1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оставање на детето само дома

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 15 декември 2019.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.766
    Пол:
    Женски
    Ја следам мајкава како и повеќето мајки кои споделуваат делови од секојдневието на нивните деца, ама ќе бидам искрена бев фрапирана од овој пост, и пишав и коментар. За мене искрено беше застрашувачки фактот ја оставам Марта сама дома од пред 1 година, а од кога да ја остава, пред 1 година Марта имала 6м, зар на 2м би оставила мало бебе...

    Мене ми се случи синко да поврати додека лежеше на грб и за 3 секунди да почне да се гуши, на 2м, кога реалноста е дека ќе направи нешто сведена на нула. На 4м го најдов смрзнат целиот, мраз ладен, од нигде никаде, ама она морничаво ладен како камен, а лето, ако не го земев да го згреам на себе во ќебе свиткан не сакам да размислувам што ќе се десеше. На 6 месеци го најдов со ќебето преку глава ставено, пред 5мин го имав проверено се беше ок. Сите овие работи се причини за SIDS. Откако почна да разбира почна да прави веќе и поголеми бељи го најдов со главата надоле паднат меѓу ѕидот и гарнитурата додека јас готвев, сва среќа го слушнав кога писна. Не одеше сеуште кога се преврте преку препреката која ја имав оставено да не влага да отвара фиоки во кујна. На година ипол сам се откопча и излезе од хранилка, го фатив додека внимателно се симнуваше и бараше кај да ја стави ногата, нормално дека хранилката беше спакувана и тргната инстант. На 2ипол години ми падна од креветче директно на глава, а бев на 3м од него, да не бев таму, да се случеше нешто, немаше да си простам никогаш. Летоска го најдов надвор кај колата, сва среќа кај колата отишол пошто зборевме дека ќе одиме со кола на шетање, што ако опраел преку улица кај баба му, нашата улица е една од пофрекфентните во населба, се шиба по неа без да се сопре и паралелно се гледа у телефон па пред 2 години удрија дете, а сега откако ја средија знак прашање е кога пак ќе удрат.

    Во дете нема верба, нема ни самодоверба, дете знае да направи нешто што никогаш не направило и да ве остави во прашалници. Има 1001 Што ако се случи?! во приказнава, премногу ризик за никаков бенефит, за едно куче кое може ако сака и у дневна да ми се измоча па баш ми е гајле, додека не се створат услови не го изнесувам. Или што вика Дани ако не ми е кадарен газот не чувам куче, не е тоа побитно од детето сигурно. Како што кажав, ја пратам мајката, Марта и е прилично пргава, се качува, фрла, скока, прави бељи, става во уста се и сешто, а има само година ипол-две, сама, со храна, со ситни играчки, со мебел на кој може лесно да се качи, не е за оставање па колку сака нека објаснува Мери.

    Не мора да си правиме црни сценарија сами во главата, доволно е да бидеме реални и да признаеме дека дете ма какво дете, тоа е бебе, од годинаипол не е за оставање само. Сестра ми на свои 9 години ме има мене пикнато во замрзнувач за да ги изненадиме мајка ми и татко ми, сва среќа и текнало дека ќе умрам и сва среќа бил исклучен замрзнувачот, иначе... Не значи дека на 9 е мало, значи дека и на таа возраст може сешто да им текне. И јас сама сум си одела, ама сама пред 28 години и сама сега не е исто, сама во мал град во провинција и сама во Скопје не е исто ни сега ни тогаш, како сакате свртете, не е исто и не може да се генерализира.

    Дете од 5-6 години е едно дете од 1-5 години е друго.
     
