Во контекст на муабетот, вчера сестра ми ја вози во количка внука ми, и нормално Винтерленд и имаше гужва во 17ч на плоштад. Еден момент сестра ми, ми се обраќа "леле во количка е пред мене, а некако далеку ми стои, ај да ја земеме во раце". Ова за со нас кога е, не па сама да ја остави. Како што е брзопотезна, во секоја секунда може да се повреди, а не пак 15мин.страшно
Поголема глупост немам прочитано. Па и се објаснува колку е напредно и сигурно детето. Срамота. да сум на нејзино место сместа ќе го избришам тоа и ќе си го гледам повеќе детето. Ние све сме со помош по дома па немаме потреба од само оставање на дете,бре бре И сум јадела и готвела и у тоалет со бебето во раце. Мизерија Недај боже,недај, да се деси нешто нека си го чита глупавиот пост.
Не би ја судела инфлуесеркава,би рекла дека е храбра,јас немав храброст да оставам толку мало дете само. Сметам дека дете од школска возраст 7+ може и треба да почне да се остава само. Постепено,прво по 5 мин ,па 10 ,со кратки и јасни насоки,бидејќи и оставањето само дома е учење. Без насоки со плашење од се што може да се случи и втерување страв во коски од се. Детето не смее да го сфати домот како место каде може да се случи некое страшно сценарио. Напротив,да се чувствува сигурно и безбедно. Да не се заплашува од се и сешто. Генерално претеруваме ,го пренесуваме сопствениот страв на нив. Се сеќавам на својот параноичен страв од балкони, па не дозволував бабите да ги чуваат на тераса. Затоа имаме генерации кои на 9 год.не знаат врвци на патики да врзат или спијат до 13 год.со мама. Од друга страна лицемерно е мајки кои од раѓање оставаат деца сами да спијат во друга соба,да и судат,бидејќи несреќа исто може да се случи ,а да не приметат.
Секој родител си го познава детето, ваљда не е будала да го остави само на пола саат или на 15 мин познавајќи му го темпераментот. Мои блиски имаат две деца, машко и женско. Машкото 5 секунди да не го глеаш ќе направи некоја глупост а не да го оставиш само дома. Женското 2 дена само да биде дома нема гајле, нахрани го и си спие по цел ден. Така да не осудувајте непотребно мајцицки низедни.
Извини, ама... Дете од годинка, две нема развиено самоконтрола доволно, ниту пак има разбирање за последици. Ако му се види нешто интересно ќе го направи, не мислејќи при тоа дека може да ја скрши главата. За мало дете станува збор во постот, не за десет години дете.
Сигурно не го остава така на нозе и заминува. Успат со заборавен нож на маса и жежок чај. Се остава врзано во столче, транспортер, креветче...
Па за мало дете збориме, ако е мирно го ставаш у креветче и одиш да прошеташ куче 10 минути, ако е палаво ќе најдеш друго чаре.
Ептен сум против, поголемата ќерка ми е 12 години и мислам прв пат ја оставив сама дома на 11 години. Овде и законски е забрането да се оставаат деца сами дома до 12 години. Мислам добро би било да има ваков закон и кај нас,се разбира ако го нема веќе.
Тука муабетот е за 5 или 10 минути на одредена возраст. Законот е различен за различна возраст. Колку е за 12 годишно дете? Сигурно не саат или 2 туку отприлика 10 тина часа.
Ако не си прочитал го остава во дневна, затвара другите врати за да не влезе негде и му дава да јаде. Знаеш ли прво колку е лесно да се задави мало дете? Секунди се во прашање. А не па 15 минути да го оставиш само. Не дај боже, ама малку треба. Знам, зашто ќе беше за малку да не реагирав брзо. Нема оправдување толку мало дете да се остава само, ниту пак треба да се вика дека е океј и да се храбрат мајките да си ги јачале децата. Или да се навредуваат дека биле мајцицки ако не поддржуваат вакво нешто. Малку треба за беља, а цел живот потоа готово, толку е. Дали мислиш дека вреди ризикот? Едит, постот од инста е ставен во спојлер на претходната страница од @TeddyGrey
Како ќе знае кога ти ја отвори темата само со -го оставила своето дете на 10 минути да тркне до продавница. Сега после 10 страни може ќе дознаеме и дека кикиритки му оставила за јадење.
За 12 годишни е до 3 часа и тоа само преку ден. Зборувам за во Америка конкретно за во државата каде што живеам.
Јас оставам дете само од 4-5 години. Живееме сами, претходно во стан, сега во куќа. Не сакаше да доаѓа до дуќан и сам бараше да седи дома. Ќе го оставам, ќе заклулам и ќе му пуштам цртан. Сега има 6. Кога сака го оставам дома сам и идам до дуќан. Некогаш прави на месенџер со мајка ми муабет. Релативно кратко го оставам, најмногу половина час. Веќе си игра и сам на улица пред куќа. Низ улицата минуваат автомобили, дете се учи да се пази, јас повремено излегувам да го видам. Претрувате со таа прететана контрола. Дете до 10 години не требало само да останува ми е премногу. Морате да им дозволете да станат самостојни и независни и да знаат да се пазат.
Во Америка секоја држава си има различни закони, јас знам за 12 годишно дете повеќе од 12 часа. Толку. Зависи веројатно и каде сте, стапка на криминал и слично, нема да ја земам некоја држава во САД за репер и да се потресувам ако живеам во мало место пример каде последно се случил криминал пред 50 години.
Ова е стварно доста строго но сепак верувам дека постои причина зошто е така законот. А надвор ? Ако дома можат да бидат 3 часа сами,надвор колку можат да играат со деца без надзор?