се качиш. Одма се качувале. Дете СЕКОГАШ на видик. Остај осамостојување и други тракаташки.
Апсолутно не. Дете на 1 година, уште нема развиено когниција. Па и да спие, шансите да се разбуди баш во моментот кога е само, според Марфи се 102,2%. За секунда можат да се случат лоши работи пред наши очи, а не пак сами да ги оставам. Не би ризикувала ниту 5 минути да се во прашање. За помала возраст, доволно е да си ги собираат играчките, да го местат креветчето, да се облекуваат сами или да си го кренат чинивчето и други ствари. Секако, исклучиво соодветно на возраста. Така почнува одговорноста и самосталноста, а не со оставање сами од 1 година. Многу ме заинтересира темава па побарав и на нет да видам дали има официјални препораки за возраста кога можат да бидат децата оставени сами. Индивидуално е за секое дете, соодветно неговата способност за истото која треба да ја процени родителот, но сепак, не се препорачува пред 10, евентуално 11 годишна возраст. Уште немам дочитано, ама е ова првото што ми изелезе на гугл. https://www.webmd.com/parenting/guide/home-alone-or-watching-younger-siblings Некоја реченица од текстот погоре, ме потсети на Спојлер: Случка Имам читано за дешавка, каде родители си ги оставале сами децата додека биле на одмор. Заспани во хотелот, додека овие си пиеле кафе и си вечерале во кафанчето карши од каде наводно ја гледале хотелската соба. Во прашање беа 2 бебиња близначиња и едно 4 годишно девојче. Ова го правеле секој ден, можеби не со лоша намера, но ваквата тотална непромисленост и негрижа завршила фатално, со киднапирање на 4 годишното. Можеби сте слушнале за случкава со малата Медисон. Никогаш не е пронајдена. Примеров е можеби екстремен и можеби не е за темава, ама ете, покрај многуте лоши работи и ова доаѓа во предвид. Дете мора да знае како да се однесува во ситуација кога е дома само, а на врата ѕвони непознат. Тоа на дете од 1 година не може да му се објасни.
И јас ја читав блогеркава на Инстаграм. Едно големо Не за оставање дете само дома. Што разбира мало дете од година и пол, две. Може да падне, да се засркне од храна.. абе се може да се случи, не дај Боже. Мојот имаше една навика, се качуваше на фотелјата одозгоре, за да привлече внимание, а малку фали да му се лизне ножето, ќе се испокрши кога ќе падне. Цело време кажува како е сама дома. Еве и јас сум по цел ден сама дома, во странство, па малиот иде секаде со мене, буквално. Има и време и други начини како да се осамостојува детето.
Не се согласувам никако. Немам деца, но со самата помисла дете од 1, 2, 3, 8 години само дома ми е незамислива. Повеќето од децата на тригодишна возраст па дури и помали почнуваат да гледаат видеа на јутуб, играат игри на телефони и на некој начин им се прикажува една погрешна слика за светот и за тоа како функционира. Еве, мој личен пример. Тетка ми ги остава братучедите сами, седум и три години. Кога се заедно и ги чуваш се дотепуваат, со боксови колци, со се'. Тешко ми е да ги гледам. Но родителот треба да ги воспитува децата, многупати имам посочено дека е невкусно, но не можам да се мешам во мајчинството. А кога ги одделуваш еден од друг, двајцата плачат и врескаат. Слично на примерот на @smb asr Сами ги остава може двапати неделно по 2 часа преку ден, кога оди на работа, додека да се врати тетин ми. Што прават сами-не знам. Страшна спојка се, еден човек не може да ги чува. Сешто можат да направат и Господ нека ги чува. Некогаш се случува свекрвата да биде дома, но сепак децата се сами на горниот спрат.
Oстaвaв првo нa 5 минути, пa нa 15, нa пoлa сaaт, сaaт, сегa дo 2 чaсa. Мнoгу реткo aмa се случувa. Не исфoрсирaнo и сo стрaв дa имa туку сo пoдгoтoвкa. Плус телефoн и прoверкa. Кoгa се мoрa -се мoрa. Дa беше темперaментнo дете штo не седи нa еднo местo и нoн стoп бељи прaви верoјaтнo не би, вaкa не гледaм прoблем, ниту пaк дрaми прaвење зa 5 минути.
Немам деца, ама ќе дадам мислење според тоа кога јас бев дете. Јас имам 4 години постара сестра. На мои 4 до 5 години, не оставале сами под надзор од комшии (преблиски пријатели кои и ден денес ги гледам како втори родители) да не проверуваат дали сме заспани, пресоблечени и слично. Мирни сме биле, сестра ми многу внимавала на мене. Од прво одделение јас со најдобрата другарка имам одено во школо и назад дома. Сами. Ако сме биле прва смена, сме седеле кај неа или кај мене додека се вратат нашите од работа или постарите браќа/сестри од училиште. Втора смена кога ќе бевме, сама сум седела дома и сум си пишувала домашни или сум гледала цртани. Морам да напоменам дека ние живеевме во зграда во којашто сите со сите се знаевме и дружевме, и постојано ако имаше дома некој од постарите станари, ќе дојдеше и ќе не провереше. Ме имаа научено од 7 години како да ѕвонам на телефон и кој да барам ако ми треба нешто. Никогаш ама баш никогаш не се случило нешто лошо и страшно. Можеби затоа што јас бев многу мирно и послушно дете. А бебе или помало детенце да оставиш само дома, за да одиш до некаде на брзина е апсурдно. Ако е итно можеш да го земеш со себе. Ако не е, ќе почекаш да се врати мажот дома.
Сами дома би ги оставила после 7мата година, здравје до тогаш зависи и од децата. Ама мало дете не иде предвид во никој случај. Од мене големо не.
Ама за која возраст станува збор? Дискусијата на инстаграм беше започната за дете што не знае да одговори на слушалка.