    На M&M, marchi-cool, sanji4444 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Многу нејасна е мајкава што го оставила девојчето само дома :^) Во еден пост пишува колку е пргава и темпераментна, какви палавштини има правено, а во другиот пост со сигурност тврди дека е доволно спремна да ја остави сама на нејзини дури 1,5 години :| Не знам, може јас имам проблем да најдам логика во сево ова :^) По нејзини стандарди, јас од секогаш сум можела малиот да го оставам сам, на кратко де :| Никогаш не пикал сѐ и сешто во уста, до ден денес не се пентари и качува по мебел, не отвара и не чепка по фиоки, си игра со играчките, гледа тв, си црта и си бои.......Спремен е за седење сам дома кога е болен нели, што ќе му е некој од нас родителите :D Се шалам нормално.
    Никогаш не сум го оставила сам, не сум ни помислила на тоа. Знам дека за брзо време може и ќе дојде време за тоа, ама некако не го осеќам конкретно дека е спремен за такво нешто.

    Инаку, да, на Запад општеството е така направено за да ги натера родителите да ги осамостојат децата прилично рано. Како пример само, во случај на настинка или вирус, ако детето е над 12 години, родителот нема право да користи денови кога детето е болно кои му следуваат претходно додека е помало. Мора да смисли некој друг начин ако веќе сака да остане дома со болното дете. Наведено си е прецизно дека дете на 12 годишна возраст може да се грижи само за себе кога има обична настинка и вирус. Овде се исклучени случаите кога се работи за нешто посериозно, нормално, тоа е сосема друг случај.
     
    На M&M, Rama, oblace1 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Женскава од Инста бара "одобрение" од останатите или си се правда сама пред себе си?!? :^)
    Неможам да ја следам дискусијата зашто немам Инстаграм, ама дефинитивно не е нешто за самопромоција. Да, она се снаоѓа како може и умее бидејќи е сама, но да наметнува такво однесување мене ми е неприфатливо.
    И јас сум била во ситуација да бидам без леб и млеко, па 2-3 пати претрчав до дуќанот што е на 2мин од мене. Тогаш големата имаше 3 год и си гледаше цртани, ѝ кажав дека ќе се вратам многу бргу. Првите два пати поминавме Ок, но веќе третиот пат не ме изрегистрирала што сум ѝ кажала и кога се вратив ја најдов уплакана. Се уплашила дека ме нема. Тоа беше последен пат да ја оставам. Сега веќе кога се две, во никој случај.

    Незнам како ќе биде понатаму, зависи од децата. Пријателка има искуство со нивна наставничка која ги поттикнувала родителите да ги осамостојат децата и да им дадат клуч од дома сами да се враќаат од училиште. Децата се трето одделение. Можеби не е иста тематиката, но сепак поврзана е. Незнам како би постапувала понатаму, пак ќе кажам, зависи од детето и од возраста.
     
    На M&M, mariz, Rama и 10 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.102
    Ние сме се враќале сами, ама не знам дали јас претерувам и некако се' поопасно ми се чини, или навистина е поопасно.

    Најстрашни се несовесни возачи, секое сабајле возам пред 2 основни училишта накај работа, што е тоа некој на пешачки да им застане на децана. Па ако им застанеш ти свират.
    Или има и такви "умни" по тротоар што возат.

    Џабе детето ќе го научиш и лево - десно да гледа, и се', кога од возрасни кретени ќе настрада.
     
    На M&M, senjorita-v, Herrera и 9 други им се допаѓа ова.
  5. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Од една страна, вистина е, секој си го знае темпераментот на своето дете, не се сите исти. Но, на толку мала возраст ништо не е сигурно, ниту пак темпераментот е постојан.

    Повеќе ми падна во очи тоа што многу пишале дека дете од 10-12 години едвај го оставаат само на 5 минутки, што мислам дека е претерано. На таа возраст веќе поголем удел има домашното воспитување што вие како родител го применувате одошто темпераментот на детето.

    Сум била оставана сама од 5-6 години, по цел ден додека моите се на работа и најстрашната работа која ми паднала на памет да ја направам е да се јавам во 'Изи-Мизи' по телефон и да играм во живо.

    Од 10-11 веќе помагав со домашните обврски додека моите беа на работа (чистење по дома), знаев да си направам за јадење, а постепено во следните неколку години почнав и да им спремам ручек на моите понекогаш, никој не ме терал со сила, сум сакала да научам. Не е битно каков ќе испадне ручекот де, битно знам дека шпоретот ќе го исклучам на крај.

