Апсолутно против, и за конкретниот пример за мајката од инста.. Во дете доберба никогаш немајте На таа возраст дете не се остава само, моето е на иста возраст отприлика, пред мои очи ср качува на кревет, маса... Да ес само ќе падне... А посебно ми е идиотска причината за што го остава само... За да шета куче!!! И не е оправфждување тоа што е сама, јас сум по 6 месеци сама сопругот вп странство работи, пазарам сама со дете, се бањам со дете во вц се правам ама детето е пред мои очи
Ја разгледав дискусијата, искрено, каква храброст има таа мајка што остава само дете во хранилка и оди до продавница. Колку и да е блиску продавницата, толку малку треба за беља. Особено на деца до 4-5 години, па и поголеми. Моиве деца нема да бидат сами дома додека се живи стариве. Исто и јас сум пораснала, со баба и дедо, никогаш не сум била оставана сама. Се ставам во кожа на мајките кои немаат кој да им ги причува децата, ама не оправдувам оставање дете само во куќа за подолг временски период. Моиве сами знаат да бидат во соба, ама си играат убаво, не морам да ги контролирам. Ако слушнам дека викаат, ќе изреагирам, или ќе поседам со нив. Ама сами дома, за да одам да завршам некоја обврска, не. Големиот ми е осум години, не би го оставила сам. Плашлив е како прво, и воопшто не сака да биде сам, постојано бара друштво. Веројатно тоа понатака ќе се промени. Малото е мало, не е за само оставање ич. Ако е нешто неодложно, би ги носела со мене, немам кој да викнам да ги причува. Си велам дека голема предност ми е што старите се со нас, бар и за тоа да не ги мислам децата. И најмирното дете може да се повреди, секунда невнимание е потребна за да се случи нешто лошо.
Нејзина работа, ако си го познава детето, ако е загледано во телевизор или спие или е во релаксатор или стабилно столче за хранење, ако нема околу него нешто што може да се повреди, ако многу ретко го остава итн итн, нема што нас да не интересира. На 8 или 10 години не го оставале само на 10тина минути
Никако не оправдувам оставање само дете, никако, особено па толку мало. Ни се има случено со мм пред наши очи да падне и расцепи уста дете, не па сама да ја оставам Плус, знам и дека ќе плаче, не сака да е сама и ќе не’ бара Кога ќе има околу 9-10 години може да размислувам на темава. Се сеќавам и мене тогаш првпат почнаа моите да ме оставаат дома сама на кратко, и памтам дека ептен ми беше страв и едвај чекав да си дојдат Нема изговор едноставно, ниедна причина не е доволно добра за да ја оставам сама макар на 5 мин. додека не е доволно зрела за тоа.
Ја имам оставано сама, за да одам до продавница. Искрено, не се ни сеќавам на ова, ама таа памти, и баш сега зборевме. За два пати се сеќавала, и тоа едниот пат сум ја оставила скоро половина час (според нејзиното видување). Имаше 4-5 години.
Точно дека нема нас што да не интересира. И не ме интересира лично за никого. Ама 'влијателна' на инстаграм не треба да си дозволи да тера ваква 'мода' меѓу мајки. Башка што, како што има во коментарите подоле - за вакво нешто би ти го одзеле детето од социјалните служби.
Кои социјални служби, не ги одземаат децата од агресивни родители со пороци, ќе ти го одземат оти си отишла до продавница преку улица на 5 минути.
Ima 3 deca 8,6 i 3ipol do kolku pogolemkite se doma go ostavam malovo da idam do prodavnica, ama ako se vo skolo ne mi paga na pamet da mu izbegam i da zaminam.. Na brzinka Kolku i da e ladno ili da vrne si go zimam so mene
Мене искрено ме оставале сама дома, па дури и до еден саат, а сега гледам сестра ми ги остава нејзините бидејќи понекогаш мора да излезе да заврши работа, а нема кој да ги причува. Имаат 6 и 8 години, знаат да зборат и да пишат на телефон, да си земат храна, пуштат телевизор итн. Не сметам дека е ништо страшно искрено, се разбира зависи од децата, но нејзините се мирни. На крај краева несреќа може да се деси и додека сами отишле до тоалет, или пак во друга соба.
Јас од прво одделение останував сама по неколку саати секојдневно додека да си дојдат моите од работа, или додека отидам во школо. (коа бев втора смена)
Многу деца така живеат.. Ние со баба бевме, ама скоро сите другарчиња што ги имав, обавезно беа со клуч околу вратот.