    Доколку дете од +10 години не е свесно за тоа што е опасно по неговиот живот, до тој степен за да се потресувате да го оставите само дома, мислам дека е ваша грешка.
     
    На Dadusicka, SummerGirl, Stressed Out и 6 други им се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    20.852
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден се расправав на фб за нешто слично, некоја мачка на бебе му одземала живот, бебето било надвор и мачката седела на лицето на бебето и тоа се задушило :!: нормално крива мачката, тоа животно неможе да се брани, неможев да се воздржам па коментирав, а каде била мајката??? Бебе оставено надвор во двор, само па се може да му се случи, можело и змија да го касни, Каде била мајката???? Зошто го оставила само бебето??? Тука е крива Мајката и само мајката (facepalm)
    Слична ми беше приказнава сакав да пишам, те цитирав бидејќи целосно ти го поддржувам постов. Во ораво си за се. Бебе или дете не се остава само без надзор од возрасен.
    Др случај, имам едно внуче 12 години е, иди кај нас за да си игра со синко кој сега е 1 година, 2 минути неможиш да ги оставиш сами, ако е 12 години, не внимава на ситници или ќе се загледа во тел и синко се удрил или др нешто се случило, еднаш го ставаше во дубак, кога писна бебево, што му е како му е, ко го слеков кога видов една гребаница на бутчето 10см :^) имаше на дубакот една пластика излезено, ние знаеме кај е ама таа не, а ако и речиш не ова она се лути се вреѓа....забегав со муаветов, ама мислам дека не сум оффф
    Мери ја заследив и ја отследив, не ми се допадна, само толку ќе речам.
    @vaga95 и ти си во право
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.253
    Допаѓања:
    166.119
    Да не фаќам кусур ама...
    Дубаци не се препорачани од педијатрите во 21 век. Кај сам по себе небезбеден, па уште и дополнително небезбеден (пукнат ли, што ли).
    Секој оштетен производ е небезбеден за користење. Оштетен детски производ фаќа правец канта. Цуцлите се контролираат да не се оштетени пред секоја употреба.
    Многу едноставни правила за минимизирање на ризик.
     
    На sofi2107, candy.cane, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    20.852
    Пол:
    Женски
    (fingers) знам се, но ете користев еден период, сепак фала :)
     
  9. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.834
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав... јас со отворена врата мочам и го седнувам на видик да ми е а не па да го оставам и да пазарам8-| и моево не чини,ама нејзиното па ич.:shake:
     
    На marchi-cool, mariz, Coco31 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Да резимираме... Сигурно не е единствена ама таа го стави тоа на инста, а другите го прават тоа ама не ставаат на инста.
    Не поддржувам воопшто. За кучето да се прошета. Ма или и дете и куче надвор или нИкој.
    Како што пиша некој погоре за на мочање ги земам со мене не па да одам некаде.
    Еве кога спијат, раат кафе немам пиено зашто на 2 мин одам и ѕиркам да не се угуши некое, да не плаче, да не падне...
    Се на се, она си е одговорна за своето дете. Ако е толку 'сигурна', во 1 и пол годишно, нека продолжи, шо да кажам друго.
     
    На lackygirl, green.eyes и Elenpelen им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.766
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е претерување 10-12г ама на 7г е способно тоталка и само да поседи и да излезе до видик на родители. Внука ми која има попреченост во растот и развојот, порасна доцна, па на 9г почна сама да оди во школо, кај и да е и сама ќе си седи после школо. Ама на годинаипол, ма дај. Го имам оставено 2-3 пати дур спиел до пред врата да земам пратка или да земам од бавча во двор нешто, 30сек, најчесто спиел, на поише тоа е 3мин до дуќан ако спиел со оставен тел до него и вклучена апликација бејби кам да пратам. Знам мајки кои оставаат, дури и дете со тт, јас не би можела.
     
    На M&M, Elenpelen, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Ме заинтересира да проверам како е регулирано и во Германија. Официјално нема пропишано со закон до кога не смееш да оставиш дете само се остава на совеста на родителот. Но, ако му се случи нешто на детето има високи казни за негрижа.
    Некои насоки дадени се дете од 4 години 15/20 минути може да се остави во својата соба осигурано од сите ризици и родителите да бидат дома.
    Од седум години може два саати да се остави дома со напомена дека најбитно е детето да е спремно на тој чекор и дека секое дете е различно.
    Друга препорака нема освен дека некои прв пат ги оставиле на 16 години што не е во ред.
    Се е некаде измеѓу овие бројки.
     
    На M&M, mariz, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    Најмногу ми забоде очи колку црни сценарија си правите,не е добро ич и се надевам овие мисли и фобии не им ги пренесувате на децата.
     
    На Tri_Bubacki, candy.cane и lackygirl им се допаѓа ова.
  14. Tri_Bubacki

    Tri_Bubacki Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Реалноста е тоа.
     
    На marchi-cool, Chanell* и candy.cane им се допаѓа ова.
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    Луѓе не осудувајте без да знаете нечии причини. Ова се однесува на тие што не ви е јасно како родители не ги оставаат децата сами на 8 или 10 години. Не секогаш е причина не способност на детето, јас бев една од мајките а можеби и единствена што пиша дека прв пат ја оставив керка ми сама на 10/11 години, и тоа не беше оти ми беше страв дека ќе брцне во штекер или ќе ја запале куќата |( Јас верував и верувам во своето дете но не и верував на околината.
    Нај страшно беше што до нејзината 8ма година живеевме во куќа (различен спрат) каде што имавме домашен криминалец, нема да навлегувам во детали а нема ни потреба.
    И како да верувам во некој што живее преку улица кога прво немам доверба во домашните.

    Не ми се јасни ни споредбите од типот на "ех јас на 6г. одев сама на училиште" или " мене на 4г. ме оставале сама дома па еве ништо не ми е "
    Не правете споредби, сите живееме во различни средини или не е исто пред 10-15г и сега.
     
    Последна измена: 18 декември 2019
    На M&M, marchi-cool, lackygirl и 12 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.766
    Пол:
    Женски
    Не мора да им пренесуваш на децата, таа е реалноста. Ако не се плашам автоматски ризикот не е помал. Јас н детето ниеден страв не му го презентирам ама во себе вријам. Мене ми падна дете на 3м од мене, од 1.20 висина директ на глава, од позиција и место кое е прилично сигурно, е сега богами ич не сум лајт. Што ако не бев дома да изреагирам одма, ќе се уплашеше дополнително.

    Никој овде не го спомна а постои е факт, голем број возрасни го носат со себе стравот од напуштање кој може да се воспостави и токму од вакви мали моменти на кои ние не сме присутни. Доволно е да го оставиш детето на 5мин а тоа во тој период да се штипне со некоја играчка и во моментот кога нема да добие утешителна прегратка и нема да ја има мама во близина, за цел живот останува тој страв. Бебето кога се буди првите месеци плаче бидејќи сиот негов свет не се наоѓа пред него во моментот (мама) а оваа мајка во тие моменти не била таму, кажува дека од 5-6м ја оставала малата. Има деца кои не реагираат, ама има деца кои итекако реагираат. Емоционалниот развој е подеднакво важен.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Еве ја мојата, со траума...
    Беше кај баба и, на кратко ја оставивме, старата баба(на мм бабата) паднала, дете се уплашило, мене ме немало. Баба не успеала да ја смири, а не ме ни викнала мене...
    2 недели дете не сака кај баба и дедо и не сака ни да дојдат. Вришти кога ќе ги види.
    Ете не е хорор сценарио, ама доволно е за да се исплаши дете.
    Мали се...
    Па и јас на 31 година знам да се уплашам, па да ми е страв да седам дома сама.
    Ама дете-бебе, не знае како само да се справи со стравот.
     
    На M&M, marchi-cool, lackygirl и 7 други им се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.674
    Пол:
    Женски
    Син ми е 4ипол и еве вчера си го фати прстот на еден камион и јас едвај го одглавив делот... јас во кујна он почна да вришти, 10сек само маката беше да го извадиме и имаше и рана од што влечел од страв, солзи до колена, изваден од памет плус. А да беше сам? Плус еднаш ме праша дали можел од тераса да се симнел доле (нема скали терасата :worried: ), уств да рипнел зашто не му изгледало многу високо. Не ми доаѓа на памет сам да го оставам. Плус што отвара прозори и се потпира на мрежи, иако 200 пати сум му рекла дека не се безбедни и може да се скинат. Плус мали љубопитни, баш кога ке те нема ке проба да направи нешто што му забрануваш. Чим сега на 5 скоро не ми текнува сам да го оставам, сиг до кај 6,7 нема. Времето ке покаже. Ама бебе, тодлерче од 2г, на крај памет не ми текнало. Еве @Kitten беше скоро до кај мене да земе нешто и до подрум бевме, ги земав и двајцата со мене. Раб од 5мин беше, синчето се качи горе 2мин пред да влезам јас, а малата со мене у раце. И не е претерување ова, мали се и не се сигурни сами ни 5мин.

    А за видеото со она пајачето играчка во уста кое го има Марта немам коментар :x Абе нема да дозволам да го доближи до уста, а не да го лапне. Па уште моб земала и снима... многу интересна ситуација :envy:
     
    На green.eyes, Kitten, M&M и 9 други им се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Чудно ми е како гордо си пишала дека ја остава и пред да наполни година сама. Е сега да осудиме не е правилно, секој со свои потреби ама ако треба нема леб да јадам ама нема да оставам бебе само за да појдам до продавница. Големиот синко до 4 години со мене во вц одеше. Кога заодев на работа прво мм го чуваше,кога заоде тој на работа синко имаше 4ипол години,сам беше само кога спиеше,знаеше дека кога ќе стсне треба да се качи горе кај моите за да појадува. Работното време 6ипол сати ми беше па бидејќи и блиску беше до куќата кај што живеевме сестра ми ќе го донесеше па седевме заедно. Еднаш наместо да појде годе кај моите тој си станал си се облекол и си тргнал сам да иде кај мене на работа. Среќа па нема улици со голема фрекфенција туку само еден подолг сокак,па еден од комшиите кога го видел сам го застанал го замуабетил и после го донесе. Прецркав тогаш. Од тогаш го будев го земав со мене на работа седеше некое време па сестра ми го земаше за ручек и го легнуваше да преспие. Не преспиваше од година ипол ама морав да го заучам зашто ете немаше друго чаре. Па додека се наспие јас веќе бев вратена од работа. Набрзо после тоа напуштив работа. Кога имаше 5ипол години одев на работно место подалеку и не смееше да иде. Најтешко ми беше кога ќе бевме со мм иста смена. Па сум барала боледување така на црно без потреба па сум земала денови од одмор... Ама дете само не. Душа ми излагаше и на 6ипол години кога заминав да се породам мада знаев не е сам. Сега со бебчето 4 месеци од дома немам мрднато. Во вц одам со количка а за во продавница татко ми и мм одат. Еднаш само до аптека бев по памперс ама аптеката до куќа ни е и со бебе завиткано во раце. До продавница имам неколку пати појдено ама ќе викнам татко ми или сестра ми да поседат или големиот синко ќе го надгледува ама со него го оставам само ко ќе спие и трчам буквално ако продавниците ни се преку улица.
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Прво е битно, колкаво е детето.
    Вака измешано.. 2 години, 5, 10, 15, се дебатира многу расплинето.
    Едно е на 2 години, друго на 5, трето на 10, четврто на 15.
     
    На fana, Spidy, duffi и 12 други им се допаѓа ова.